Во прилепскиот регион константен е проблемот со малолетнички бракови

Останува проблемот со малолетничките бракови во Прилеп и општините Кривогаштани и Долнени, а целата заедница треба да ги зајакне превентивните мерки.

Иако бројките на регистрирани малолетнички бракови последните три години се исти, секоја година по 10 малолетнички брака, голем е проблемот што не се знае колкав број малолетници живеат во вонбрачна заедница, смета Јасминка Митреска, социјален работник, раководител на служба за социјална заштита при Центарот за социјални работи во Прилеп.

Анализирајќи ги состојбите, вели таа, оние што склучиле малолетнички брак од муслиманската националност немаат завршено деветто одделение, а оние од ромската националност немаат ниту почнато образование.

- Во нашава и уште во другите две општини, Кривогаштани и Долнени, последниве три години бројот е константен. Единствено што се менува за малолетничките бракови е според националноста. Во 2022 и во 2023 година, 70 насто од малолетничките бракови се од муслиманската националност, додека, пак, оваа година 60 насто се од ромската националност, вели Митреска.

Според законот, во брак може да стапат малолетници од 16 години, но покрај сета документација, треба да имаат и согласност од родителите. Во Центарот советодавно работи тим од социјален работник, психолог, педагог и правник. За состојбата со малолетничките бракови, Митреска како главна причина го посочува семејството.

- За оваа појава сметаме дека родителите се недоволно насочени кон децата дома. Се преокупирани, можеби, по други обврски, по работа, обезбедување егзистенција и не обрнуваат доволно внимание каде им се децата, што прават во слободното време, дали се на училиште. Пред сѐ, сите проблеми почнуваат од семејството. Анализирајќи ги состојбите, оние што склучиле малолетнички брак од муслиманската националност немаат завршено деветто одделение, а оние од ромската националност немаат ниту почнато образование. Тоа се огромни пропусти зашто кај нас се задолжителни и основното и средното образование, објаснува Митреска.

Потребно е превентивно да се делува. Во реоните каде има малолетнички бракови, но и на вонбрачни малолетнички заедници, а некаде веќе имаат родено и дете, треба да се организираат трибини, да се делат флаери, во училиштата да се посочува значењето на образованието.

-Но, останува ситуацијата дека родителите кои потпишале согласност за малолетнички брак, никаде не одговараат и никој не ги повикува пред законот. Малолетниците Центарот ги води како деца во ризик и преземаме мерки за помош и заштита, вели социјалниот работник Јасминка Митреска.

Директорката на прилепското средно училиште Жанета Видевска признава дека се соочуваат со проблемот малолетнички бракови. Но, нема ефекти советувањето кај оние кои решиле да го сторат тоа.

- Многу често се случува малолетни ученички во средното училиште „Ѓорче Петров“, како во нашето така и во другите училишта, да влезат во малолетнички бракови пред полнолество. Реагираат родителите, пријавуваме во Центарот за социјални работи, пријавуваме и во МВР кои ја преземаат работата. Но, за да ги спречиме малолетничките бракови, често организираме работилници. Вклучени се професорите, педагошко-психолошката служба. Ученичките се повикувани на разговор, се советувани, но за жал, речиси никогаш не наидуваме на разбирање и го прават тоа што го наумиле, вели Видевска.

За зголемување на појавата, од својата непосредна работа со учениците говори Билјана Тинтоска, професорка во средното училиште „Ѓорче Петров“

-Во генерацијата каде предавам, и во прва и во втора, па и во трета година се случи девојчиња да се омажат. Бројките се зголемуваат, вели Тинтоска.

Средношколката Исидора Николски од училиштето „Ѓорче Петров“ вели дека нејзина другарка уште на 13 години се омажила.

- Мојата другарка од основно, уште на 13 години се омажи. Нејзините родители ја омажија во Битола за 24 годишно момче. Таа потоа роди дете, но по една година се разведе, ама поради тоа што е малолетна, има проблеми со старателството врз детето. Ова е тажна приказна и се надевам ќе се сфатат последиците од малолетничките бракови, вели средношколката Николоски.

Според Светската здравствена организација, секојдневно околу 39.000 млади девојки ширум светот се мажат пред да наполнат полнолетство. Повеќе од една третина од нив се помлади од 15 години. /МИА.

Под Смоларскиот водопад се одржа традиционалната „Костенијада“

 Денеска на платото под Смоларскиот водопад се одржа 13. „Костенијада-Фестивал смоларскиот костен“ во чест на овој плод од планината Беласица. 

На манифестацијата присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски и голем број гости од Општина Ново Село и околните општини.

Според градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов со манифестацијата се промовира костенот кој расте на планината Беласица.

- Оваа стара грамадна планина дава убави дарови од природата. Имаме посетитили од нашата општина, од соседните, но и од регионот. Горд сум што можам да кажам дека оваа манифестација од година во година се повеќе е посетена и ги претставуваме нашите традиционални јадења преку изработки од локалното население, но може да се вкусат и убави костени, рече Божинов.

Споре премиерот Мицкоски, вакви настани можат да влијаат на развојот на руралниот туризам.

- Ете, јас со своето присуство само покажувам колкава е поддршката од страна на Владата, посебно на овие настани и ги охрабрувам вака да продолжат, но и воедно за мене претставува можност заедно со градоначалникот на Општина Ново Село, заедно со градоначалникот на Општина Босилово и останатите што се тука присутни градоначалници од општините да разговарам и за оној проект којшто го туркаме како Влада, којшто заврши. Следната недела веќе ќе имаме и официјализирање, потпишување на договори, колку проекти ќе почнат со реализација, колку проекти за следната година ќе имаме, едногласно и двајцата градоначалници и на Босилово и Ново Село кажаа дека овој проект е многу значаен за развој на овие општини. Од страна на Владата јас можам да кажам дека парите од унгарскиот заем се веќе на сметка на Народната банка, имаме половина милијарда стигната и почнуваме да работиме и испорачуваме она што го очекуваат граѓаните од нас, рече Мицкоски.

Манифестацијата традиционално ја орагнизира Општина Ново Село, а е финансиски поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Се одржа и богата забавна програма на која настапија играорците на КУД „Јане Сандански“ од Ново Село и пејачката Андријана Јаневска, а средствата што ќе се соберат од продажбата на печени костени ќе одат за КУД „Јане Сандански“ за набавка на нова народна носија и потребни реквизити.

Во ГОБ 8 септември во просторија за преглед починала 43 годишна жена

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје било пријавено дека кај нив во Ургентниот центар, додека била во просторија за преглед, починала М.С.(43) од скопското село Љуботен.

Лекар ја констатирал смртта без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.

Суарез преговара за нов договор со Интер Мајами

Напаѓачот на Интер Мајами - Луис Суарез, се чувствува одлично во клубот и затоа сака да потпише нов договор. Актуелниот договор на Уругваецот истекува на крајот на календарската 2024 година, но Суарез сака да остане и после тоа.

- Знам дека мојот адвокат разговара со клубот, но со мир на умот, ќе ја завршам сезоната. Тоа е одлука на клубот, но што се однесува до мене, со задоволство ќе останам, изјави Суарез, цитиран од „Атлетик“.

Триесет и седум годишниот фудбалер потпиша со клубот од Флорида во јануари 2024 година, откако претходно играше за Гремио.

Со Интер Мајами, каде што е соиграч со неговиот добар пријател Лионел Меси, Суарез има 22 гола и 10 асистенции на 33 натпревари во сите натпреварувања.

притисни ентер