Едукативни настани во Скопје за превенција и лекување на ракот на дојка

Раната превенција е клучна во третманот и исходот на болеста рак на дојка. 

Ова денеска го потврди Д-р Гордана Петковска од Универзитетската клиника за Радиотерапија и Онкологија, која нагласи дека старосната граница на заболени од канцер се повеќе опаѓа, а во онколошките амбуланти секојдневно се појавуват нови дијагностицирани пациенти.

Тереза Балаловска преку самопреглед пред пет години забележала дека нешто не е во ред со нејзината дојка, додека на Колева Анжелика ракот на дојка и бил дијагностициран на редовен шестмесечен преглед. На двете, дијагнозата во рана фаза им го спасила животот.

Настанот во организација на здружението ХЕМА- ОНКО, кој денеска се организираше за подигнување на свеста за ракот на дојката го поддржа и претседателката Гордана Силјановска- Давкова. Рече, како пратеничка жените ги поддржувала во собранието, а ако треба и радикално ќе ги поддржи со протести на улица.

Доктор Маја Јакимовска Димитровска од Клиниката за радиологија ги повика сите жени од 40 до 69 години на направат редовен скрининг. Нагласува дека скрининг програмата два пати годишно претрпува измени со цел да биде во тек со програмите од другите држави.

Онколошките пациентки денеска побараа и проширување на позитивната листа на лекови, со што онколошката терапија ќе биде достапна за сите пациентки од Македонија.

Скопското кале пропаѓа, а навечер е невидливо поради расипаното осветлување

Без никакво обележување и со искршени столици и клупи. Ваква е сликата пред влезот на скопското Кале, симболот на главниот град.

Внатрешноста на Калето пак е приказна за себе. Ѓубре на сите страни, корпи за отпадоци покриени со ќерамиди, неискосена трева, градежен шут. Непристојна слика која ја покажува нашата култура, но и грижата на институциите за тврдината која датира од 6. Век. Навечер пак мракот целосно го голта калето, и за разлика од порано сега тоа е сосема невидливо.

Дел од туристите кои ги затекнавме пред влезот, со позитивни импресии од калето но и со големи критики за оджувањето. Велат - убава тврдина со неверојатна глетка кон Скопје, но зошто е се толку запуштено?

- Убава тврдина. Но, има многу ѓубре. Тоа не е убаво.

- Во добра состојба е, со оглед на околностите во Скопје. Не е опасно, има прекрасен поглед кон Скопје и можете да уживате. Ако го споредите со тврдините во европските градови, очигледно е дека има уште многу да се направи. Не можам да очекувам тука и во Берлин да биде исто.

- Релативно е добро, но не е перфектно

- Погледот е многу добар, но средувањето на ѓубрето може да биде подобро. - Мислам дека е доволно чисто, но нема знаци кои ќе кажат што е што.

Решавање на ваквите проблеми со кои се соочува Калето најави министерот за култура, Зоран Љутков.

ОБЈАВИ дека за ревитализацијата на Калето е формирана комисија, и дека се обезбедени пари од Управата за заштита на културно наследство. А токму од Управата ни рекоа дека …

Затворена скопската зоолошка градина поради птичји грип

Наместо полно плато со дечиња во редица кои исчекуваат да влезат и да ги видат животните, денеска граѓаните налетаа на затворена врата каде што ги пречека ова известување кое што вели поради техничко оперативни работи  дека зоолошката не работи

А, позади затворената врата десетина вработени од АХВ облечени во скафандери и со маски со пушки усмртија 35 птици, а дел од нив живи ги складираа во канти за отпадоци, што може да се види од видеата што ги испратија од ЗОО - Скопје

Атмосфера – пукање, фрлање и фаќање на гуски

Од АХВ преку соопштение информираа дека причината за ваквата постапка е детектиран високопатоген птичји грип Х5Н1 кај угината гуска што била пронајдена мртва во езерцето во Зоолошката... Според протоколите, зоолошката ќе остане затворена за посетители три недели започнувајќи од денеска, период во кој ќе се врши дезинфекција, испитување на другите птици и зголемување мерките за да се спречи ширењето на вирусот.

Во текот на денешниот ден од страна на надлежен официјален ветеринар спроведен е надзор во Зоолошката градина и наредени се мерки за надзор на болеста, а извршено е хумано убивање и нештетно отстранување на следните видови птици: 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка која била присутна на локацијата. Наредени се мерки согласно законот за ветеринарно здравство и правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста Авијарна инфлуенца. – АХВ

Од ЗОО Скопје пак остро реагираа за денешното случување и најавија кривични пријави за директорот на АХВ и оние, како што велат кои упаднале во зоолошката без никаков налог, решение или доказ и маскарирале птици.

Без образложение, овие лица по наредба на директорот на АХВ, а без доказ до овој момент убија десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина. Станува збор за украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк. Целта на оваа секташка политика е да се предизвика нов измислен проблем и да се обезбеди алиби за затваре на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот. – Стои во соопштението на ЗОО – Скопје.

Пред зоолошката градина беше и зооактивистиот и советник во Град Скопје – Стефан Кирков, кој вели дека уште пред неколку дена угинале неколку птици кои се однесени на испитување во АХВ. Додека пак екс-директорот на ова институција – Ѓорѓи Галетановски, вели се надева дека биле запазени сите протоколи.

Последните случаеви на појава на овој вид птичји грип, АХВ ги регистрирала пред 2 години, во виничко, штипско и скопско Злокуќани.. од таму велат дека станува збор за болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“, која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија и ограничувања во увозот и извозот на живи птици и производи од живина.

Шокантен билборд во Ваљево

Шокантен билборд во Ваљево - црн двоглав орел на албанското знаме го дави белиот орел, симбол на српското знаме.

Шокантен билборд во Ваљево, Србија е виден утрово. Револтираните граѓани веднаш се огласиле преку социјалните мрежи.

Што точно се случило засега не е познато, освен што реакцијата на оваа сцена, барем на социјалните мрежи е доста бурна. Фотографијата е објавена на страната на Инстаграм valjevo_live.

„ Се претпоставува дека билбордот во Ваљево е хакиран и дека ова е една провокациија“, се вели во описот на објавата.

Во коментарите на фотографиите се јави човек кој вели дека е сопственик на билбордот.

„Јас сум сопственик на билбордот кој беше хакиран синоќа. Штом дознав го исклучив, а случајот ќе биде пријавен до надлежните органи“, пишуваше под објавата.

притисни ентер