Београдско драмско со „Швејк“ вечерва на РУТА во Драмски театар

Петтата фестивалска вечер на сцената Ристо Стефановски во Драмски гостува Београдско драмско позориште. Београдско драмско позориште годинава на РУТА доаѓа со претставата „Швејк“ работена по сатиричниот роман на чешкиот писател Јарослав Хашек.

Режисер е Вељко Миќуновиќ, а улогите ги толкуваат актерите Озрен Грабариќ, Милутин Милошевиќ, Милутин Дапчевиќ, Милош Лазаров, Наташа Марковиќ, Бојана Стојковиќ, Ива Илинчиќ, Ивана Николиќ и Ивана Вукмировиќ.

- Доживувања на добриот војник Швејк во светската војна, е незавршениот сатиричен роман на чешкиот писател Јарослав Хашек, издаден во 1923 година. Писателот планирал делото да се состои од шест дела, но завршил само четири. Во 1923 година починал од срцев удар, појаснуваат во соопштение од Драмски театар Скопје.

Четирите дела се објавени во една книга.

Содржината на романот зборува за чешкиот ветеран Јозеф Швејк и неговите доживувања во армијата. Приказната започнува со атентатот во Сараево, кој му претходи на почетокот на Првата светска војна. Швејк е толку возбуден што ќе ѝ служи на својата држава во војната, што никој не може со сигурност да утврди дали е тој имбецил или вешт саботер на Австроунгарската армија.

По изведбата на претставата ќе се одржи тркалезна маса на која публиката ќе има прилика да разговара со ансамблот на Београдско драмско позориште.

Во центарот на Белград се појавија 2000 песочни часовници, причината е трогателна!

На социјалните мрежи кружи фотографија од Белград на која се гледаат стотина песочни часовници поставени на тротоарот на „Тргот на Републиката', а глетката ги збунила минувачите.

„Видов многу песочни часовници на плоштадот денес. Изгледаат прилично кул, како модерна уметност. Има ли приказна зад нив? прашал странец на Редит.

Некои шпекулираа дека се работи за уметничка изложба или перформанс, но причината за поставувањето на песочните часовници набрзо е откриена. Имено, како дел од кампањата на српското Министерство за здравство, на плоштадот се поставени 2.000 песочни часовници кои симболично претставуваат околу 2.000 пациенти кои се на списокот за трансплантација на органи во Србија, меѓу кои и 40 деца.

Идејата на кампањата е да се привлече вниманието на јавноста и да се подигне свеста на граѓаните за донирање органи со цел да се спасат животи.

Скопското кале пропаѓа, а навечер е невидливо поради расипаното осветлување

Без никакво обележување и со искршени столици и клупи. Ваква е сликата пред влезот на скопското Кале, симболот на главниот град.

Внатрешноста на Калето пак е приказна за себе. Ѓубре на сите страни, корпи за отпадоци покриени со ќерамиди, неискосена трева, градежен шут. Непристојна слика која ја покажува нашата култура, но и грижата на институциите за тврдината која датира од 6. Век. Навечер пак мракот целосно го голта калето, и за разлика од порано сега тоа е сосема невидливо.

Дел од туристите кои ги затекнавме пред влезот, со позитивни импресии од калето но и со големи критики за оджувањето. Велат - убава тврдина со неверојатна глетка кон Скопје, но зошто е се толку запуштено?

- Убава тврдина. Но, има многу ѓубре. Тоа не е убаво.

- Во добра состојба е, со оглед на околностите во Скопје. Не е опасно, има прекрасен поглед кон Скопје и можете да уживате. Ако го споредите со тврдините во европските градови, очигледно е дека има уште многу да се направи. Не можам да очекувам тука и во Берлин да биде исто.

- Релативно е добро, но не е перфектно

- Погледот е многу добар, но средувањето на ѓубрето може да биде подобро. - Мислам дека е доволно чисто, но нема знаци кои ќе кажат што е што.

Решавање на ваквите проблеми со кои се соочува Калето најави министерот за култура, Зоран Љутков.

ОБЈАВИ дека за ревитализацијата на Калето е формирана комисија, и дека се обезбедени пари од Управата за заштита на културно наследство. А токму од Управата ни рекоа дека …

Затворена скопската зоолошка градина поради птичји грип

Наместо полно плато со дечиња во редица кои исчекуваат да влезат и да ги видат животните, денеска граѓаните налетаа на затворена врата каде што ги пречека ова известување кое што вели поради техничко оперативни работи  дека зоолошката не работи

А, позади затворената врата десетина вработени од АХВ облечени во скафандери и со маски со пушки усмртија 35 птици, а дел од нив живи ги складираа во канти за отпадоци, што може да се види од видеата што ги испратија од ЗОО - Скопје

Атмосфера – пукање, фрлање и фаќање на гуски

Од АХВ преку соопштение информираа дека причината за ваквата постапка е детектиран високопатоген птичји грип Х5Н1 кај угината гуска што била пронајдена мртва во езерцето во Зоолошката... Според протоколите, зоолошката ќе остане затворена за посетители три недели започнувајќи од денеска, период во кој ќе се врши дезинфекција, испитување на другите птици и зголемување мерките за да се спречи ширењето на вирусот.

Во текот на денешниот ден од страна на надлежен официјален ветеринар спроведен е надзор во Зоолошката градина и наредени се мерки за надзор на болеста, а извршено е хумано убивање и нештетно отстранување на следните видови птици: 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка која била присутна на локацијата. Наредени се мерки согласно законот за ветеринарно здравство и правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста Авијарна инфлуенца. – АХВ

Од ЗОО Скопје пак остро реагираа за денешното случување и најавија кривични пријави за директорот на АХВ и оние, како што велат кои упаднале во зоолошката без никаков налог, решение или доказ и маскарирале птици.

Без образложение, овие лица по наредба на директорот на АХВ, а без доказ до овој момент убија десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина. Станува збор за украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк. Целта на оваа секташка политика е да се предизвика нов измислен проблем и да се обезбеди алиби за затваре на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот. – Стои во соопштението на ЗОО – Скопје.

Пред зоолошката градина беше и зооактивистиот и советник во Град Скопје – Стефан Кирков, кој вели дека уште пред неколку дена угинале неколку птици кои се однесени на испитување во АХВ. Додека пак екс-директорот на ова институција – Ѓорѓи Галетановски, вели се надева дека биле запазени сите протоколи.

Последните случаеви на појава на овој вид птичји грип, АХВ ги регистрирала пред 2 години, во виничко, штипско и скопско Злокуќани.. од таму велат дека станува збор за болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“, која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија и ограничувања во увозот и извозот на живи птици и производи од живина.

притисни ентер