Харвард и доделува големо признание на Ријана, за хуманитарната работа

Можеби многумина не ја знаат хуманитарната страна на Ријана, но токму поради таа нејзина посветеност, пејачката во вторник ќе биде одликувана со големо признание.

Наградата „Peter J. Gomes“ ќе и биде врачена на Ријана во вторник, на 28 февруари и ќе биде прогласена за „Хуманитарец на годината“ од страна на Универзитетот Харвард!

Наградата се доделува во чест на починатиот професор Питер Гомес, „за проминентни лидери во јавноста, чии дела и постапки го покачуваат квалитетот на нашите животи и не инспирираат до поголеми височини“.

Image result for rihanna Peter J. Gomes award


„Благодарение на својата хуманитарна работа Ријана собра пари за изградба на Центар за онкологија и нуклеарна медицина во болницата „Queen Elizabeth“ во Бриџтаун, Барбадос. Целта на изградбата на центарот е рана дијагностика и лекување на ракот на дојка“ рече директорот на Фондацијата на Универзитетот Харвард, Ален Каунтер.

Ријана е ангажирана и во пружањето на поддршка за девојчињата во земјите во развој, кога се работи за нивниот пристап до образованието, а минатата година покрена програма под називот „Clara Lionel Foundation's Global Scholarship“ чија цел е плаќање на трошоците за образование за ученици и студенти од Карибите, Хаити и Барбадос, кои школувањето го продолжуваат во САД.



Image result for rihanna Peter J. Gomes award



Поради филантропските и слични иницијативи, Фондацијата Харвард одлучи Ријана да ја именува за Хуманитарка на годината - рече Каунтер.



Image result for rihanna Peter J. Gomes award



Меѓу добитниците на оваа награда претходните години, се генералните секретари на ОН Бан Ки Мун, Кофи Анан и Бутрос Гали, активистката Малала Јусуфзаи, претседавачот со Комитетот за доделување на Нобелова награда Торбјорн Јагланд и други познати хуманитарци.

Фејсбук и Инстаграм ги прекршиле регулативите на ЕУ, следи истрага

Фејсбук и Инстаграм ќе бидат предмет на истрага за можни прекршувања на регулативите на ЕУ за онлајн содржини поврзани со безбедноста на децата, објави во четвртокот Европската комисија.

Од социјалните мрежи на Мета се бара да направат повеќе за борба против нелегалната и штетна содржина на нивните платформи според Законот за дигитални услуги на Европската унија (DSA), кој е во сила од минатата година.

Европската комисија објави дека одлучила да отвори детална истрага за Фејсбук и Инстаграм поради загриженоста дека тие не реагирале соодветно на ризиците за децата. Мета поднесе извештај за проценка на ризикот во септември.

„Комисијата е загрижена дека системите на Фејсбук и Инстаграм, вклучувајќи ги и нивните алгоритми, можат да стимулираат зависни однесувања кај децата, како и да создадат таканаречени „ефекти на зајачка дупка“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Дополнително, Комисијата е загрижена и за методите за проверка на возраста на корисниците воведени од Мета.

Од друга страна, Мета тврди дека веќе има бројни онлајн алатки за заштита на децата.

„Сакаме младите луѓе да имаат безбедни онлајн искуства соодветни за возраста“, рече портпаролот на компанијата, истакнувајќи дека тие поминале една деценија работејќи на повеќе од 50 алатки и политики насочени кон заштита на децата.

„Ова е предизвик со кој се соочува целата индустрија и со нетрпение очекуваме да ги споделиме деталите за нашата работа со Европската комисија.

Мета веќе е под лупа на ЕУ за изборни дезинформации пред важните избори за Европскиот парламент следниот месец. Прекршувањето на „DSA“ може да резултира со казни до 6% од годишниот глобален промет на компанијата.

Извор: Б92

Манчестер сити четврти пат по ред шампион на Англија

Манчестер сити е шампион на Англија во сезоната 2023/24. 

Во натпреварот од 38. коло „Граѓаните“ на домашен терен го победија Вест Хем (3:1). Двоен стрелец беше Фил Фоден. Играчот од средниот ред погоди во 2. и 18. минута. Родри постигна уште еден гол од додавањето на Фоден во 59. минута.

Стрелец на единствениот гол за гостите беше Мохамед Кудус (42. минута).

Манчестер сити заврши на првото место во Премиер лигата со 91 бод пред Арсенал кој собра 89. Тимот на Пеп Гвардиола ја освои шампионската титула четврти пат во низа. Покрај тоа, ова е шеста титула за Гвардиола во Премиер лигата.

Вкупно Манчестер сити има 10 трофеи. По бројот на шампионски титули, пред Сити се само Арсенал (13), Ливерпул (19) и Манчестер јунајтед (20).

Вест Хем ја заврши сезоната на деветтото место на првенствената табела. /МИА

Сасуоло испадна од Серија А по 11 сезони во првата лига

Сасуоло испадна од италијанската Серија А. Денес  тимот загуби на домашен терен од Каљари (0:2) во натпреварот од 37. коло на најсилното фудбалско првенство во Италија.

Попладнево Удинезе и Емполи ремизираа (1:1) и се одлепија од Сасуоло на недостижни 4, односно 5 бода на едно коло пред крајот на првенството. Сасуоло (29 бодови) е претпоследен во поредокот.

Сасуоло стигна до Серија А во 2013 година. Оттогаш, тимот помина 11 сезони во највисоката дивизија.

Претходно Салернитана рано испадна од Серија А.

Третиот тим кој ќе ја напушти елитата ќе се бара помеѓу екипите на Емполи, Удинезе, Фросиноне, Верона и Каљари./МИА

притисни ентер