Харис: Трамп ја згрозува функцијата американски претседател

Кандидатот за претседател на САД од Демократската партија Камала Харис изјави дека нејзиниот противкандидат Доналд Трамп ја згрозува функцијата претседател на САД.

Забелешките дојдоа откако Трамп ја нарече „гаден потпретседател“ на предизборниот митинг ден претходно.

-Претседателот на Соединетите Држави мора да ги постави стандардите, не само за нашата нација, туку и за улогата што ја игра нашата нација во светот. Кога човек ги претставува Соединетите Држави, тој влегува во светските сали со заслужен авторитет и легитимитет да зборува за важноста на демократијата и владеењето на правото, рече таа.

Во саботата Трамп ја нарече Харис и најлошиот потпретседател на САД.

ЈП Лајка го одбележа четвртиот роденден

Јавното претпријатие Лајка на 20 октомври 2024 година заедно со граѓаните, вдомувачите и сите негови подржувачи го одбележа својот 4 роденден.

Задоволство ни е да информираме дека во овие 4 години јавното претпријатие Лајка работи по единствената докажана и хумана програма за намалување на бездомни кучиња по улиците, има заловено и истретирано вкупно 3700 кучиња од кои 850 кучиња си го нашле својот дом. Сиве овие години ЈП Лајка активно работи и на едукација и на промовирање и подигање на јавната свест за одговорно сопствеништво на домашни миленици.

Сакаме да ја искористиме оваа прилика да се заблагодариме на сите кои дојдоа на нашата скромна прослава, а особено ни е драго што секоја година бројот на нашите поддржувачи се зголемува што укажува дека граѓаните ја препознаваат важноста на работата и активностите на претпријатието како посебен јавен интерес.

Особено сакаме да се заблагодариме на хуманите граѓани кои ги отворија своите домови за кучињата - миленици од ЈП Лајка и одлучија да вдомат бездомно наместо да купат куче, и со тоа не само што покажаа огромна хуманост и етика туку станаа и позитивен пример во решавање на овој општествен проблем.

Огромна благодарност упатуваме и до здруженијата за заштита на животни со чија помош значителен број на кучиња си го најдоа домот надвор од границите на нашата држава.

ЈП Лајка ќе продолжи со уште поголем мотив да руши рекорди и се надеваме уште многу години ќе биде достоен сервис на граѓаните и пример за хумано и етичко третирање на бездомните кучиња кои не по своја вина се на улиците на Скопје.

ЈП Лајка

„Samsung“ повторно е прв, развиен „24 GB GDDR7 DRAM“

„Samsung“ објави дека го развил првиот „24 GB GDDR7 DRAM“ во индустријата.

Новата исклучително брза меморија е наменета за центри за податоци, работни станици за вештачка интелигенција, но и за графички картички, гејмерски конзоли и за автономни возила.

Новата „DRAM“ меморија има 50% поголем капацитет од минатогодишната „16 GB GDDR7 DRAM“, а самиот чип е создаден во петтата генерација „10nm“ процес.

Меморијата достигнува брзина до 42,5 Gbps, што е за 25% повеќе од претходната верзија, а сето тоа благодарение на „Pulse-Amplitude Modulation (PAM3)“ на три нивоа. Подобрена е и ефикасноста на потрошувачката за над 30 проценти.

Валидацијата на „24 GB GDDR7 DRAM“ меморија во големите AI системи на компаниите што произведуваат графички картички започнува оваа година.

Комерцијалната продажба на „24 GB GDDR7 DRAM“ ќе започне во 2025 година.

Муцунски: Подготвена нацрт - верзијата на Законот за надворешни работи

 Подготвена нацрт - верзијата на Законот за надворешни работи, која наскоро ќе биде презентирана во јавноста.

-Министер за надворешни работи и надворешна трговија (МНР и НТ), Тимчо Муцунски, денеска изјави дека е готова нацрт верзија на Законот за надворешни работи, кој што наскоро ќе биде презентиран пред јавноста во редовна постапка и којшто има за цел да ги интегрира новите формални надлежности коишто ова Министерство ги превзема со Законот за организација и работа на органите на државната управа.

-Излегуваме надвор од рамките на таа конвенционална политика и ќе работиме нешто многу повеќе од тоа што е економска дипломатија. Баш пред да бидам присутен на овој настан, бев на состанок на работна група во МНР и надворешна трговија каде што веќе имаме готова нацрт верзија на Законот за надворешни работи, кој што наскоро ќе биде презентиран пред јавноста во редовна постапка и којшто има цел да ги интегрира сите овие формални надлежности коишто се превземаа со Законот за организација и работа на органите на државната управа. И тоа е тоа што ќе ни овозможи полесно да ги ангажираме нашите ДКП, за конечно тие да бидат поактивни и поангажирани во привлекувањето на инвестициите, но и во промовирањето на одредени извозни капацитети коишто државата ги има, за да создадеме повеќе работни места, повеќе добро платени работни места во државата, рече Муцунски на настанот во Свечена сала на Владата во рамки на Платформа: 100% посветени за тебе, на тема „Унапредување на дипломатијата и надворешната трговија, интеграцијата во ЕУ и дигитална трансформација“.

На настанот на кој учествуваат и министерот за европски прашања Орхан Муртезани и Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација, Муцунски најави дека се работи и на спојување на Агенцијата на привлекување на странски инвестиции и Дирекцијата одговорна за ТИРЗ.

-Истовремено работиме на спојување на неколку ангенции. Тоа е Агенцијата на привлекување на странски инвестиции и Агенцијата која што е одговорна за ТИРЗ односно Дирекцијата, во една институција која што ќе има надлежност усогласена со политиките коишто ќе се креираат во МНР и НТ, да ја промовира државата како потенцијална дестинација за привлекување инвестици, но истовремено таа една иста инстистуција да соработува со сите други, со сите инвеститори по нивното присуство во државата. За жал имавме до сега пристап еден којшто не овозможуваше најдобри услови за инвеститорите посебно по нивнто доаѓање во државата. И затоа мораме да работиме на креирање на добри политики од таа гледна точка. Јас гарантирам дека Министерството ќе биде креатор на политики коишто ќе обезбедат повисоки стандарди на ова поле, ќе имаме зголемен ангажман, нашите ДКП веќе од следниот период ќе бидат дополнително ангажирани, рече Муцунски.

Тој кажа дека веќе имаат и голем број конкретни ангажмани коишто ги имаат преземено во последннот период, како разговори со повеќе инвеститори. -Дел веќе се обврзаа за инвестици во државата и работиме заедно со нашите стопански комори и со нашите претприемачи да ја промовираме македонската економија и сите извозни капацитети коишто истата ги има, рече Муцунски.

притисни ентер