Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Годишниот раст на вкупните депозити во септември изнесува 8,8%, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. 

Вкупните кредити, пак, на годишна основа се зголемени за 7,5% под влијание на растот на кредитирањето на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот домаќинства.соопшти Народна банка.

Паричната маса во септември 2024 година забележа месечен пад од 1,2%, во поголем дел како резултат на намалените

краткорочни депозити и депозитни пари, при помал придонес во падот и на готовите пари во оптек, а во услови на раст на долгорочните депозити до две години. На годишна основа, паричната маса е зголемена за 6,7% поради растот на депозитните

пари, долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек, додека краткорочните депозити бележат намалување.

Вкупните депозити, во септември се намалени за 0,4% на месечна основа, во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата остварија раст. Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 8,8%, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

Вкупните кредити, во септември бележат месечен раст од 0,4%, којшто во целост се должи на зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 7,5% под влијание на растот на кредитирањето на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

Во септември, вкупните депозити на корпоративниот сектор забележаа месечен пад од 0,5%. Надолната промена пред сè е резултат на пониските краткорочни депозити во странска валута и во денари, во услови на раст на депозитните пари и долгорочните депозити. На годишна основа е забележан раст од 4,7%, во поголем дел поради зголемените депозитни пари, при раст и на долгорочните депозити во странска валута и во денари и краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута бележат намалување.

Кредитите на корпоративниот сектор, во септември остварија минимално месечно намалување од 0,1% што во целост e резултат на падот на кредитирањето во странска валута, при раст на кредитите во денари. Споредено на годишна основа,

кредитите на корпоративниот сектор бележат раст од 7,5%, којшто произлегува од зголеменото кредитирање во денари, при пад на кредитите во странска валута.

Во септември, вкупните депозити на домаќинствата се зголемени за 0,1% на месечна основа, целосно под влијание на растот на долгорочните депозити во денари и странска валута, во услови кога депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута и во денари бележат пад. Годишниот раст изнесува 11,2% и произлегува од зголемувањето на депозитните пари и долгорочните депозити во денари и странска валута, при пад на краткорочните депозити.

Кредитите на домаќинствата, во септември, се повисоки за 0,8% и 7,7% на месечна и годишна основа, соодветно. Растот по двете основи е резултат на зголемените кредити во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во септември, кај најзастапените категории ̶ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 0,6% и 1,0%, соодветно, при годишно зголемување од 6,7% и 11,0%, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се намалени за 0,6% на месечно ниво, додека на годишно ниво се зголемени за 13,5%. Кредитите одобрени на кредитни картички, во септември забележаа месечен и годишен пад од 0,8% и 9,0%, соодветно. Во септември, негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи остварија

месечно зголемување од 4,6% и 0,7%, соодветно, додека на годишна основа забележаа намалување од 1,9% и 17,5%, соодветно.

Двајцата тестирани вработени во Зоолошката градина негативни за птичји грип

Четворица под здравствен надзор, двајца од  вработените во скопската Зоолошка градина утринава тестирани за птичји грип.. 

Лабораториските тестови покажале дека двајцата тестирани поради соменавење од птичји грип се негативни и немаат птичји грип. И двајцата работат во Зоолошката градина. Едниот од тестираните имале зголемена температура, а вториот сам се пријавил за тестирање иако не бил на списокот бидејчи имал симптоми со зголемена телесна температура.

„На ден 21.10 согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделение за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, која е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека 1 ден имало симптоми на покачена телесна температура. Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но на ден 21.10 се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми. Ве известуваме дека по добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица се негативни за птичји грип.“

Од Институот за јавно здравје соопштија дека за ваква состојба не е предвидена изолација за ниту еден од вработените во Зоолошката градина.

Во саботата Зоолошката градина беше затворена дел од птиците беа усмртени 35 птици откако било потврдено кај една птица дека починала од птичји грип. Од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека биле почитувани сите протоколи со цел да не се прошири болеста. Зоолошката останува затворена во наредните три недели.

Лојд Остин во Киев најави нов пакет на американска помош за Украина од 400 милиони долари

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави денеска за време на неговата посета на Киев дека САД ќе испратат нов пакет воена помош за Украина во износ од 400 милиони долари (368 милиони евра).

Остин во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека пакетот вклучува дополнителна муниција, оклопни возила и противтенковско оружје, пренесе Ројтерс.

Американскиот секретар за одбрана пристигна во работна посета на Украина по серијата средби што американскиот претседател Џо Бајден ги имаше во Берлин со клучните европски партнери, изјави денеска началникот на кабинетот на украинскиот претседател Серхи Лешченко.

„Претходно, од безбедносни причини никој не најавуваше однапред кој доаѓа во Киев додека гостинот не ја напушти Украина, но сега има нова практика бидејќи ситуацијата се менува на подобро“, изјави Лешченко, пренесе агенцијата „Униан“.

Лешченко истакна дека посетата на Остин е веројатно последна посета на член на американската влада на Украина пред претседателските избори во САД.

Според него, по берлинските средби на американскиот претседател Бајден со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, има потреба од „усогласување на позициите“.

Ријана го купува еден од најстарите англиски фудбалски клубови

Фудбалскиот клуб Транмер Роверс, еден од најстарите фудбалски клубови во Англија, наскоро би можел да доживее неверојатен пресврт во својата историја.

Имено, познатата светска музичка ѕвезда Ријана, заедно со нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки, планира да стане мнозински сопственик на овој клуб од четвртата лига на англискиот фудбал.

Понуда вредна 15 милиони фунти веќе е доставена до сегашниот сопственик, а од тимот на Ријана потврдија дека преговорите се во напредна фаза.

Аквизицијата би можела да донесе значителен финансиски поттик за клубот, кој моментално се наоѓа на 16-тото место во Втората лига, со амбиции да се натпреварува на највисокото ниво на англискиот фудбал во иднина.

Иако идејата за борба за титулата во Англија во моментов изгледа како сон, популарноста и ресурсите на Ријана би можеле да го променат текот на историјата на овој клуб.

притисни ентер