Хакер со аутизам украде и предвреме објави видеа од „ГТА 6“

Хакерите обично се замислувани како седат на голема работна маса со врвна, скапа технологија на неа. Арион Куртај (18) е сосема спротивно од тоа. 

Куртај, кој инаку е лице со аутизам и е дел од хакерската група „Лапсус$“ што предизвика своевиден хаос во видеоиграчкиот свет, кога украде и предвреме објави видеа од сѐ уште необјавената игра „ГТА 6“. Упадот го извршил со помош на УСБ за „Амазон фајр ТВ“, паметен телефон, тастатура и глувче, и тоа додека бил на слобода откако плати кауција во случајот за хакирање на „Н-видија“. Тој овојпат го хакирал „Рокстар гејмс“ (Rockstar Games) - компанијата-создавач на „ГТА 6“ и се претстави како „напаѓачот“ на каналот „Slack“. Упадот е сторен од хотелче каде што властите го сместиле откако други хакери „го доксираа“, т.е. објавија податоци за него и неговото семејство, со што ја загрозиле и нивната безбедност. Додека бил во хотелот немал вообичаен пристап на интернет, но користел „Фајр ТВ“ УСБ.

Подробностите за незаконските потфати на Куртај се појавија по седумдневното судење каде што тој е прогласен за виновен за хакирање на „Рокстар“, Револут“ и „Убер“. Осуден е и 17-годишник, но за разлика од Куртај, тој сѐ уште е на условна слобода по плаќањето кауција. Занимливо е што и двајцата се лица со аутизам.

Куртај не присуствуваше на судењето откако психијатар оцени дека не е во состојба да го следи процесот. Поротата одлучува само за тоа дали делата за кои се товари - се сторени, а не и дали ги извршил со криминална намера.

„Лапсус$“ е опишан пред судот како „криминална дигитална група“, за којашто се верува дека е составена главно од тинејџери од Бразил и Велика Британија. Куртај и неименувано 17-годишно момче се двајца од седумте членови уапсени во Британија. Меѓу 2021. и 2022 година, групата ги хакираше „Самсунг“, „Ти-мобајл“ и „Мајкрософт“. Иако групата барала откуп, не се знае дали и колку пари добиле по уцените. /МИА

Фото: Карлеуша во мини фустан на концерт

Контроверзната пејачка Јелена Карлеуша повторно ги запали социјалните мрежи.

Карлеуша синоќа настапи во Кикинда, на манифестацијата „Луди денови“.

Атрактивната пејачка на концертот ги воодушеви присутните со својот стајлинг.

Русокосата пејачка на бината се појави во блескав сребрен мини фустан кој имаше проблем да го сокрие нејзиниот буен задник.

Карлеуша на сцената блесна во сребрен фустан од Версаче и соодветни чизми од Ив Сен Лоран.

Во „Триаголникот на Алјаска“ исчезнале повеќе од 20.000 луѓе

Во светот скоро сите слушнале или знаат за „страшниот“Бермудскиот триаголник, но малкумина знаат за „опасниот триаголник на Алјаска.

Кој се нарекува и Бермудски триаголник на Алјаска, непристапна и ненаселена област што ги поврзува Енкориџ, Џуно на југ и Уткијагвик.
Таму има повеќе нерешени случаи на исчезнати лица отколку на кое било друго место во светот, помеѓу 500 и 2.250 луѓе годишно.

Всушност, од раните 1970-ти, повеќе од 20.000 луѓе исчезнале во овој огромниот триаголник, и во област која е ретко населена.

Статистиката покажува дека на Алјаска годишно исчезнуваат околу 2.250 луѓе, пренесува РТС.

Меѓу познатите личности кои исчезнале во овој чуден триаголник во минатото се и двајца политичари: лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом на САД, Томас Хејли Богс и конгресменот од Алјаска, Ник Бегич.

Алјаска е најголемата држава во САД, но само една дваесетина од територијата е населена, околу 730.000 луѓе живеат во област која зафаќа 1067.478 квадратни километри.

Електронските отчитувања на Алјаска открија значителни концентрации на магнетни аномалии, од кои некои го вознемириле компасот до тој степен што ја поместиле скалата за 30 степени. Покрај тоа, некои членови на спасувачките мисии доживеале аудитивни халуцинации, дезориентација и вртоглавица.

Не е сигурно дали овие магнетни вртлози постојат, во секој случај, и покрај предупредувањата на властите за временските услови, дивиот свет и суровите области, стотици туристи ја посетуваат Алјаска за да ја искусат оваа недопрена природа, од кои многумина се целосно неподготвени за такви области и временските услови.

Многу од овие луѓе веројатно се изгубени среде оваа катастрофа, поради што секоја година се започнуваат бројни операции за пребарување и спасување.

Руски град воведе „вонредна состојба“ по украински напад со дрон

 Руските власти денеска воведоа „локална вонредна ситуација“ во јужниот град Тихорецк, откако наредија евакуација по нападот на украинско беспилотно летало за кој Киев рече дека погодил складиште за оружје.

Гувернерот на регионот Краснодар, Вениамин Кондратиев, на социјалните мрежи објави дека „воведен е локален режим на вонредна ситуација за да се организира помош за луѓето и навремено да се решат сите прашања поврзани со инцидентот“.

притисни ентер