Грција зафатена од 24-часовен штрајк поради инфлацијата и барањата за повисоки плати

Работниците ширум Грција рано утринава започнаа 24-часовен штрајк, приклучувајќи се на масовниот протест организиран од синдикатите за да протестираат против економските политики на владата, јави ДПА.

Синдикатите бараат итна акција за справување со инфлацијата, платите што стагнираат и несоодветните социјални бенефиции.

Училиштата, градинките и владините канцеларии се целосно затворени, додека државните болници ќе работат со итните служби, пренесе германската агенција.

И покрај прекините, многу сектори ќе продолжат со нормална работа: супермаркетите, киосците и таверните остануваат отворени, а повеќето самовработени луѓе, вклучително и таксистите, работат како и обично.

Главните поплаки на синдикатите се повеќегодишните поскапувања без зголемување на платите.

Претставниците на јавниот сектор бараат зголемување на платите за 10 отсто и враќање на 13 и 14 плата, што беа намалени.

Лидерите на синдикатот ја обвинија владата на премиерот Киријакос Мицотакис дека не успеала да се справи со инфлацијата и зголемените трошоци за живот.

-Трошоците за живот се многу високи и нашите плати се на пониско ниво, додека високите трошоци за домување ги ставија младите во трагична положба, рече Јанис Панагопулос, водач на главниот синдикат на приватниот сектор, ГСЕЕ.

Како и другите работнички групи, ГСЕЕ ја обвини владата дека „одбила да преземе какви било значајни мерки за да обезбеди пристојни услови за живот на работниците“, пишува Гардијан.

Минималната плата во Грција е 900 евра, додека цените на мало, телекомуникациите и енергијата во земјата се меѓу највисоките во Европа, а левичарската опозиција тврди дека граѓаните плаќаат „британски цени за бугарските плати“.

Утре без струја делови од Карпош, Аеродром и Кисела Вода

 Без електрична енергија утре од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Козле“ и дел од објектите над КАМ маркет кон Центар. 

Во истиот временски период утре без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Ѓорѓи Андреевиќ“ и „Горно Лисиче“ во општина Аеродром.

Од 9:30 до 13:00 часот без струја утре ќе бидат корисниците од улицата „Јабланица“ бр.101А во општина Кисела Вода.

Како што информира РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.

Хеј, хеј, хеј, пристигна Black Friday во Comodita Home со попусти до дури 75%

Најголемиот настан на попусти Black Friday пристигна во Comodita Home, со неодоливи понуди и попусти на производите кои најмногу ги сакате.

Вистинско време е да го наполните вашиот дом со производи за спална соба, кујна, бања и додатоци, заштедувајќи дури до 75 % од вредноста на производите.

Најголемиот избор од категоријата душеци сега е пред вас, со можност да ги набавите со огромни попусти! Душеците Cloud и Hybrid само сега за Black Friday имаат дополнителни тројни попусти! Еден од најпродаваните душеци Lavender може да го набавите за само 4199 денари и да добиете перница на подарок. Покрај нив, уште голем број квалитетни и удобни душеци по промотивни цени ве очекуваат само во Comodita Home.

Уредете ја дополнително спалната соба со перници, постелнини, прекривки, ќебиња и сезонски јоргани, по симболични цени кои почнуваат од само 549 денари!

Што се однесува до кујната, сега можете да ја комплетирате со најнови модели на сетови чинии, како и сет прибори за јадење и послужавници. Но, изненадувањето не завршува тука! Големите попусти ќе ги најдете и кај многу други производи, како сетови за готвење, тави, филџани, чаши, чинии за десерт, кујнски додатоци и многу други производи.

Во Black Friday понудата влегуваат и патнички торби и модерни декорации во различни стилови. Во широкиот асортиман производи на Comodita, ќе најдете и пешкири, бањарки, штитници за кревети, душеци и производи за спиење за деца, и сето тоа на неверојатен попуст!

Направете го вистинскиот избор, побрзајте и посетете ги продажните салони на Comodita Home бидејќи количините се ограничени. Сите производи со истиот попуст како и во продажните салони можете да ги нарачате и онлајн од дома преку веб-страницата www.comoditahome.com или социјалните мрежи Facebook и Instagram, како и преку контакт центарот на Comodita Home со бесплатен телефонски повик на 0800 10 5 10. Исто така, ве очекуваат супер понуди и на Comodita Tvshop.

Искористете ја оваа несекојдневна можност со најатрактивни цени бидејќи овие понуди се достапни само еднаш во годината!

*комерцијална објава.

Скопјани утринава повторно останаа без градски превоз град, сообраќаат само 20 тина автобуси

Скопјани утринава повторно останаа без градски превоз поради недостиг на гориво.

Во главниот град сообраќаат само 20 тина автобуси кои возат на гас. Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да се расправа за нефункционирањето на јавниот превоз во градот, откако автобусите на јсп прекинаа да сообраќаат поради недостиг на гориво.

Граѓаните и утринава чекаат безнадежно чекаат на постојките.

На автобуска станица во Центар е Јорданчо Цветановски.

Јорданчо што велат граѓаните како се снаоѓаат, по колапсот на градскиот превоз.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер