Хеј, хеј, хеј, пристигна Black Friday во Comodita Home со попусти до дури 75%

Најголемиот настан на попусти Black Friday пристигна во Comodita Home, со неодоливи понуди и попусти на производите кои најмногу ги сакате.

Вистинско време е да го наполните вашиот дом со производи за спална соба, кујна, бања и додатоци, заштедувајќи дури до 75 % од вредноста на производите.

Најголемиот избор од категоријата душеци сега е пред вас, со можност да ги набавите со огромни попусти! Душеците Cloud и Hybrid само сега за Black Friday имаат дополнителни тројни попусти! Еден од најпродаваните душеци Lavender може да го набавите за само 4199 денари и да добиете перница на подарок. Покрај нив, уште голем број квалитетни и удобни душеци по промотивни цени ве очекуваат само во Comodita Home.

Уредете ја дополнително спалната соба со перници, постелнини, прекривки, ќебиња и сезонски јоргани, по симболични цени кои почнуваат од само 549 денари!

Што се однесува до кујната, сега можете да ја комплетирате со најнови модели на сетови чинии, како и сет прибори за јадење и послужавници. Но, изненадувањето не завршува тука! Големите попусти ќе ги најдете и кај многу други производи, како сетови за готвење, тави, филџани, чаши, чинии за десерт, кујнски додатоци и многу други производи.

Во Black Friday понудата влегуваат и патнички торби и модерни декорации во различни стилови. Во широкиот асортиман производи на Comodita, ќе најдете и пешкири, бањарки, штитници за кревети, душеци и производи за спиење за деца, и сето тоа на неверојатен попуст!

Направете го вистинскиот избор, побрзајте и посетете ги продажните салони на Comodita Home бидејќи количините се ограничени. Сите производи со истиот попуст како и во продажните салони можете да ги нарачате и онлајн од дома преку веб-страницата www.comoditahome.com или социјалните мрежи Facebook и Instagram, како и преку контакт центарот на Comodita Home со бесплатен телефонски повик на 0800 10 5 10. Исто така, ве очекуваат супер понуди и на Comodita Tvshop.

Искористете ја оваа несекојдневна можност со најатрактивни цени бидејќи овие понуди се достапни само еднаш во годината!

*комерцијална објава.

Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец

Од Јавното претпријатие „Македонијапат“ вечерва информираат за намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри на патниот правец - крак Маврово - Бунец.

- Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Сите патни правци во државата се проодни без забрани и ограничувања. ЈП „Македонијапат“ со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели, потенцираат од претпријатието.

Исто така, додаваат, на располагање се и фирмите со кои соработуваат, како навремено би се справиле со снежните наноси. На одредени патни правци што поминуват низ клисури и усеци, можна била појава на поситни одрони.

Од ова претпријатие апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Осум дена притвор за млад скопјанец кој се обидел да го запали албанското знаме

Осумдневен притвор му е одреден на млад скопјанец, кој се обидел да запали знаме, информираа вечерва од Министерството за внатрешни работи.

Како што информира МВР, 20-годишниот скопјанец бил фатен вчера околу 23 часот на подрачјето на општина Центар.

- Единицата за насилен криминал при СВР - Скопје поднесе кривична пријава против К.К., на возраст од 20 години, поради сторено кривично дело по член 319 од КЗ. Синоќа во 23:10 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода К.К., кој бил затекнат при обид со запалка да запали знаме, појаснуваат од МВР.

Знамето и запалката биле одземени, а тој бил задржан во полициска станица. Против него е поднесена кривична пријава по брза постапка. Од судија на претходна постапка одредена му била мерка притвор од осум дена.

Ужас во Хрватска: Во двор се најдени закопани телата на две бебиња, родителите во притвор

Родителите на две бебиња, чии тела биле пронајдени закопани во дворот на семејна куќа во Љубље Калнички во близина на Вараждин, времето во притвор го минувале читајќи ја Библијата.

Родителите на две бебиња, чии тела биле пронајдени закопани во дворот на семејна куќа во Љубље Калнички во близина на Вараждин, времето во притвор го минувале читајќи ја Библијата, не зборувајќи и молејќи се, дознаваат од извори блиски до истрагата.

Таткото е од Сплит, роден 1982 година, мајката е од Загреб, а немаат исто презиме, дознава Јутарњи. Брачниот пар во четириесеттите години не е регистриран на подрачјето на општината каде што живее, а градоначалникот на Љубешчица, Ненад Хорватиќ, за Јутарњи вели дека „никогаш не ги видел ниту слушнал за нив во животот“.

Бидејќи тоа е област каде што сите луѓе се познаваат, барем од видување, очигледно е дека се работи за многу таинствени луѓе. Тие не го пријавиле раѓањето на двете деца, што укажува дека тие не се родени во болница.

„Сакам да им порачам на моите сограѓани дека нема место за паника, дека не се работи за сериски убиец, како што веќе беше кажано, туку се работи за индивидуален случај во кој се познати сторителите“, заклучува градоначалникот Хорватиќ.

притисни ентер