Ѓоковиќ елиминиран во третото коло на турнирот во Индијан Велс

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртото коло на турнирот во Индијан Велс (САД).

Србинот ноќеска во третото коло загуби од Италијанецот Лука Нарди во три сета - 4:6, 6:3, 3:6.

Противник на Нарди кој е 123-та на светското рангирање, во четвртото коло на турнирот ќе биде Американецот Томи Пол.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 9,2 милиони долари.

Фрлени две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан во северно Косово

„Звечан, 26.11.2024, 23:55 часот. Пријавено е дека непознати лица фрлиле две рачни бомби во дворот на полициската станица, каде освен материјална штета, нема повредени. Случајот е под истрага“, се вели во полицискиот извештај.

Косовската полиција соопшти дека синоќа непознати лица фрлиле две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во 24-часовниот извештај на полицијата се наведува дека во случајот нема повредени.

„Звечан, 26.11.2024, 23:55 часот. Пријавено е дека непознати лица фрлиле две рачни бомби во дворот на полициската станица, каде освен материјална штета, нема повредени. Случајот е под истрага“, се вели во полицискиот извештај.

Звечан е општина во северно Косово, населена со мнозинско српско население. Како и во другите три општини во областа – Северна Митровица, Лепосавиќ и Зубин Поток – и во Звечан минатата година имаше големи протести на косовски Срби против преземањето на должноста на градоначалниците Албанци, откако Србите ги бојкотираа локалните избори во знак на протест против политиките на Владата во Приштина кон таа етничка заедница.

Министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља и генералниот директор на Полицијата на Косово, Газменд Хоџа во понеделникот, на 25 ноември поставија камен-темелник за изградба на новата полициска станица во Звечан.

Филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ ќе биде прикажан на фестивал во Бразил

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на 6 декември ќе биде прикажан на 14. Меѓународен филмски фестивал Балнеарио Камбориу во Бразил.

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на 6 декември ќе биде прикажан на 14. Меѓународен филмски фестивал Балнеарио Камбориу во Бразил, откако во оваа јужноамериканска земја беше премиерно прикажан на фестивалот во Сао Паоло.

Режисерот Гоце Цветановски соопшти дека поканата за учество ја добил од директорот на фестивалот веднаш по проекцијата во Сао Паоло.

-Се уште сум одушевен од реакцијата на бразилската публика. После првата проекција се сликав со група весели ученици со кои разговаравме за филмот, а потоа следуваше и интервјуто за бразилскиот сервис на Си-ен-ен. Драго ми е што филмот наиде на интерес во Бразил и повторно ќе биде прикажан таму, изјави Цветановски.

Ова е четврта фестивалска презентација на филмот „Јон Вардар против Галаксијата“.

Сараево утрово прв на листата на градови во светот со најзагаден воздух, Скопје на 4 место

Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина утрово се најде на врвот на листата на светски градови со најзагаден воздух, покажуваат податоците на порталот „IQAir“.

Квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина е оценет како „опасен“, со индекс на квалитет 312.

Зад Сараево на листата е Лахоре (Пакистан), чиј индекс за квалитет на воздухот е 259, потоа Њу Делхи (Индија) со индекс 225, Скопје со 184 и Кувајт (Кувајт) со индекс 177.

Швајцарскиот „IQAir“ има повеќе од 10.000 мерни станици низ светот и го покажува квалитетот на воздухот низ планетата.

Во текот на зимската сезона во Сараево и некои градови во Босна и Херцеговина, дозволената концентрација на лебдечки честички се надминува речиси секој ден, а најголеми причинители за загадувањето се индустриските постројки, сообраќајот, согорувањето на отпадот и од затоплувањето на домаќинствата.

притисни ентер