Германец казнет парично за крадење на морска вода

Анонимен Германец кој деновиве од плажа во близина на Трст во својот камион ставил 24 000 литри морска вода е приведен во полиција , по дојава на граѓани.

Германецот поради „кражба “ на морска вода ќе мора да плати казна во висина од 1549 евра , а украдената морска вода ќе мора да ја врати во морето од местото од каде што ја земал.

Полицијата открила дека 48 – годишен Германец кај населбата Баркол близу дворецот Мирамаре во својот камион неовластено од Јадранското море испумпал 24 000 литри вода, пренесе Хина, повикувајќи се на словенечкиот весник „Приморски дневник“.

Германецот во текот на испитувањето и признал на полицијата дека морската вода сакал да ја однесе во дома за потребите на еден аквариум со морски риби.

Манчестер сити четврти пат по ред шампион на Англија

Манчестер сити е шампион на Англија во сезоната 2023/24. 

Во натпреварот од 38. коло „Граѓаните“ на домашен терен го победија Вест Хем (3:1). Двоен стрелец беше Фил Фоден. Играчот од средниот ред погоди во 2. и 18. минута. Родри постигна уште еден гол од додавањето на Фоден во 59. минута.

Стрелец на единствениот гол за гостите беше Мохамед Кудус (42. минута).

Манчестер сити заврши на првото место во Премиер лигата со 91 бод пред Арсенал кој собра 89. Тимот на Пеп Гвардиола ја освои шампионската титула четврти пат во низа. Покрај тоа, ова е шеста титула за Гвардиола во Премиер лигата.

Вкупно Манчестер сити има 10 трофеи. По бројот на шампионски титули, пред Сити се само Арсенал (13), Ливерпул (19) и Манчестер јунајтед (20).

Вест Хем ја заврши сезоната на деветтото место на првенствената табела. /МИА

Сасуоло испадна од Серија А по 11 сезони во првата лига

Сасуоло испадна од италијанската Серија А. Денес  тимот загуби на домашен терен од Каљари (0:2) во натпреварот од 37. коло на најсилното фудбалско првенство во Италија.

Попладнево Удинезе и Емполи ремизираа (1:1) и се одлепија од Сасуоло на недостижни 4, односно 5 бода на едно коло пред крајот на првенството. Сасуоло (29 бодови) е претпоследен во поредокот.

Сасуоло стигна до Серија А во 2013 година. Оттогаш, тимот помина 11 сезони во највисоката дивизија.

Претходно Салернитана рано испадна од Серија А.

Третиот тим кој ќе ја напушти елитата ќе се бара помеѓу екипите на Емполи, Удинезе, Фросиноне, Верона и Каљари./МИА

Таравари се демантира самиот себе

Арбен Таравари ретерира од својата изјава дадена вчера за косовската државна телевизија дека ВРЕДИ ќе има 6 министри во идната Влада.

Денеска вели дека договор се уште не е постигнат, а информацијата што произлезе од него била дезинформација. Вели дека нема договор ниту за претседателот на Собранието да биде од нивните редови, иако вели дека остануваат на тоа барање, за да остане воспоставената пракса една од трите највисоки државни функции да биде раководена од Албанец.

Преговорите на работните групи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ“, според најавите, ќе продолжат и утре за да се финализира владината програма, а до петок се очекува да бидат договорени и кадровските решенија. Во меѓувреме во среда ќе има и прегласување на седум избирачки места во 5 и 6 изборна единица за да се види финалниот распоред на силите во Собранието.

притисни ентер