Газета дело спорт: Алегри може да го замени Тен Хаг на тренерското место во Манчестер јунајтед

 Раководството на Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста за отказ на тренерот на тимот Ерик тен Хаг.

Според „La Gazzetta dello Sport“, одлуката дали Холанѓанецот ќе ја задржи својата позиција ќе зависи од резултатите на следните два натпревара, со Порто во 2. коло од Лига Европа и Астон Вила во 7. коло од Премиер. лига. Ако резултатите се неуспешни, Тен Хаг може да бидат отпуштен.

Како веројатна замена е именуван поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Масимилијано Алегри. Раководството на Манчестер јунајтед се надева дека семејните околности нема да ја надминат желбата на тренерот да работи во нивниот клуб.

Последната работа на 57-годишниот Италијанец беше Јувентус, од каде беше отпуштен во мај 2024 година.

По 6. кола Манчестер јунајтед е на 13. место во англиското фудбалско првенство со седум бодови.

Избрани девет судии на Европскиот суд на правдата

Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) денеска избра девет судии и еден бранител во Судот на правдата на Европската Унија. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Судот на правдата на ЕУ се состои од Општ суд, како прва инстанца, и Судот на правдата, како повисока инстанца.

Согласно денешната одлука на Корепер, за судии во Судот на правдата беа именувани омбудсманот на данскиот Парламент, Нилс Фенгер, со мандат до 6 октомври 2027 година, и актуелниот судија во Трибуналот, Австриецот, Андреас Кумин, со мандат до 6 октомври 2030 година.

За членови на Општиот суд беа именувани актуелниот судија, Словакот Јуриј Шварц и советникот за правда во Европскиот совет, Луксембуржанецот, Рафаел Мајер, и двајцата со мандат до 31 август 2028 година, како и францускиот државен советник Ерве Касањабер, со мандат до 31 август 2025 година.

Новиот мандат на овие петмина судии почнува да тече од 7 овој месец.

Корепер, исто така, за судии во Основниот суд, но со мандат од 1 септември 2025 до 31 август 2031 година, ги именува и актуелните судии во овој Трибунал, Ирците, Сузан Кингстон и Колм Мак Ајохед и Шпанците, Хозе Мартин и Перез де Нанкларес и Мигел Сампол Пукурул.

Дополнително за генерален бранител во Судот на правдата беше назначен професорот по право на ЕУ и директор на Центарот за европско право при Кралскиот колеџ во Лондон, Италијанецот Андреа Бјонди, со мандат од 7 октомври 2024 до 6 октомври 2030 година.

Именувањата ќе стапат во сила по објавувањето на одлуките на Корепер во Службениот весник на Европската Унија./МИА

Во 2024 година 93,8 отсто од деловните субјекти користеле компјутер

Во 2024 година 93,8 отсто од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа, а широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 93,2 процента од деловните субјекти со десет или повеќе вработени, соопшти ДЗС.

Во однос на е-трговијата, 19,7 отсто од деловните субјекти со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, додека 18,9 проценти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба. /МИА

Две невакцинирани деца починаа од голема кашлица во Србија, се зголемува бројот на заболени

Во Србија од почетокот на годинава до крајот на септември пријавени се 1.483 случаи на голема кашлица, од кои 14 во септември, соопшти денеска Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, јави дописникот на МИА од Белград.

Според соопштенеито, од почетокот на годинава се пријавени два смртни случаи предизвикани од голема кашлица кај невакцинирани деца на возраст од два и пол и три месеци.

Најголем број заболени се пријавени во јануари, а од март е регистрирано намалување на бројот на заболени.

Најголем број случаи се регистрирани кај возрасните групи на лица постари од 20 години, односно на возраст од 10 до 14 години, додека највисока возраст на специфична стапка на инциденца е забележана во возрасната група на доенчиња помали од 12 месеци и кај децата на возраст од 10 до 14 години.

Од вкупниот број пријавени случаи, 140 (9,4 отсто) се хоспитализирани, од кои најголем број хоспитализирани се во возрасната група помлади од 12 месеци (101 случај или 72,1 отсто од хоспитализираните).

Најголем број случаи на голема кашлица во однос на местото на живеење се пријавени од територијата на Јужнобачкиот округ и градот Белград, каде што се регистрирани и највисоки стапки на инциденца.

притисни ентер