Фото: Мегапопуларни актерки го освоија црвениот тепих

Актерката Салма Хаек блесна на доделувањето на „WSJ Magazine Innovators Awards 2024“, заедно со колешката Пенелопе Круз и моделот Емили Ратајковски. 

Гламурозното трио беше забележано во Музејот на модерна уметност во Њујорк, при што Салма ги врти главите во долг, тесен црвен фустан со длабоко деколте што го истакна целиот нејзин раскош.

Пенелопе блесна во сребрено издание, а нејзиниот фустан имаше смел висок шлиц кој ги истакна нејзините секси нозе.

Хаек и Круз на црвениот тепих покажаа дека се и блиски пријатели, па заедно позираа рака под рака.

Во еден момент дури и се држеа за рака додека се смешкаа за насобраните камери. Нивното пријателство е едно од најдолготрајните во Холивуд и трае повеќе од две децении. Тие се запознаа во Лос Анџелес во раните 2000-ти и брзо се поврзаа со нивното заедничко мексиканско и шпанско наследство, како и со нивното претходно актерско искуство.

Хаек често ја нарекуваше Пенелопе како нејзина сестра во јавноста, бидејќи тие имаат „иста душа“ и се поддржуваа и на екранот и надвор од него. Заедно глумеа и во филмот „Banditas“ од 2006 година.

Во септември годишен пад на каматната стапка на вкупните кредити, а раст кај депозитите

Најновите податоци на Народната банка покажуваат во септември годишен пад на просечната каматна стапка на вкупните кредити од 0,08 процентни поени, а кај депозитите годишен раст од 0,42 процентни поени. 

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември изнесува 5,41 процент, а на депозитите 2,01 проценти.

Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи месечен пад од 0,05 процентни поени, а кај вкупните депозити мечсене раст од 0,14 процентни поени.

Каматната стапка на вкупните кредити за домаќинствата е непроменета на месечна основа, а кај вкупните депозити има месечно зголемување од 0,04 процентни поени.

Компанијата „Филип Морис“ ќе затвори две фабрики во Германија

 Производителот на тутун „Филип Морис“ најави затворање на своите фабрики во Германија поради, како што наведуваат, падот на побарувачката за тутун во Европа.

Производството во фабриката за преработка на тутун во Берлин ќе престане во првата половина на 2025 година, додека во Дрезден, каде тутунот за виткање се произведува од 2019 година, производството ќе биде завршено до средината на 2025 година, соопшти компанијата, пренесе Билд.

„Причина за ваквата одлука е намалената побарувачка за цигари во Европа во последните години. Се очекува овој тренд да продолжи“, се наведува во соопштението.

Од компанијата истакнуваат дека ќе бидат отпуштени вкупно 372 работници, од кои околу 270 работат во Дрезденската компанија.

„Филип Морис“ вети дека ќе понуди „фер решенија“ за сите работници кои се соочуваат со технолошки вишок.

Одлуката на „Филип Морис“, наведуваат аналитичарите, ги одразува промените во тутунската индустрија, каде побарувачката за традиционални цигари се намалува, а компаниите се прилагодуваат на новите пазарни услови.

Министерката Божиновска тврди дека има само македонско и чешко државјанство

Министерката Божиновска тврди дека има само македонско и чешко државјанство и оти нема важечки бугарски документи.

Министерката за енергетика Сања Божиновска тврди дека поседува само македонско и чешко државјанство и дека во моментот нема важечка бугарска патна исправа и документ за идентификација. Во соопштението испратено од Министерството за енергетика се наведува дека Божиновска на 14 септември минатата година побарала отпуст од бугарското државјанство.

- За жал, одредени актери од Бугарија, на кои не им е во интерес градењето на добрососедски односи помеѓу Македонија и Бугарија со цел надминување на пречките за нашето членство во Европската Унија, наместо култура на дијалог, ја злоупотребуваат ситуацијата. Државјанството кое го поседувала во минатото е земено од економски причини како што тоа го направиле многу македонски граѓани, а не како што некои актери сега сакаат да ја извртат вистината дека станува збор за национални причини, се наведува во соопштението испратено до МИА.

Бугарски БГНЕС објави дека во октомври 2004 година Божиновска своерачно потпишала дека има бугарско потекло при апликацијата за бугарско државјанство. Бугарската агенција објави и документ за кој тврди дека е декларација потпишана од Божиновска.

Ова беше тема и на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања на кои премиерот Христијан Мицкоски рече дека Божиновска е поголема Македонка од сите.

- Да биде Сања Божиновска дел од македонската влада е привилегија. Нејзините резултати во енергетиката се нешто кое може да го сонувате. Зборуваме за работи за кои јавноста не ја интересираат. За неа знае бизнис кремот од Украина до Шпанија и од Скандинавија до Атина. Измислуваме приказни кои немаат никаква врска ни со енергетиката, ни со минералните суровини. Тоа е исто како да зборуваме сега за тоа што вие дававте пасоши на белосветски криминалци. Сања Божиновска е многу поголема Македонка од вас сите заедно, рече Мицкоски одговарајќи му на Оливер Спасовски од СДСМ.

притисни ентер