Недовиќ по поразот во Каунас: Судиите се вмешаа во исходот на натпреварот

Судиите се вмешаа во исходот на натпреварот, долго време го немав ова доживеано.

Кошаркарот на Црвена ѕвезда, Немања Недовиќ ги обвини судиите за синоќешниот пораз од Жалгирис во Евролигата.

Црвена ѕвезда загуби во Каунас со 86:84. Српскиот клуб ги загуби првите две четвртини и се врати во вториот дел по двоцифрена негатива. Судбината на мечот ја реши Брајант Данстон со кош постигнат со звукот на сирената.

-Се вративме и имавме шанса да поведеме, но тогаш овие тројца момци навистина се вмешаа во натпреварот. Одамна не сум учествувал на ваков натпревар, изјави Недовиќ.

Тој натпреварот го заврши со 15 поени и пет асистенции.

Жалгирис е на второто место во поредокот во Евролигата со биланс 5-1 (победи-порази). Црвена ѕвезда падна на 12. позиција со биланс 3-3.

Ждреб за Торино: Синер и Алкараз во различна група

Ждрепката за завршниот АТП турнир во Торино се одржа денеска, а задоволен од неа може да биде светскиот рекет број 1 - Италијанецот Јаник Синер.

Група на Илија Настасе: Јаник Синер, Данил Медведев, Тејлор Фриц, Алекс де Минор

Група Џон Њукомб: Александар Зверев, Карлос Алкараз, Каспер Руд, Андреј Рублев

Пред ждрепката главното прашање беше дали Синер и Алкараз ќе бидат во иста група. Ждрепката одлучи дека тоа нема да биде така, а иако групите се релативно изедначени, впечатокот е дека тенисерот број еден во светот поминал нешто подобро.

Вториот носител Александар Зверев во својата група ги доби Алкараз, но и Руд и Рубљов, кои се далеку од добра форма.

Од друга страна, Медведев го доби Синер, а тоа ќе им биде 11-тиот состанок на во последните две сезони.

На неговиот единствен турнир во сала, Фриц беше нокаутиран во првиот меч од Дрејпер во Берси, а Алекс де Минор се бореше со повреда во вториот дел од сезоната и едвај стигна со завршниот турнир.

Народната банка не знае детали од разговорите меѓу банките и Владата за унгарскиот заем

Народната банка не знае детали од разговорите меѓу банките и Владата за унгарскиот заем и воопшто не е вклучена во овој процес. Ќе може да излезе со став откако ќе има подетални сознанија, рече денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. 

-Не сме вклучени во овој процес. Не ги знаеме деталите од разговорите. Кога ќе имаме подетални сознанија за разговорите и договорот меѓу банките и Владата, тогаш ќе можеме да излеземе со наш став, рече Ангеловска-Бежоска, одговорајќи на новинарски прашања, откако ги презентираше есенските макроекономски проекции.

Во врска со најавите на Владата за дополнителни задолжувања, гувернерката напомена дека намалувањето на буџетскиот дефицит е клучно за стаблизирање на јавниот долг. Во оваа насока ги повтори препораките на меѓународните финансиски институции: постепена фискална консолидација, постепена монетарна акомодација во линија со фискалната консолидација и интензивирање на структурните реформи.

-При нашите проекции ја земаме предвид најновата фискална стратегија која беше неодамна донесена и која предвидува патека на фискална консолидација, односно од буџетски дефицит 4,9 проценти оваа година, негово постепено намалување и сведување на околу три отсто во 2027 година. Нема дилема дека намалувањето на буџетскиот дефицит е клучно за стаблизирање на јавниот долг, подвлече Ангеловска-Бежоска.

Уште еднаш порача и дека стабилноста на јавните финансии е клучна од два аспекта: за среднорочна одржливост на јавниот сектор (за да може државата да го подготви и изгради својот капацитет за справување со натамошни, идни шокови), како и за поддршка на монетарната политика. Колку фискалната политика е попрудентна, тоа, напомена гувернерката, создава поголем простор за релаксирање на монетарната политика, односно посоодветни услови за обезбедување финансиска поддршка на компаниите и на граѓаните преку пониски каматни стапки.

Останува потребата, дополни, од водење прудентни домашни макроекономски политки за да нема нов бран инфлациски притисоци.

-Сите политки кои влијаат на агрегатната побарувачка, може да влијаат на инфлацијата. Имајќи ја предвид големата отвореност на нашата економија, големото учество на цените на храната и енергијата во нашиот инфлациски индекс, нешто над 50 отсто, јасно кажува дека глобалниот контекст и геополитичките ризици кои може позначајно да влијаат на цените на примарните производи, остануваат клучен ризик. Останува потребата од водење прудентни домашни макроеконосмки политки кои може да влијаат на агрегатната побарувачка, особено политките на пазарот на труд, но и интензитетот со кој би се спроведувале стуктурните реформи, објасни Ангеловска-Бежоска.

Според есенските проекции на Народната банка, девизните резерви достигнаа 4,9 милијарди евра што е нешто над четиримесечен увоз на стоки и услуги што се оценува како сосема соодветно ниво и во линија со монетраната стратегија на одржување стабилен девизен курс на домашната валута во однос на еврото.

Во однос на странските директни инвестиции, проекциите на среден рок се 4 отсто од БДП.

-Ова е слично ниво како во изминатите две години или малку пониско од тие 4,3 проценти во просек. Остварувањата продолжуваат да бидат солидни и првата половина од оваа година, беа подобри и од нашите очекувања. Приватните трансфери лани надминаа две милијарди евра, беа историски највисоки, па среднорочно сме попретпазливи и очекуваме нивно стабилизирање, рече дувернерката.

Илиоски ќе се бори за злато на Европското кик бок првенство во Атина

Илиоски, во категоријата лоу кик до 86 килограми беше убедливо подобар од грчкиот репрезентативец Христос Филис и борбата ја реши уште пред да заврши првата рунда, откако при водство со 3-0 го нокаутираше противникот.

Со нокаут пред крајот на првата рунда, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски го заврши полуфиналниот меч на Европското сениорско првенство во Атина и обезбеди пласман во финалето за одбрана на шампионската титула и златниот медал од пред две години, јави дописничката на МИА од Атина.

Илиоски, во категоријата лоу кик до 86 килограми беше убедливо подобар од грчкиот репрезентативец Христос Филис и борбата ја реши уште пред да заврши првата рунда, откако при водство со 3-0 го нокаутираше противникот.

Финалето на македонскиот репрезентативец ќе биде утре или в сабота.

Нашата земја на Европското кикбокс првенство веќе има бронзен медал по пласманот на Стефан Михајловски во полуфиналето, кој во вчерашниот меч загуби од украинскиот репрезентативец Серхи Бабенко и не обезбеди финале.

Македонската репрезентација со петмина кикбоксери во машка и женска конкуренција ја предводи претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата Дејан Митровски, а во составот се Бобан Илиоски, Стефан Михајловски, Митко Ашкилов, Леа Бошевска и Андреа Костовска, тренерот Драган Атанасовски, како и Ирена Митровска секретарка во Федерацијата.

На Европското кикбокс првенство во Атина што трае до 10 ноември учествуваат 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачи влеза од 41 држава.

притисни ентер