Фото: Легендарната убавица Синди Крафорд во бикини

Во 90-тите година на минатиот век сите жени сакаа да имаат тело како нејзиното. Денес има 58 години, но се уште без проблем може да се прошета во секси бикини.

Секако станува збор за безвременската убавица, некогаш славниот светски топ модел Синди Крафорд.

Една од најубавите жени на светот во последните неколку децении е позната по тоа што останува верна на својот природен изглед, комбинирајќи интензивен фитнес режим со одбивање на козметички процедури.

Модната икона и супермодел, и претприемач Синди Крафорд неодамна уживаше во сончевото Мексико, каде папараците ја фотографираа на плажа.

58-годишната Синди е уловена на прошетка по брегот во црвен костим за капење, покажувајќи ја својата беспрекорна фигура која им пркоси на годините.

Банкар на удар на јавноста поради плата од 15 милиони евра:Ако можат спортистите,зошто не и јас

Серџо Ермоти, шеф на најголемата швајцарска банка UBS, не планира да се пензионира иако наскоро ќе наполни 65 години.

По турбулентната 2023 година и преземањето на Credit Suisse, Серхио Ермоти најавува дека ќе остане на чело на банката до 2027 година.

- Иако веќе постигнав многу, морам повторно да се докажам. Ова е голема одговорност – изјави Серџо Ермоти во неодамнешното интервју за швајцарскиот Мигрос-Магазин.

Неговиот работен ден започнува во 5:45 часот наутро, а работното време често му трае и до 14 часа дневно. Двапати неделно не пропушта тренинзи во теретана, одржувајќи ја дисциплината која го донесе на врвот на групата UBS.

Враќајќи се на чело на UBS по драматичното преземање на болниот Credit Suisse во март 2023 година, Серџо Ермоти го виде тоа како своја должност.

- Бев привлечен од можноста да учествувам во пишувањето на едно од најважните поглавја на глобалната финансиска индустрија - објаснува Серџо Ермоти, банкар кој веќе успешно ја водеше UBS низ кризни времиња од 2011 до 2020 година.

Неговата годишна плата од околу 15 милиони евра предизвика бурни реакции во швајцарската јавност.

Сепак, Серџо Ермоти, кој се сеќава на своите почетоци и првата плата од 360 евра месечно како практикант во банката Корнер, не гледа проблем, пишува Блик.

-Ја знам вредноста на парите и разбирам дека на многумина мојата сегашна плата не им изгледа нормална. Понекогаш се прашувам зошто високите плати во економијата предизвикуваат толкаво внимание, додека истите суми во спортот и забавата поминуваат без коментар - вели првиот човек на УБС, Серџо Ермоти.

Во врска со спојувањето на Credit Suisse со UBS, Серџо Ермоти истакнува дека најголем предизвик е поврзувањето на компјутерските системи на двете банки во едно. Новата, обединета банка денес има значително помалку средства отколку пред финансиската криза од 2008 година, што ја прави постабилна и побезбедна.

Со капитал од речиси 200 милијарди долари за покривање на можните загуби, Серџо Ермоти убедливо тврди дека ризикот за даночните обврзници е минимален:

- Дури и да има проблеми UBS, речиси е невозможно даночните обврзници да загубат дури и франк.

Серџо Ермоти ги отфрла критиките за прекумерна концентрација на моќ во рацете на УБС, потсетувајќи дека повеќе од 200 домашни и странски банки работат во швајцарскиот банкарски сектор.

- Конкуренцијата е жива и здрава - нагласува тој, додавајќи дека големите банки денес претставуваат фактор на стабилност, а не на ризик во време на криза, пренесува Вечерњи лист.

Мицкоски: Овој проект е симбол на нашата визија за модерна и поврзана Македонија (Во живо)

Денеска е пуштен е во употреба експресниот пат Куманово (Страцин) - Крива Паланка на коридор 8.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска присуствува на пуштањето во употреба на експресен пат Куманово (Страцин) - Крива Паланка на Коридор 8. Изградбата на експресен пат Крива Паланка – Длабочица – Страцин (Чатал) започна во мај 2018 година и е во должина од 25,55 километри.

Инвестициона вредност за изградба е во вкупно вредност од 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се финансира со средства од Светска Банка и грант средства 13,50 милиони евра.

Како што посочуваат од Владата, експресниот пат се градеше во две фази и тоа: Лот 1 делница, Длабочица – Страцин (Чатал) во должина од 15.55 километри Инвестициона вредност на изградба е 43,75 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант средства, и Лот 2 делница, Крива Паланка – Длабочица во должина од 10 километри е завршено во рок. Инвестициона вредност на изградба е 50,54 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант средства.

Изведувач на работите на Длабочица-Чатал првично беше италијанската „Tirrena Scavi“ но поради слабиот прогрес договорот беше раскинат и работите ги продолжи Страбаг, а втората делница ја градеше „Гранит“. Надзорот над двете делници го вршеше ДИВИ Македонија.


Земјата денеска во 14.28 часот ќе биде најблиску до Сонцето

Денеска во 14 часот и 28 минути, Земјата ќе го достигне најблиското растојание од Сонцето во својата годишна орбита околу Сонцето.

Перихел е точката во која планетата е најблиску до Сонцето, а Земјата поминува низ перихел секоја година на почетокот на јануари и тогаш е оддалечена 147 милиони километри од Сонцето.

Спротивно на перихелот е афелот, кога Земјата е на најоддалечената точка од Сонцето, а оваа година тоа ќе се случи на 3 јули, објави Тајмс.

притисни ентер