Фото: Бујната убавица на рускиот фудбалер Волков

Сите колеги му љубоморат на рускиот фудбалер Сергеј Волков. Причина за тоа енеговата убава девојка Алина.

Минатото лето рускиот фудбалски репрезентативец Сергеј Волков се пресели од Краснодар во шампионот Зенит.

Но, овој 22-годишен десен бек, кој на пазарот вреди околу шест милиони евра, привлекува внимание и поради својата поубава половина.

Сергеј и Алина се заедно уште од школските денови. Тие пораснале во градот Чита во Сибит, кој има околу 350.000 жители.

Кога Сергеј се пресели во Краснодар, тие беа разделени две години, бидејќи Алина беше врзана за родниот град со нејзината работа во модната индустрија.

Меѓутоа, бидејќи врската на далечина опстана, таа се преселила да живее кај него, прво во Краснодар, сега во Санкт Петербург и планираат свадба.

Дознавте дека имате псоријаза? Воведете шест промени во начинот на живот и исхраната

Псоријазата е хронично воспалително заболување на кожата кое се карактеризира со црвенило и задебелување на кожата покриена со сребрено-бели и суви лушпи.

Промените најчесто се јавуваат на лактите, колената и скалпот, но може да се појават и на кој било друг дел од телото. Не постои лек за псоријаза, но преземањето соодветни чекори навреме може значително да помогне да се контролираат симптомите и да се намали создавањето на лушпи на кожата.

Во одредени случаи, неопходно е значително да се прилагодат животните промени и исхраната доколку имате псоријаза. Дерматолозите и диететичарите за „Eating Well“ идентификуваа кои промени во исхраната и во начинот на живот луѓето со псоријаза треба да ги земат во предвид.

„Псоријазата не е само состојба на кожата. Тоа е болест со потенцијални внатрешни манифестации како што се артритис, метаболички синдром, депресија, па дури и зголемен ризик од рак. Терапијата треба да вклучува третман на воспалението на кожата, како и третман на внатрешната состојба“, објаснува дерматологот Гери Голденберг за „Eating Well“.

Јадете урамнотежена исхрана

Хроничното воспаление е клучно во псоријазата, а изборот на исхрана може да помогне да се намали или да се влоши тоа воспаление. Како што известува Eating Well, една студија од 2022 година објавена во списанието Nutrients сугерира дека исхраната богата со овошје, зеленчук, интегрални житарки и омега-3 масни киселини, истовремено избегнувајќи алкохол, црвено месо и преработена храна, може да помогне во справувањето со псоријазата.

„Урамнотежената исхрана може да помогне да се намали воспалението во третманот на псоријазата, балансираната исхрана исто така го зајакнува имунолошкиот систем и го подобрува здравјето на кожата. Покрај тоа, индексот на телесна маса (БМИ) што укажува на прекумерна тежина или дебелина, е поврзан со потешките форми на псоријаза. Одржувањето на здрава тежина преку урамнотежена исхрана може значително да ја намали сериозноста на симптомите“, вели диететичарот Триста Бест.

Линдзи Бордоне, асистент професор на Одделот за дерматологија на Универзитетот Колумбија, за порталот истакнала: „Кај пациентите кои развиваат псоријаза откако ќе се здебелат, губењето на тежината може значително да ги намали симптомите. Во некои случаи, губењето на тежината може да доведе до значително помала псоријаза или враќање на кожата во почетната состојба."

Фокусирајте се на противвоспалителни намирници

Вклучувањето на противвоспалителни намирници во секојдневна исхрана е клучно за справување со псоријазата. Овошјето, зеленчукот, мешунките, рибата и интегралните житарки, го намалуваат воспалението и обезбедуваат клучни хранливи материи за регенерација на кожата и поддршка на имунолошкиот систем.

„Најдобро е да вклучите лиснат зеленчук, бобинки, домати и разнобоен зеленчук поради нивната содржина на антиоксиданси. Внесете масна риба во исхраната, како лосос, скуша и сардини или растителни извори на омега-3 масни киселини како ленено семе, чиа, ореви за да го намалите воспалението“. – тврди жената диететичар Триста Бест.

Голденберг додава дека диетата без глутен може да им помогне на некои луѓе. „Студиите сугерираат дека диетата без глутен може да ги намали симптомите на псоријаза дури и кај луѓе кои немаат алергија на глутен. Водењето дневник за исхраната со цел да се идентификуваат предизвикувачите исто така може да биде корисно“, објаснува тој.

Избегнувајте да јадете храна што ја влошува состојбата

Одредени намирници може да го влошат воспалението и да предизвикаат избивање на псоријазата. Бордоне тврди дека „алкохолот и стресот се двата најголеми предизвикувачи на псоријаза. Иако стресот е тешко да се контролира, избегнувањето алкохол е едноставна, но и значајна промена што можете да ја направите“.

Вообичаени предизвикувачи се преработената храна, шеќерот, црвеното месо и глутенот. „Следењето на внесената храна и симптомите може да ви помогне да разберете како одредена храна влијае на вашата состојба“, истакнува диететичарот Бест.

Бидете физички активни со редовно вежбање

Како што известува Eating Well, според прегледот од 2022 година, редовното вежбање има бројни придобивки за луѓето со псоријаза, тоа придонесува во одржувањето на здрава тежина, во намалувањето на стресот и подобрувањето на расположението. Имајте предвид барем 150 минути умерена физичка активност неделно или 75 минути интензивни физички вежби неделно.

„Вежбањето е клучно во справувањето со стресот и во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Стресот е познат предизвикувач на псоријаза, а редовната физичка активност може да помогне да се намали“, вели Бордоне.

Ефикасно справување со стресот

Голденберг истакнува дека „намалувањето на стресот е клучно. Едноставните практики како медитација, јога или длабоко дишење можат да помогнат во регулирањето на нивото на кортизол и намалување на воспалението“.

Обезбедете доволно квалитетен сон

Не е тајна дека квалитетниот сон е клучен за здрав имунолошки систем и поздрава кожа. „Спиењето е еден од најважните фактори во справувањето со автоимуните состојби како што е псоријазата“, истакнува Бордоне. Националниот институт за здравје препорачува спиење од седум до девет часа ноќе за оптимално здравје.

Стратегиите за подобар сон вклучуваат доследно време на заспивање и будење, рутина пред спиењето, избегнување екрани пред да спиете и ограничување на консумацијата на алкохол во доцните часови, известува Eating Well.

Џеј Ло и Бен Афлек се договараат за деталите за разводот, секој ќе си ја задржи заработката

Пет месеци откако Џенифер Лопез и Бен Афлек ја шокираа јавноста со веста дека се разведуваат, тие успеаја да ги договорат сите детали и поделбата на имотот и покрај тоа што не потпишаа предбрачен договор, пишува Дејли Мејл.

Тие на 20 февруари ќе потпишат официјални документи за развод, а секој ќе го задржи она што поединечно го стекнал за време на двегодишниот брак. Успеале да се договорат и за вилата на Беверли Хилс вредна 61 милион долари, која ја купиле заедно, но деталите се уште не се познати на јавноста.

ТМЗ, исто така, објави дека Афлек ќе го задржи својот удел во продуцентската компанија „Artists Equity“, која ја основа во 2022 година со пријателот Мет Дејмон. Компанијата стои зад филмовите „Air“, „The Accountant 2“ и „Unstoppable“.

Џеј Ло заработи повеќе за време на нивниот брак

Кога се појави веста за нивното раскинување, многумина беа изненадени што парот не потпишал предбрачен договор. За време на нивниот брак нивното богатство изнесувало вкупно 550 милиони долари, од кои 400 милиони заработила само Џенифер.

Таа сними четири филма откако се омажи за Бен, вклучувајќи го и самофинансираниот проект „This Is Me... Now: A Love Story“, финансиран од 20 милиони долари, кој ја документира романсата на парот. Таа лансираше и коктели Делола и требаше да оди на светска турнеја, која на крајот беше откажана.

Бен, кој имаше нето богатство од 150 милиони долари за време на нивниот брак, глумеше во филмовите „Air“ (2023.) и „Hypnotic“ (2023). Тој, исто така, ја заврши продукцијата на продолжението на „The Accountant“ од 2016 година во тоа време.

Љубов која пропаѓа цели 20 години

За потсетување, Лопез и Афлек се венчаа повеќе од 20 години откако се запознаа на снимањето на комедијата Џигли. Двојката првпат се вери во ноември 2002 година. Неколку дена пред да се венчаат во септември 2003 година, тие ја откажаа венчавката наведувајќи го „прекумерното медиумско внимание“. Во јануари 2004 година тие официјално раскинаа, но 16 години подоцна и дадоа на својата љубов уште една шанса, која не траеше долго.

Извор: Индекс.хр

Араухо би можел да замине на позајмица во Јувентус

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Роналд Араухо може да се пресели во Јувентус на позајмица, пренесува „La Gazzetta dello Sport“.

Според италијанскиот весник, 25-годишниот Уругваец веќе се согласил на трансферот за да добие поголема минутажа на натпреварите.

Барселона сè уште не ја прифатила понудата на торинскиот тим, но може да се согласи поради високата плата на дефанзивецот.

Араухо се пресели во Барселона во 2018 година. Сезонава поради повреда одигра само еден натпревар за Каталонците во Купот на Шпанија, постигнувајќи една асистенција.

Вредноста на Араухо на порталот „Трансфермаркт“ се проценува на 55 милиони евра. Неговиот договор со Барселона е до летото 2026 година. /МИА

притисни ентер