Форбс: Кристијано Роналдо најбогат спортист, Ѓоковиќ на шесто место

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е најплатениот спортист на светот. Најдобриот тенисер Ѓоковиќ, е на шесто место меѓу најбогатите спортисти.

Роналдо минатата година од клубот и спонзорите заработил 88 милиони долари, 7 милиони повеќе од Лионел Меси.

Ова е прв пат од 2 000 година на првото место да не се голферот Тајгер Вудс или боксерот Флојд Мејведер.

На третото место е Леброн Џејмс со 77,2 милиони, потоа Роџер Федерер со 67,8 милиони, потоа Кевин Дурент од Оклахома Сити Тандер со 56,8 милиони а шестопласираниот Новак Ѓоковиќ има заработка од 55,8 милиони долари.

Верстапен е казнет со пет места на стартот на неделната трка за Големата награда на Бразил

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, доби казна од пет места за неделната трка за Големата награда на Бразил во Формула 1, соопшти ФИА.

Холандскиот возач на Ред Бул е казнет поради промена на моторот. Тоа ќе биде втора ваква казна за лидерот во генералниот пласман во сезоната, откако правилата им дозволуваат на возачите да менуваат мотори до четири пати на сите 24 старта.

На „Интерлагос“ ваквата казна не се смета за особен проблем, бидејќи патеката во Сао Паоло е полесна за претекнување.

Сепак, казната на Верстапен ќе му даде дополнителна шанса на фаворитот на Мекларен, Ландо Норис. Со четири старта до крајот на сезоната и вкупно 120 бодови за освојување, Британецот е со 47 зад Верстапен во поредокот.

Купил складиште за 500 долари, па во него нашол милиони- среќата не траела долго (ВИДЕО)

Приказната за аукционерот Ден Дотсон, најпознат по реалното шоу „Storage Wars“, повторно и повторно се актуелизира на мрежите.

Тој го шокираше светот, пред неколку години, кога откри дека еден човек купил стар магацин за 500 долари (околу 460 евра), а внатре пронашол неверојатно богатство.

Доколку сте ги гледале споменатите ТВ серии, знаете дека заинтересираните се натпреваруваат за купување магацини, надевајќи се дека ќе заработат.

Внатре најчесто наоѓаат работи од втора рака, но среќата понекогаш им се насмевнува, како во случајот со неименуван маж, пренесува Unilad.

Дотсон открил дека една жена му пришла и го оставила без зборови со својата приказна.

„Нејзиниот сопруг купи складиште од мене и најде стар сеф. Ангажирале експерти за да го отворат. Внатре имаше 7,5 милиони долари во кеш“, рече тој.

Приказната звучи неверојатно, а многумина мислеа дека е направена за да се популаризира ТВ-програмата.

Од друга страна, Дотсон го раскажа и продолжението со шокантен пресврт.

„Потоа добија телефонски повик од адвокат кој ги застапувал поранешните сопственици на магацинот. Тие ги бараа парите назад, заедно со такса од 600.000 долари. Потоа ја удвоија сумата, па зделката беше направена“, додаде тој.

Дотсон смета дека епилогот им одговарал на двете страни.

„Да се ​​направи 1,2 милиони од магацин купен за 500 долари е пеколна зделка“, заклучил тој.

Заврши акцијата за спасување во Нови Сад: Билансот е 14 загинати и тројца тешко повредени

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека спасувачката акција во Нови Сад е завршена, а конечниот биланс од несреќата е 14 загинати и тројца повредени.

„Спасувачката операција во Нови Сад заврши. Дефинитивниот биланс од несреќата е 14 загинати и тројца повредени“, изјави министерот Дачиќ, пренесе Телеграф.

притисни ентер