Филипче: СДСМ ќе иницира затворена седница, Мицкоски да каже кој е планот за евроинтеграциите

Претседателот на СДСМ Венко Филипче го повика премиерот Христијан Мицкоски да свика затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес.

Доколку не го стори тоа, тогаш, како што кажа Филипче во синочешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, СДСМ како пратеничка група во Собранието ќе иницира затворена седница на која ВМРО ДПМНЕ и целокупното владино мнозинство, треба да појаснат дали има план и каков за продолжување на евроинтеграцискиот процес.

0 ВМРО-ДМНЕ и целокупното владино мнозинство, има обврска да каже како по тој пат понатаму.Очигледно е дека нивниот стратешки партнер Унгарија кажа дека не може да се меша и дека не може да помогне повеќе, така што владата има одговорност. Сметам дека премиерот има голема обврска, сега треба да го каже неговиот план и да го каже планот на Владата. Како ќе продолжиме, имаат ли план во која временска рамка ние ќе го направиме тоа. Размислуваат ли можеби да сме дел од некој друг сојуз, размислуваат ли да не остават да сме слепо црево во Балканот и да не остават да живееме сами, изолирани и без помош, рече Филипче.

Според него, владејачката гарнитура нема екслузивно право да го крие планот и идните чекори од јавноста. Посочи дека ВМРО ДПМНЕ дојде на власт со ветувања дека ќе ја подобри преговарачката позиција со ЕУ, ном како што вели, ништо не исполнија, напротив ги влошија односите со соседите.

Филипче смета дека Владата нема желба да ги исполни условите од Преговарачката рамка за државата да продолжи по европскиот пат. За раздвојувањето од Албанија, лидерот на СДСМ оцени дека земјава ќе стои во место, доколку Владата не преземе конкретни чекори.

- Следува сериозен период во кој ние ќе треба да стоиме во место. Сега има еден план, серозен план, на старо-новата претседателка на Европската комисија, од 2024 до 2029 година серозно да работат со земјите кои што се најнапред во процесот на преговори, со прием на пакет земји кои што треба да бидат, Црна Гора, Албанија и Македонија. Но тоа нема да се случи ако не го сработиме тоа што треба. Тоа значи дека нас сериозна работа не чека во 2024, 2025 и 2026 година и ако не почнеме сега, сме го пропуштиле тој воз, остануваме со Молдавија, Украина, Босна, Украина, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Литванија го ратификуваше договорот за распоредување на 5.000 германски војници во земјата

Литванија вчера го ратификуваше заедничкиот договор со Германија за распоредување на германска борбена бригада во балтичката земја-членка на НАТО, при што сите 88 пратеници присутни на гласањето го поддржаа планот, јави ДПА.

Договорот, склучен во Берлин на 13 септември, предвидува распоредување и на германски војници и на цивили од германските вооружени сили во Литванија.

Како одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа по руската инвазија на Украина, Германија одлучи трајно да ја распореди својата борбена бригада во Литванија, која треба да биде подготвена до 2027 година. Планот предвидува распоредување до 5.000 германски војници во земјата, од кои 80 отсто ќе бидат сместени во воената база во Руднинкаи, а останатите во јужниот литвански град Рукла.

Германска командна единица од околу 20 војници дојде во Литванија уште на 8 април, а уште 120 се очекува да пристигнат на почетокот на октомври.

Литванските пратеници почнаа да расправаат за планот минатата недела, откако германскиот министер за одбрана Борис Писториус се обрати во Парламентот. Литванскиот министер за национална одбрана Лауринас Кашунас го поздрави чекорот како „уште еден камен-темелник на стратешкото партнерство“ со Германија.

Германските пратеници исто така мора да го ратификуваат договорот, иако сè уште не е одреден датум. За време на неговата неодамнешна посета на Литванија, Писториус рече дека очекува процесот на ратификација да биде завршен следната година.

Пандов: Еден затвореник државата ја 10 илјади евра годишно

Еден затвореник државата ја 10 илјади евра годишно, мора да се растеретат казнено поправните установи.

Македонските затвори се преполни, вкупно има 2400 затвореници , а уште приближно толку треба да влезат во затворите алармираше утринава директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов.

Тој посочи дека еден затвореник државата ја чини 2000 денари дневно или околу 10 илјади евра годишно.

Затоа според него има неколку начини да се растеретат казнено поправните установи а тоа е преку условен прекин на казната, електричен надзор и подобра ресоцијализација на затворениците затоа што 60 проценти се повратници.

Синдикатот на кулурата бара исплата на августовските плати на вработените во „Охридско лето“

Синдикатот на културата бара од ресорното Министерство веднаш да ги исплати платите за август за вработените во Националната установа „Охридско лето“.

Според соопштението од Синдикатот, вработените во „Охридско лето“ се уште не ја примиле платата за август, иако овластеното лице на установата навреме и уредно доставило барање за одобрување средства за плати за односниот месец.

Платите не се исплатено поради забелешки од Министерството за култура и туризам за наводни неправилности во доставеното барање за платите, за кои Синдикатот смета дека се паушални и непоткрепени со што се прави огромна штета на вработените во НУ „Охридско лето“.

Од Синдикатот посочуваат дека раководното лице на буџетскиот корисник и единката корисник е одговорно дека доставеното барање за одобрување на средствата за плати е во согласност со закон.

„Посочената одредба јасно упатува на заклучок дека раководното лице на установата Охридско лето Охрид е одговорно дека доставеното барање за одобрување на средствата за плати е во согласност со закон и Министерството за култура и туризам и Министерството за финансии имаат обврска да го одобрат доставеното барање. Доколку Министерството за култура и туризам и Министерството за финансии сметаат дека доставеното барање за одобрување на средствата за плати за месец август 2024 година е незаконито или содржи невистините податоци, истите имаат можност да отпочнат постапка за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување”, казниво по член 353 од Кривичниот законик, против раководното лице на установата“, се наведува во соопштението од Синдикатот на културата.

Истовремено се повикува министерот за култура и туризам Зоран Љутков да застане против тендециозните влијанија на одредени вработени од Министерството за култура и туризам, за кои од Синдикатот посочуваат дека секогаш кога се работи за права од работен однос, а поврзани со финансиски додатоци како прекувремени саати, работа во недела и празник и слично, наоѓаат начини истите да не им бидат исплатени на вработените во институциите од културата.

Поради тоа, Сидикатот бара уште денеска да биде исплатена платата на вработените во НУ „Охридско лето“, а во спротивно ќе бидат покренати сите можни правни механизми за остварување на правото на плата на вработените во „Охридско лето“.

притисни ентер