Борусија Дортмунд еден месец без повредениот Адејеми

Карим Адејеми, кој постигна хет-трик во убедливата победа на Борусија Дортмунд од 7-1 против Селтик во Лигата на шампиони ќе биде надвор од теренот три до четири недели поради повреда.

Германските медиуми објавија дека станува збор за повреда на бутниот мускул, но сè уште не ја потврди природата на повредата на напаѓачот.

Според сите проценки, Адејеми сигурно ќе го пропушти саботниот натпревар во Бундеслигата на гостински терен против Унион Берлин, како и дуелот закажан за 18 октомври, по репрезентативната пауза, во кој Борусија ќе го пречека Ст. Паули.

Поради слична повреда, Адејеми веќе двапати мораше да паузира, а тоа беше во сезоната 2022/2023. Во случајот со првата повреда тој не беше на теренот еден месец, а во повторениот случај отсуствуваше два месеци.

Јанчев: Се асфалираат улиците ,,Личка’’ и ,,Владимир Назор’’,

Започна асфалтирањето на улиците ,,Личка’’ и ,,Владимир Назор’’, како дел од програмата за комунална изградба за 2024 година, информира денеска првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Изведувач на работите е фирмата Жикол.

Кавадарци за сите!, стои во објавата на Фејсбук, на градоначалникот Јанчев.

Европа обединета против Кина: Се создава мега производител на автомобили?

Наскоро би можеле да видиме голема промена во автомобилскиот свет.

„Stellantis“, производителот на „Peugeot“, „Citroen“, „Fiat“ и „Opel“, изгуби 14% од својата вредност на берзите во Милано и Париз во понеделникот. „Volkswagen“ загуби нешто повеќе од 2%, „BMW“ и „Mercedes“ околу 3%. Во Европа во првите шест месеци од оваа година се продадени за 15% помалку автомобили од лани, а не сите рози им цветаат на европските производители на глобално ниво.

„Stellantis“ се бори со разочарувачката продажба на автомобили, особено во САД, каде што „Fiat“, „Alfa“ и „Chrysler“ собираат прашина во салоните. Во Италија, „Stellantis“ драматично губи. Во септември во земјата се продадени 11% помалку автомобили отколку во истиот месец минатата година, а „Stellantis“ забележа загуба во продажбата од над 30%.

Конгломератот на брендови изгуби повеќе од 40 милијарди евра во вредност за шест месеци, а компанијата веќе најави дека ќе го прекине производството на новиот електричен „Fiat 500“ во Торино најмалку до ноември, а гласините за можно партнерство или дури повторно се појавува спојувањето со францускиот производител „Renault“.

На почетокот на оваа година веќе имаше многу шпекулации за далекосежна соработка на овие две компании, но во Париз и во Торино гласините секогаш беа демантирани.

Со истекот на договорот на извршниот директор на „Stellantis“, Карлос Таварес, во 2026 година, компанијата бара наследник, а најмногу се споменува името на Лук де Мео.

Актуелниот директор на „Renault“ и претседател на „ACEA“, Де Мео, инсистира на соработка со европските производители на автомобили со цел да се намалат трошоците, да се справат со кинеската конкуренција и да се исполнат европските барања за емисија на штетни гасови.

Тој би се залагал за еден вид модел на „Airbus“ за автомобилската индустрија - спојувањето на „Stellantis“ и „Renault “би можело да биде првиот чекор во паневропската соработка, а на салонот во Париз е планирана средба меѓу Карлос Таварес (Stellantis), Лука де Мео и извршниот директор на „BMW“, од Оливер Ципс.

Според италијанскиот весник „ Il Sole 24“, тема на разговор ќе биде евентуален мегасојуз на овие три компании.

Извор: Б92

Европски фронт не ги коментира информациите за излегувањето на Тачи

Европски фронт не ги коментира информациите за излегувањето на Тачи, од ДПА најавуваат став следните денови.

Од Европскиот фронт предводен од ДУИ денеска не ги коментираат информациите дека Мендух Тачи излегол од коалицијата.

Портпаролот на ДУИ Арбр Адеми во изјава за МИА вели дека пратеничката група е функционална.

- Пратеничката група е функционална и работи во полн состав, одговори кусо Адеми.

И Блерим Беџети од Европскиот фронт денеска на прес-конференција во Собранието даде речиси идентичен одговор.

- Европскиот фронт го има истиот број на пратеници во Собранието. За други прашања или дилеми треба да се обратите до Мендух Тачи или до Али Ахмети, рече Беџети.

На новинарско прашање зошто отсуствал Тачи на настаните организирани од коалицијата, Беџети одговори дека и во други активности се случува да отсуствува некој од претседателите на политичките партии што го сочинуваат Европскиот фронт.

- И во другите активности отсуствувал некој од претседателите на политичките партии што го сочинуваат Европскиот фронт. Ве уверувам дека тоа е нормално, секој со своите обврски и протоколарни средби може да отсуствува во некоја од средбите, рече Беџети.

Од ДПА за МИА изјавија дека наредните денови ќе има официјално соопштение.

Во изјава за медиумите, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити рече дека партиите во Европскиот фронт не се споиле иделошки, туку за да опстанат на политичка сцена.

Меџити рече дека нема информација дека се преговара со Тачи за негово преминување во Влен.

- Јас лично немам такви преговори. Како што и најавив пред некој месец, тие не се споија идеолошки или за повисоки цели, туку како да опстанат на политичката сцена, изјави Меџити во Арачиново.

Дел од медиумите информираа дека имаат потврда од ДПА дека Тачи ја напуштил коалицијата Европски фронт.

притисни ентер