„Гответе со Дракче“ - Шпагети со мелено месо

Во четврток (03.10.2024) во емисијата гостин ни беше Боби Бојчевски

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакување шпагети

300 гр. мелено месо

1 главица кромид

1 тегличе доматен сос

малку масло

сол и бибер по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Срцето престанало да му чука дури 20 минути!

Кога ги отворил очите рекол: Имам порака од Исус!

Зак Клементс имал само 17 г. кога доживеал страшна незгода на часот по физичко.

Седумнаесетгодишниот тинејџер Зак Клементс доживеал драматичен инцидент за време на часот по физичко. Додека трчал, неговото срце наеднаш застанало и немал пулс цели 20 минути. Тој долг период би значел или дека починал или дека ќе се разбуди со некоја здравствена последица. Сепак, ниту едно од двете сценарија не се случило.

Откако Зак падна, следеле напорни часови, како за лекарите кои се бореле за неговиот живот, така и за неговото семејство кое се надевало дека сè ќе биде во ред.

По цели 20 минути без пулс, лекарскиот тим на крајот некако успеал да го врати. Момчето потоа со хеликоптер било пренесено во болница. Овој исклучително долг период без срцева активност бил предизвик дури и за искусните медицински професионалци. Меѓутоа, по неколку дена поминати во кома, Зак ненадејно се разбудил на одделот за интензивна нега, а она што го кажал ги запрепастило сите.

Зак открил што видел во текот на тешкиот период кога срцето не му работело. Имено, тинејџерот тврди дека за време на клиничката смрт доживеал средба со Исус и дека токму Тој му помогнал да се врати во живот. Неговата изјава ги изненадила лекарите, а потоа приказната се проширила и сега за неа знае целиот свет. Иако е тешко да се поверува неговото брзо закрепнување, приказната што ја споделува е подеднакво неверојатна.

-Кога бев надвор од реалноста тие 20 минути, видов човек кој имаше долга разбушавена коса и густа брада и не ми требаше многу да сфатам дека тоа е Исус - рекол тинејџерот.

Присутните лекари и членовите на неговото семејство занемеле од шок.

- Му пријдов, а тој ја стави раката на моето рамо и ми рече дека сè ќе биде во ред... Да не се грижам - тврди Зак.

Таткото на момчето, Били Клементс, рече дека знае оти е тешко да се поверува во зборовите на Зак, но тоа е единственото нешто што има смисла бидејќи неговиот син бил во животно загрозувачка состојба.

-Кога се разбуди ни кажа нешто што доживеал. Едноставно, тоа не може да се објасни. Човечки не е можно да се објасни – изјавил неговиот татко Били Клементс, а пишува Fox 43 (Fox43).

Снимен е неверојатен напад на сибирски тигар- човекот за чудо преживеа (ВИДЕО)

Кинеските власти упатија предупредување до граѓаните да внимаваат на околината, по ненадеен напад од сибирски тигар.

Застрашувачкиот инцидент се случил во провинцијата Хејлонгџијанг на крајниот североисток на земјата.

Се сомневаат дека по овој крај се шетаат два крволочни ѕверови, а засега нема информации за нивно заробување. На социјалните мрежи се појави видео од напад врз земјоделец, кој за чудо го избегнал најлошото.

Локалните медиуми јавуваат дека сибирски тигри досега нападнале две лица, меѓу кои и 65-годишен маж на кого морало да му биде извршена операција на раката.

На видеото од вториот напад се гледа како човек излегува на улица, по што се појавува дивиот ѕвер кој ја урива оградата. Исплашената жртва брзо се повлекува, а тигарот исчезнува во маглата.

Се наведува дека синот на мажот ги известил властите за инцидентот, а мештаните биле предупредени да го заштитат својот добиток и да повикаат помош доколку видат диви животни, пренесува Индипендент.

Сибирските тигри се загрозен подвид и ги има многу малку во природата. Може да се најдат во долините на реките Амур и Усури во регионите Приморски и Хабаровск во Русија, како и во помал број во Манџурија (Кина).

Во просек, тие се долги околу три метри, високи околу 112 сантиметри и тежат меѓу 180 и 300 килограми. Тие не се пребирливи животни, јадат сѐ, од кожа со крзно до коски.

Инаку, ова не е прв случај сибирски тигар да залута во урбана средина. Во декември минатата година, див ѕвер нападна и уби човек кој го шетал своето куче во источен Хабаровск, Русија.

21- годишна мајка од Италија за две години закопала две бебиња во градината, сега открива зошто

Мајката (21) Кјара Петролини ги закопала своите две бебиња во дворот од куќата во Парма, Италија, а потоа признала дека првото било мртво родено, додека второто било живо.

Меѓутоа, набргу откако го родила бебето, новороденчето престанало да дише, поради што испаничила и решила да го закопа, пренесува Ла Република.

„Сфатив дека срцето на бебето повеќе не чука“, рече таа откако го родила бебето во август минатата година и го закопала во градината на нејзиниот дом.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, жената по име Кјара признала дека набргу по раѓањето „станала свесна за виталноста на детето и дека неговото срце повеќе не чука“.

Тоа го потврдија и наодите од обдукцијата, а како што велат експертите, бебето било родено живо и во белите дробови се гледаат траги од воздух, како да „се обидело да вдиши воздух, но не успеало“.

Оваа мајка имала сличен случај една година порано кога родила мртво бебе. Потоа се обидела да го затресе за да провери дали дише, но кога сфатила дека за жал не е така, ѝ паднало на памет да го остави во градината.

"Го потресов да видам дали е мртов, дали дише. Потоа помислив да го закопам во градината. Со голи раце ископав дупка", објаснила жената.

Таа за прв пат родила мртво бебе во 2022 година, а второто раѓање се случило на 7 август минатата година. Таа сама ја пресекла папочната врвца со кујнски ножици пред да ја фрли во тоалетот.

По породувањето се онесвестила, а сето тоа се случило во куќата додека нејзините родители и брат ѝ спиеле горе.

Жителите на Траверстоло, во провинцијата Парма, се уште се во неверување поради сѐ што се случило.

„Ние не сме заедница која молчи. Мојот апел е секој што знае нешто - да се изјасни.“ изјави радоначалникот Симоне Дал Орто за медиумите.

Кјара наводно рекла дека сама се породила дома и ги закопала децата, но во градот се зголемува сомнежот за тоа.

притисни ентер