Глумецот Џон Амос починал во август, но ќерка му, како и цела јавност, сега дознала за смртта

Познатиот американски глумец Џон Амос починал на 21 август, но оваа недела се дозна за неговата смрт. Смртта на Џон ја објави неговиот син Кели Кристофер К. Амос. 

Покрај обожавателите, за тажната вест преку медиумите дознала и неговата непријатно изненадена ќерка Шенон Амос.

„Останав без зборови. Нашето семејство ја доби потресната вест дека мојот татко Џон Ален Амос починал на 21 август. Ние сме уништени и имаме толку многу прашања за тоа како се случило ова пред 45 дена, а дознавме преку медиумите како многумина од вас. Ова треба да биде време за почит и славење на неговиот живот, а ние се бориме со измешаните емоции и неизвесноста околу неговата смрт“, изјави ќерката на својот интернет-простор.

Сепак, таа вели дека татко ѝ нашол мир и слобода, се наведува во објавата на Инстаграм.

Семејството Амос е во лоши односи најмалку една година. Шенон прво го обвини нејзиниот брат дека не му обезбедува соодветна здравствена заштита на татко им. Во објава на Инстаграм во јуни 2023 година, Шенон напиша дека нејзиниот татко бил „жртва на злоупотреба и финансиска експлоатација“, но Кели Амос и Џон Амос ги отфрлија тие наводи.

Патем, потврдата за смртта од округот Лос Анџелес, според „Дедлајн“ (Deadline), покажува дека Џон Амос починал од срцева слабост во болница во Инглвуд, Калифорнија, САД. Телото било кремирано на 30 август. Во извештајот е наведена ќерка му Кели како личност која го известила Одделот за јавно здравје на Округот Лос Анџелес за смртта на татко ѝ. Сѐ уште не се знае зошто Кели навреме не ја известила сестра си за смртта на татко им.

Бргу ќе дадеме конкретна позиција за предлогот на Филипче за затворена седница за идните чекори

Бргу ќе дадеме конкретна позиција за предлогот на Филипче за затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес, најави Мицкоски .

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе го анализира предлогот на лидерот на СДСМ Венко Филипче да свика затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес и дека бргу од денеска ќе даде конкретна позиција поврзана со овој предлог.

– Мора и Венко Филипче нешто да каже. Сега тој одбрал тоа да го каже. Во ред е, ќе го анализираме овој предлог на г. Филипче и бргу од денеска ќе дадеме конкретна позиција поврзана со овој негов предлог, изјави Мицкоски, кој заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, американската амбасадорка Анџела Агелер и генералите во Армијата, присуствуваа на методско-показна вежба на Армискиот полигон „Криволак“.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, вчера го повика премиерот Мицкоски да свика затворена седница за идните чекори за евроинтегративниот процес. Доколку не го стори тоа, тогаш, како што кажа Филипче во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, СДСМ како пратеничка група во Собранието ќе иницира затворена седница на која ВМРО ДПМНЕ и целокупното владино мнозинство, треба да појаснат дали има план и каков за продолжување на евроинтеграцискиот процес.

Лефков: ДЗР со сомнеж за објективноста на финансиските трансакции во МЗШВ во време на СДС И ДУИ

ДЗР со сомнеж за објективноста на финансиските трансакции во МЗШВ во време на СДС И ДУИ и вработувања на нестручен кадар.

Владата на СДС и ДУИ во целост работела незаконски и криминално. Ова не го кажува само ВМРО-ДПМНЕ ова го кажува и Државниот завод за ревизија, и тоа во извештај изготвен во време на СДС и ДУИ, а по кој ЈО не постапило.

Извештајот од Ревизијата на ДЗР за МЗШВ изразува сомнеж за вистинитоста и објективноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.

Имено според Извештајот на ДЗР постои неусогласеност на потребните вработувања во Планот за вработување и ангажираните лица, како и недостиг на стручен кадар од областите во делокруг на Министерството.

Ова е показател дека Љупчо Дон Николовски го партизирал министерството, и наместо преку конкурс да се бираат најстручните кадри и од струките од кои има потреба министерството, е вршена тешка партизација и полнење на МЗШВ со партиски послушници.

МЗШВ како министерство кое треба да извршува стручни анализи, да креира политики и носи мерки од областа на земјоделството, производство на храна, грижа за водите и шумите, очигледно најмалку имало стручни лица од овие области.

Се поставува прашањето што правело ЈО по однос на овој Извештај, особено ако се земе предвид дека истиот е изготвен и доставен до Владата уште во 2023 година. Зошто една цела година ЈО молчи и не постапува? До кога молк?

Исто времено мора да напоменеме дека неспособноста завршува со СДС. Ние работиме 100% одговорно за твојата иднина.

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Швјонтек ја прекина соработката со својот долгогодишен тренер

Прворангираната тенисерка во светот, Ига Швјонтек од Полска, денеска објави дека ја прекинува соработката со својот тренер Томаш Викторовски.

„По три години од моите најголеми успеси во кариерата, заедно со мојот тренер Томаш Викторовски, донесовме одлука да ја прекинеме нашата соработка“, напиша Швјонтек на Инстаграм.

За време на тригодишната работа со Викторовски, полската тенисерка освои четири од нејзините пет грен слем титули.

„Тренерот Викторовски се приклучи на мојот тим кога навистина ми беа потребни промени. Неговото искуство, аналитички став и огромното познавање на тенисот ми помогнаа да постигнам работи за кои не сум сонувала“, додаде Швјонтек.

Најдобрата светска тенисерка го назначи Викторовски за свој тренер на крајот од сезоната 2021. Тој и помогна да освои 19 од нејзините 22 титули во кариерата, како и олимписка бронза на Игрите во Париз.

Викторовски минатата година беше избран за тренер на годината на ВТА од неговите колеги.

притисни ентер