ФБИ: Смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс е „терористички чин“

Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс го смета за „терористички чин“.

Човекот кој го предизвика инцидентот на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, беше убиен од полициските службеници, наведува ФБИ.

Инцидентот се случи на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Најмалку 10 лица загинаа откако човекот удри во толпа луѓе, а повеќе од 35 се хоспитализирани.

Дали Мадона трет пат да се мажи- го покажа прстенот, а 38- години помладиот партнер се смее

Кралицата на попот, како што многумина ја знаат, Мадона (66), објави нови фотографии и го растури интернетот.

Иако нејзините галерии на „Инстаграм“ секој пат нудат многу интересни моменти, овој пат сите гледаа само на еден детал.

Мадона објави серија фотографии од новогодишната ноќ, како и од патувањето во Јапонија и посетата на една интересна изложба. Држејќи се до нејзиниот стил, готика и малку викторијански со елементи на модерното, стилот на Мадона не можеше да го одвлече вниманието од блескавиот дијамант на левата рака, не само што случајно беше забележан на фотографијата од времето поминато со нејзината ќерка, додека оди со своето момче и гордо го покажува прстенот.

Описот само придонесе за приказните дека светски познатата пејачка по трет пат ќе стапне на лудиот камен и тоа со 28-годишниот фудбалер Аким Морис.

Како што пренесуваат некои медиуми, Аким ја споделил таа конкретна фотографија на својата инстаграм приказна и напишал дека треба да го „бакне тој прстен“, давајќи уште еден навестување дека Мадона му кажала „да“.

Описот што избра да го напише со овие фотографии дополнително ја разгоре фантазијата на нејзините обожаватели, особено кога зборуваше за љубовта:

- „Сум била во пеколот и назад и дозволете ми да ви кажам дека беше прекрасно!“. Ја видов оваа фраза на изложбата Луиз Буржоа во Токио на новогодишната ноќ. Таа ги извади зборовите веднаш од мојата уста. Да се ​​биде мајка и уметник е еднаква чест и радост. Не можам да замислам да живеам друг живот - Еве со повеќе љубов - со среќни деца - со магично размислување - со добро здравје и вечни благослови. Им благодарам и ги пофалувам сите што се храбри, во овој живот и на сите други. Во 2025 година, кревам чаша за секој кој има храброст да биде свој, автентичен и да биде нивното „јас“ – напиша таа.

Герасимовски: Култната сала Работнички ќе блесне во ново руво

Реконструкцијата на легендарната сала Работнички во Градскиот парк се одвива во полн ек. Изминатата недела се демонтираше кровот и се поставува нов кров и нова фасада.

„Реконструкцијата се одвива според предвидената динамика. Во првата фаза до месец март планираме да поставиме нов кров и фасада, како и комплетно реновирање на канцелариските простории кадешто беа сместени спортските федерации. Новитет е тоа што ќе го прошириме теренот, ќе се постави нова еластична подлога и подно греење, а целиот простор ќе се климатизира. Ќе бидат поставени нови инсталации за електрична енергија, современо осветлување и водовод. Наместо досегашните бетонски клупи ќе поставиме 891 седиште“, информира градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Герасимовски, истакнува дека култната сала која е симболот на Скопје ќе биде реконструирана според највисоки стандарди за квалитет и согласно стандардите и процедурите на ФИБА.

Спортската сала Работнички ќе биде енергетски ефикасна со што значително ќе се намалат трошоците за енергија.

„Го враќаме сјајот на Работнички, покрај реконструкцијата на гледалиштето, предвидено е и обновување на туш кабините, поставување нова опрема, кошови и друга потребна инфраструктура“, вели Герасимовски.

Салата Работнички се реконструира за првпат по 50 години, а градоначалникот Горан Герасимовски е единствениот градоначалник од сите досегашни којшто ја враќа во живот оваа спортска сала која години наназад беше оставена да се распаѓа.

Општина Центар

Бочварски: Експресниот пат Страцин – Крива Паланка е проект на СДСМ и горди сме што е завршен

Со гордост ја споделуваме веста за завршување на експресниот пат Страцин – Крива Паланка.

Овој проект беше започнат од СДСМ во 2018 година и над 90% беше веќе реализиран до средината на 2024 година.

Станува збор за стратешки проект, стратешка инвестиција која е многу важна за развојот на североисточниот регион и значително ќе придонесе за подобрување на поврзаноста, за економскиот раст и развој, како и за квалитетот на живот на граѓаните на Крива Паланка и околината.

Да не беа блокадите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овој пат можеше многу порано да се заврши во текот на 2024 година.

За жал и само за свои политички цели пратениците од тогаш опозициската ДПМНЕ го кочеа овој проект како опозиција. Тогаш во Комисијата за финансирање и буџет ВМРО- ДПМНЕ со месеци го кочеше Предлог на законот за грант вреден 14 милиони евра кој беше потребен за завршување на овој експресен пат.

Но, како и да е, денес зборуваме за завршен патен правец и граѓаните од утре ќе може да ги почувствуваат придобивките за стратешките проекти започнати во време на владата на СДСМ.

Во рамки на проектот беше изградбата на двете делници:

-Делница Длобочица - Чатал (Страцин) со должина од 15,5 километри и

- Делницата од Крива Паланка до Длобочица, со должина од 10 км.

Или вкупната должина на експресниот пат е 25,5 километри.

Целиот проект е вреден 94 милиони евра, финансиран преку средства од Светска банка и грантови како дел од нашиот најзначаен Коридорот 8.

Со овој пат жителите од целиот регион ќе можат побрзо и побезбедно да патуваат меѓу Куманово и Крива Паланка, но добиваме модерно патно поврзување по една од најкомплексните делници во нашаѕта држава, во североистокот.

Стариот пат беше со многу свиоци и бавно движење на тешките товарни возила. Добиваме подобра поврзаност Скопје- Софија нешто што ќе влијае на развојот на трговијата, економијата и туризмот.

Конечно, граден по највисоки стандарди преку кој избегнуваме многу црни точки, која наликуваше на делница од 19 век а добиваме безбедност при патувањето за нашите граѓани и за сите учесници во сообраќајот.

Во северноистичниот дел на земјата СДСМ инвестираше многу, особено во делот на инфраструктурата, патиштата и развој на целиот овој регион. И тоа граѓаните од овој крај добро го знаат.

Покрај овој пат, реализирани се и други значајни инфраструктурни проекти, како реконструкцијата на патниот правец Куманово – Страцин, целосна реконструкција и проширување на патот Крива Паланка - Деве Баир, Куманово - Свети Николе како и изградба и реконструкција на мостови како и многу патни правци кон руралните средини.

На крај сакам да се заблагодарам на сите досегашни раководители на државните институции во изминатите 6 години, на сите инженери, вредните градежни работници кои работеа во поволни, но и неповолни временски услови, на сите надзорни инженери и проектанти, без кои денеска немаше да можеме да зборуваме за оваа голема придобивка за граѓаните, но и за подигнување на безбедноста но и конкурентноста на македонската патна инфраструктура, рече Благој Бочварски, пратеник на СДСМ.

притисни ентер