Фановите шокирани: Новак Ѓоковиќ се откажа од Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи да не учествува на познатиот Мастерс турнир во Париз кој се игра во салата „Берси“, а на програмата е од 28 октомври до 3 ноември, пренесува Спорт Клуб.

Веќе имаше многу прашања за тоа дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи на овој турнир, како и дали ќе игра на завршниот Мастерс во Торино, додека веќе е познато дека нема да настапи ниту на турнирот во Белград.

Изгледа како Новак штотуку решил да се одмори и да се подготви за турнирот во Торино со кој ќе ја заврши оваа календарска година.

Да потсетиме, на турнирот во Ријад учествуваше и Новак Ѓоковиќ, каде го освои третото место победувајќи го Рафаел Надал, додека претходно во полуфиналето на овој турнир беше поразен од Јаник Синер.

Пред да отпатува за Ријад, тој играше и на Мастерсот во Шангај, каде стигна до финалето.

Ѓоковиќ досега седум пати славеше во Берси.

Отстранети 60 кубни метри отпад од диви депонии во Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров

 Екипите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ подигнале и транспортирале околу 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров.

Во општина Гази Баба биле отстранети 15 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложен на јавна површина на улицата „Никола Киров Мајски“ во населбата Хиподром.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје во општина Чаир подигнале приближно 20 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата „Кемал Сејфула“ и пет кубни метри отпад одложен на сообраќајна површина во непосредна близина на Трговскиот центар „Мавровка“.

Подигнати се вкупно 20 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците „Лука Геров“ и „Христо Батанџиев“ во скопската општина Ѓорче Петров.

Канал 5 ТВ на своите македонски сограѓани Албанци им го честита празникот на азбуката

Како што е и редот и познат македонски обичај и традиција, денес треба сите жители на Македонија да бидеме горди на овој голем ден за македонските Албанци, наши сограѓани , за нивниот посебен ден и празник - Ден на Албанската Азбука

Овој историскиот ден е поврзан со Битолскиот конгрес одржан на 22 ноември 1908 г. кога било унифицирано писмото на Албанците.
Албанците ширум Балканот и светот го сметаат овој ден за императивен момент од нивниот културен , политички, образовен и научен живот.

На 14 ноември 1908 година во Битола бил свикан Битолскиот конгрес со цел да се создаде унифицирана азбука која ќе биде и почеток на албанската литература. На конгресот присуствувале 150 делегати, кои дошле од Албанија, како и од албанските заедници во Романија, Италија, Грција, Турција, Египет, Америка итн. Претседател на Конгресот бил албанскиот дипломат, писател и политичар Митхат Фрашери.

Министерот Минчев упати честитка по повод Денот на албанската азбука – 22 ноември

Министерот за јавна администрација Горан Минчев, лично и во име на Министерството за јавна админситрација упати честитка по повод Денот на албанската азбука – 22 ноември.

- Овој значаен ден е симбол на зачувувањето на културниот и јазичниот идентитет на албанската заедница, кој е нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество. Албанскиот јазик и азбука се темел на културната различност и богатството што ја обликува нашата заедничка иднина, посочува во честитката Минчев.

Како Министерство за јавна администрација, подвлекува минситерот Минчев, цврсто сме посветени на промовирање иницијативи кои ја поддржуваат јазичната и културната инклузија, обезбедувајќи еднакви можности и пристап до јавните услуги за сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност.

- Нека овој празник биде потсетник за важноста на меѓусебната почит и соработка, како темели за изградба на посилно и поинклузивно општество, вели министерот Минчев во четитката упатена по повод Денот на албанската азбука.

притисни ентер