Ф1: Серхио Перез уште две години во Ред Бул

Мексиканецот Серхио Перез за уште две години го продолжи договорот со Ред Бул, тимот кој доминира во Формула 1 во последните години и во моментов е првопласиран оваа сезона во пласманот на конструктори.

Неодамна се шпекулираше дека Перез би можел да го напушти Ред Бул, но возачот кој последен пат победи во април 2023 година на Големата награда на Азербејџан ќе остане верен на Ред Бул до 2026 година.

„Среќен сум поради продолжувањето на договорот и им благодарам на сите за довербата. Несомнено дека ќе се обидам да возвратам за тоа на самата патека со добри резултати“, изјави Перез.

Мексиканскиот возач е петтопласиран во моментов во генералниот пласман со 107 бодови, додека лидер е неговиот тимски колега и актуелен светски шампион Макс Ферстапен со 169 бодови.

Араухо би можел да замине на позајмица во Јувентус

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Роналд Араухо може да се пресели во Јувентус на позајмица, пренесува „La Gazzetta dello Sport“.

Според италијанскиот весник, 25-годишниот Уругваец веќе се согласил на трансферот за да добие поголема минутажа на натпреварите.

Барселона сè уште не ја прифатила понудата на торинскиот тим, но може да се согласи поради високата плата на дефанзивецот.

Араухо се пресели во Барселона во 2018 година. Сезонава поради повреда одигра само еден натпревар за Каталонците во Купот на Шпанија, постигнувајќи една асистенција.

Вредноста на Араухо на порталот „Трансфермаркт“ се проценува на 55 милиони евра. Неговиот договор со Барселона е до летото 2026 година. /МИА

И 23 години по воведување на еврото, се уште не се разменети 12 милијарди германски марки

Речиси четврт век по воведување на еврото, Германците сè уште разменуваат големи суми од нивната поранешна валута.

Германската централна банка соопшти дека во 2024 година размените биле околу 53 милиони марки, вредни околу 27,2 милиони евра.

Еврото беше официјално воведено на 1 јануари 2002 година, а 23 години подоцна, Германската централна банка проценува дека околу 12 милијарди марки сè уште не се разменети.

Според соопштението на бундесбанк, дел од парите најверојатно биле скриени, а потоа заборавени или на друг начин уништени, но се сомневаат дека дел од оваа сума веројатно се чува намерно, вклучително и во странство. Според германските закони, бундесбанката сè уште е обврзана бесплатно да ги заменува марките - без временско или ограничување на сумата.

Трамп не се откажува од спојување на Канада и САД

„Заедно - каква голема нација би била тоа“, дополни Трамп.

Доколку канада се спои со САД, немаше да има царини, даноците значително ќе се намалат и тие ќе бидат целосно безбедни од заканата на руските и кинеските бродови кои постојано ги опкружуваат“, напиша Доналд Трамп на својот онлајн сервис Truth Social.

„Заедно - каква голема нација би била тоа“, дополни Трамп.

Објавата дојде само неколку часа откако 53-годишниот премиер на Канада, Џастин Трудо ја најави својата оставка поради високата инфлација во земјата, кризата на станбениот пазар и јавните услуги.

Претходно, Трамп најави дека ќе воведе царина од 25 проценти за увоз од Канада. По средбата со трудо во неговата приватна резиденција во Флорида, Фокс Њуз објави дека трамп му рекол на канадскиот лидер дека неговата земја треба да стане 51-та американска држава доколку не може да се справи со зголемените царини.

Трамп сака да го купи и островот Гренланд, кои припаѓа на Данска, а се закани и дека ќе го врати панамскиот канал под контрола на САД.

притисни ентер