Евакуиран е Врховниот суд во Полска, има закана за поставена бомба

Зградата на полскиот Врховен суд е евакуирана поради закана од бомба, објави судот на Твитер, на денот на долгоочекуваното објавување на упатствата за заеми во швајцарски франци.

Службата за односи со јавност на Врховниот завод за ревизија објави на Твитер дека седиштата и канцелариите низ целата земја се евакуирани поради закана со бомба. Полските медиуми јавуваат дека бил евакуиран и Националниот судски совет.

„Како резултат на информацијата што ја добивме по е-пошта дека експлозивот е поставен во зградата на Врховниот суд, првиот претседател на Врховниот суд нареди евакуација на зградата“, додаде судот.

Веќе двапати одложена, денешната седница на Врховниот суд се очекувала долго бидејќи на неа останува да одлучи како судовите ќе ги третираат случаите со кредити во странска валута, односно дали банките можат да ја променат каматната стапка поради контроверзната клаузула.

Илјадници Полјаци зеле заеми во швајцарски франци пред една деценија за да ги искористат ниските каматни стапки, но нивните камати се зголемиле кога падна вредноста на полските злоти. Затоа, многу од нив покренаа правни постапки против банките.

Манчестер сити четврти пат по ред шампион на Англија

Манчестер сити е шампион на Англија во сезоната 2023/24. 

Во натпреварот од 38. коло „Граѓаните“ на домашен терен го победија Вест Хем (3:1). Двоен стрелец беше Фил Фоден. Играчот од средниот ред погоди во 2. и 18. минута. Родри постигна уште еден гол од додавањето на Фоден во 59. минута.

Стрелец на единствениот гол за гостите беше Мохамед Кудус (42. минута).

Манчестер сити заврши на првото место во Премиер лигата со 91 бод пред Арсенал кој собра 89. Тимот на Пеп Гвардиола ја освои шампионската титула четврти пат во низа. Покрај тоа, ова е шеста титула за Гвардиола во Премиер лигата.

Вкупно Манчестер сити има 10 трофеи. По бројот на шампионски титули, пред Сити се само Арсенал (13), Ливерпул (19) и Манчестер јунајтед (20).

Вест Хем ја заврши сезоната на деветтото место на првенствената табела. /МИА

Сасуоло испадна од Серија А по 11 сезони во првата лига

Сасуоло испадна од италијанската Серија А. Денес  тимот загуби на домашен терен од Каљари (0:2) во натпреварот од 37. коло на најсилното фудбалско првенство во Италија.

Попладнево Удинезе и Емполи ремизираа (1:1) и се одлепија од Сасуоло на недостижни 4, односно 5 бода на едно коло пред крајот на првенството. Сасуоло (29 бодови) е претпоследен во поредокот.

Сасуоло стигна до Серија А во 2013 година. Оттогаш, тимот помина 11 сезони во највисоката дивизија.

Претходно Салернитана рано испадна од Серија А.

Третиот тим кој ќе ја напушти елитата ќе се бара помеѓу екипите на Емполи, Удинезе, Фросиноне, Верона и Каљари./МИА

Таравари се демантира самиот себе

Арбен Таравари ретерира од својата изјава дадена вчера за косовската државна телевизија дека ВРЕДИ ќе има 6 министри во идната Влада.

Денеска вели дека договор се уште не е постигнат, а информацијата што произлезе од него била дезинформација. Вели дека нема договор ниту за претседателот на Собранието да биде од нивните редови, иако вели дека остануваат на тоа барање, за да остане воспоставената пракса една од трите највисоки државни функции да биде раководена од Албанец.

Преговорите на работните групи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ“, според најавите, ќе продолжат и утре за да се финализира владината програма, а до петок се очекува да бидат договорени и кадровските решенија. Во меѓувреме во среда ќе има и прегласување на седум избирачки места во 5 и 6 изборна единица за да се види финалниот распоред на силите во Собранието.

притисни ентер