Експлозии и пожар во магацини за пиротехника во Бугарија- двајца тешко повредени (ВИДЕО)

Две лица се тешко повредени во експлозија на магацини за огномет во бугарскиот град Елин Пелин.

Се работи за маж (48) и девојка (20). Двајцата се здобиле со изгореници од трет степен, објави Телеграф.

„Изгорениците од трет степен подразбираат оштетување на ткивото и кожата во состојба во која паѓа“, објасни директорот на Ургентниот центар, д-р Валентин Димитров.

На лице место имало пет возила на брза помош.

Министерот за внатрешни работи Калин Стојанов изјави дека имало големи шанси во магацинот да има уште две лица.

Според првичните информации, пожарот избувнал во три магацини.

„Ситуацијата е многу сериозна. Станува збор за компанија која се занимава со пиротехнички производи. Има шест магацини кои се полни со такви производи. Пожарникарите досега успеаја да ги евакуираат сите тешко повредени лица“, рече министерот.

Тој рече дека нема можност да се вклучат хеликоптери во гаснењето на пожарот.

„Доколку овие магацини се навистина полни, веруваме дека уште долго ќе татне“, рече Стојанов.

Според првичните информации, пожарот избувнал во три магацини.

Се очекува истрагата да се случи откако пожарот ќе биде целосно изгаснат.

Ким Џонг-ун: Јужна Кореја е непријателска земја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека Јужна Кореја е странска и непријателска земја, јавија државните медиуми.

Забелешките доаѓаат само еден ден откако агенцијата КЦНА соопшти дека националното собрание на Северна Кореја го изменило Уставот за да ја означи Јужна Кореја како „непријателска држава“, во согласност со ветувањето на Ким за отфрлање на обединувањето на двете Кореи како национална цел.

Ким, исто така, изјави дека природата на сојузот меѓу Јужна Кореја и САД е променета, а нивните различни, пософистицирани воени маневри ја нагласуваат важноста на посилното севернокорејско нуклеарно одвраќање.

Што се однесува до военото уништување на патните и железничките врски со Јужна Кореја од страна на Северна Кореја оваа недела, Ким додаде дека тоа значи „не само физичко затворање, туку и крај на злите односи со Сеул“, како и „целосно отстранување на бескорисната свест на сограѓаните и неразумната идеја за повторно обединување“.

Пјонгјанг минатата недела соопшти дека целосно ќе ги отсече меѓукорејските патишта и дополнително ќе ги обезбеди областите на својата страна од границата, како дел од притисокот за системот на „две држави“, отфрлајќи ја својата долгогодишна цел за обединување.

Ким ова го изјави вчера додека правеше увид во седиштето на Вториот корпус на севернокорејската армија, јави КЦНА.

Во кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Со сослушување сведоци на обвинителството во  Кривиченниот суд Скопје денеска  треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. 

На минатото рочиште инспекторите во СВР Скопје и Велес посочија дека двајца од осомничените ги довеле до телата на Вања и Панче.

На првото рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември минатата година.

Во Загреб ќе се одржи Балкан Економик Форум

Балкан Економик Форум - БЕФ денеска ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска, под главно покровителство на Central European Initiative (CEI), кој БЕФ 2024 го именува како свој водечки настан во годината.

Форумот кој, како што се наведува, „своите зачетоци ги има во Македонија, повторно на едно место ќе ги обедини економските, политички и академски лидери на Европа“. По успешните изданија во Скопје и Тирана, водечката регионална конференција Балкан Економик Форум се враќа со ново издание кое оваа година ќе се одржи во Загреб.

- Овогодинешниот форум ќе ги собере лидерите и иноваторите од Балканот и Европа за да разменат информации, искуства и препораки за справување со регионалните економски предизвици и промовирање на одржлив раст. Фокусирајќи се на стимулирање на зелениот раст и транзиција, BEF 2024 ќе содржи четири панели: Циркуларна економија; Иновации и претприемништво; Отпорност кон климатски промени и Чиста енергија. На конференцијата учествуваат врвни експерти од своите области од 12 земји членки на Централноевропската иницијатива, изјавил во пресрет на новото издание претседателот на БЕФ, Сашо Ќосев.

Од Балкан Економик Форум соопштија дека крајна цел на Здружението за регионален развој е да стане регионална платформа каде експертите, професионалците и лидерите од Балканот и светот, угледни личности од јавниот и приватниот сектор, академици, студенти, медиуми и други споделуваат идеи и предлози за најголемите економски предизвици кои што треба да се решат и надминат во регионот на Балканот, давајќи ја на тој начин својата поддршка на напорите на владите на земјите од регионот да постигнат одржливо влијание врз промоцијата на економскиот раст, регионалната соработка, мирот и безбедноста.

притисни ентер