Двократниот олимписки шампион Џошуа Чептегеи се повлече од трката на 5.000 метри на ОЛ во Париз

Двократниот олимписки шампион Џошуа Чептегеи се повлече од трката на 5.000 метри на Олимпијадата во Париз

Тркачот од Уганда Џошуа Чептегеи нема да се натпреварува на 5.000 метри на Олимпијадата 2024.

Чептегеи е олимписки шампион во Токио 2020 на оваа делница. Во Париз 2024 го освои златото на 10.000 метри.

- Толку сум горд што го освоив олимпиското злато на 10.000 метри. Толку сум горд на Уганда. По светска јуниорска титула на 10.000 метри, трикратна светска титула на 10.000 метри, светски рекорд на 10.000 метри, овој олимписки рекорд златен медал ја комплетира мојата колекција. По разговорот со мојот тим, решивме дека е најдобро да не се натпреваруваме на 5.000 метри Ви благодарам на сите за поддршката и ќе се видиме наскоро! – напиша спортистот на социјалните мрежи.

Трката на 5.000 метри на Олимписките игри во Париз е закажана за 10 август.

Јавна расправа за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Иако жените се повеќе се охрабруваат да пријават насилство поради силната законска рамка, случаите заглавуваат во институционалните лавиринти.

Иако жените се повеќе се охрабруваат да пријават насилство поради силната законска рамка, случаите заглавуваат во институционалните лавиринти, а сторителите најчесто несакционирани поради ниската законска имплементација – беше заклучокот на денешната собраниска комисија за еднакви права меѓу мажите и жените. Повеќе претставници на ресорни министерства, невладини организации и пратеници се согласија дека е потребно да се издвојуваат повеќе средства од буџетот, да се унапреди мултисекторската соработка, но и да се зголеми едукацијата на сите релевантни чинители.

- Мора да обезбедиме пари во националниот буџет, во буџетите на министерствата, во буџетите на општините затоа што без да обезбедиме пари сите законски измени се апсолутно непотребни,- Елена Димушевска – национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

-Градење на капацитетите исто така на судиите, на адвокатите, на обвинителите за да знаат што вели законот и кои се соодветните минимални казни и соодветните процедури,- Лесли Милер – УНИЦЕФ.

Од МВР алармираат дека доминантни се пријавите за телесна повреда при семејно насилство, чиј сторител според Кривичниот законик се гони по воља на жртвата наместо по службена должност, па жртвата често поради страв и притисок од сторителот одбива тоа да го стори. Од МВР бараат поголема заложба од страна на сите институции за препознавање на оваа појава.

-Таквите жени најчесто во полициската практика се повторуваат, тоа се жени кои што втор, трет четврти пат пријавиле насилство во семејството. За жал ваквите случаи најчесто завршуваат со фемицити и тоа е показателот колку ние како инститиции не умееме да ги препознаеме ваквите семејства,- Жаклина Посароска – МВР.

Анализите на УНДП покажуваат дека се повеќе растат формите на дигитално насилство врз жените, нешто што оттаму нагласуваат дека нашите закони не го препознаваат и третираат..

-Моментално ниту еден сервис во државата да не го покрива овој тип на насилство, не постои ниедно советувалиште во земјата кое што е подготвено за да врши советување во однос на технолошки овозможено насилство, а да не зборувам дека најмногу треба да обратиме внимание на превенција односно работа со млади,- Кристина Пленчиќ – УНДП.

Анализа на Центарот за истражување и креирање на политики покажува дека во делови од југозападниот регион во земјава нема кризен центар, шелтер и центри за жртви на силување, за што заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски најави отварање на нови 10 специјалнизирани сервиси за жените жртви на насилство.

Поделени реакции во јавноста по конгресот на СДСМ

Поделени се реакциите во јавноста околу отчетниот но и коннгресот на СДСМ за избор на новиот Централен одбор.

Според Петар Арсовски крајниот збор ќе го имаат испорачаните резултати, но добро е што СДСМ ќе се реформира, и со изборот на заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска прави обид СДСМ да ја поврати загубената демократска јавност.

За Александар Ристовски со новоизбраните кадри нема простор за оптимизам, ниту резултати на долг рок..

Главчев: Уставните измени со одложено дејство не се тема на разговор

-Јас мислам дека тоа прашање е решено.

За Бугарија прашањето со Македонија е решено, изјави бугарскиот технички премиер Димитар Главчев во телевизиско гостување прашан за предлогот на македонската влада и на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Бугарите да бидат вклучени во Уставот по влезот на земјата во Европската Унија. Главчев додава дека постојат рамки во кои мора да работат сите земји, вклучително и оние од Западен Балкан, а Бугарија направила доволно компромиси со својата национална самодоверба и достоинство.

-Јас мислам дека тоа прашање е решено.

-Вие можеби да, но тие не мислат.

Јас нема како да одговарам на властите во Македонија, за Бугарија прашањето е решено. Има рамки во кои треба да се движат сите држави-членки на ЕУ, вклучително и оние од Западен Балкан, така што нема тема за разговор мислам дека доволно компромиси направи Бугарија со своето национално чувство и достоинство за да прави уште,- Димитар Главчев – В.д. Претседател на Владата на Р. Бугарија.

Во меѓувреме, речиси еден месец по изборите во Бугарија се уште траат преговорите за формирање на влада. Од победничката ГЕРБ- СДС се децидни дека нема да се откажат Борисов да биде премиер, а како копромисно решение предлагаат претседателот на Собранието да биде од партијата на Кирил Петков.

„ Од премиер не можеме да отстапиме не за друго, бидејќи она што го правиме за Шенген и еврозоната со нашите колеги, за радост Унгарија претседава со ЕУ, колегата Орбан стои зад ветувањата поставени на дневниот ред за Шенгенот, имаме големи шанси. “-Бојко Борисов – ГЕРБ-СДС.

Доколку повторно нема коалициски договор, Бугарија ќе оди на избори по осми пат во четири години.

Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати истакна дека се надева дека во соседната државата ќе се формира стабилна влада, со која ќе може да седнат и да најдат решение за одблокирање на патот на Македонија во ЕУ.

притисни ентер