Драма во близина на Сицилија: Се запали траект со 117 луѓе (ВИДЕО)

Италијанската крајбрежна стража спаси 177 лица, вклучително и 27 членови на екипажот, од траект што се запали на пат од италијанскиот остров Лампедуза до Порто Емпедокле на Сицилија, соопштено е денеска.

Меѓу патниците на траектот имало и 83 мигранти кои биле префрлени од Лампедуза, се наведува во соопштението на крајбрежната стража. Сите патници се префрлени во брод на крајбрежната стража и се на пат кон Порто Емпедокле, освен тројца кои се враќаат на Лампедуза.

За време на спасувањето, крајбрежната стража употреби водени млазници за да ги разлади деловите на траектот погодени од пожарот што доцна синоќа избувнал во машинската соба.

Прво одбележување на Светскиот ден на поправки во Скопје

 Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на поправки во Скопје, денеска АРНО, во соработка со Општина Кисела Вода, ќе го најави отворањето на првиот Центар за поправки, кој ќе биде достапен за јавноста од јануари. 

- Поправките играат важна улога во зачувувањето на ресурсите и намалувањето на отпадот, што придонесува кон заштита на животната средина и одржливост. Овој настан има за цел да ја подигне свеста и да ги поттикне граѓаните да станат дел од оваа значајна иницијатива, се наведува во соопштението од АРНО.

На настанот најавено е обраќање на Ирина Јаневска (АРНО), која ќе зборува за важноста на Центарот за поправки, додека Антонио Даниловски (АРНО) ќе ги претстави активностите што ќе следат во Центарот, како и двата повика за јавноста – за мајстори и за донации на играчки.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ќе ја истакне поддршката на општината за проектот. По прес-конференцијата, ќе следат работилници за поправки со средношколци од СУГС „Георги Димитров“, кои ќе работат на реупотреба на производи и поправка на играчки. Поправените играчки ќе бидат донирани на деца од семејства со помалку можности.

Објавен списокот од 25 фудбалери номинирани за наградата „Златно момче“

Списокот со фудбалерите номинирани за наградата „Златно момче“, која се доделува секоја година, беше објавен денеска.

Голем фаворит за освојување на наградата е ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал.

Во изминатите три години, наградата им припадна на талентите од Ла Лига – Педри и Гави од Барселона и Џуд Белингем од Реал Мадрид.

На листата има 25 имиња, а победникот ќе стане познат на 4 декември.

Во изминатите години, добитници на престижната награда беа Лионел Меси, Килијан Мбапе и Ерлинг Холанд.

Номинирани за за наградата „Златно момче“:

Ламин Јамал (Барселона), Жоао Невеш (Пари Сен Жермен), Ворен Заир-Емери (ПСЖ), Алехандро Гарначо (Манчестер Јунајтед), Пау Кубарчи (Барселона), Савио (Манчестер Сити), Рико Луис (Манчестер Сити), Александар Павловиќ (Баерн Минхен), Коби Мајну (Манчестер Јунајтед), Јорел Хато (Ајакс), Лени Јоро (Манчестер Јунајтед), Џејми Бино-Гитенс (Борусија Дортмунд), Кенан Јилдиз (Јувентус), Кристијан Москера (Валенсија), Адам Вартон ( Кристал Палас), Арда Ѓулер (Реал Мадрид), Матис Тел (Баерн Минхен), Дезире Дуе (ПСЖ), Оскар Глох (Салцбург), Саму Омородион (Порто), Вилсон Одобер (Тотенхем), Андреас Шелдруп (Бенфика), Ендрик (Реал Мадрид), Елиес Бен Сегир (Монако) и Самуел Мбангула (Бенфика).

Книжевна вечер во чест на академик Влада Урошевиќ

Настанот е насловен „Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“ и со цел да му се оддаде почит на академик Урошевиќ.

Книжевна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ ќе организираат „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ денеска од 19 часот во „Дајмонд мол“, со која ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на овој македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач и професор во пензија на Филолошкиот факултет на УКИМ.

Настанот е насловен „Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“ и со цел да му се оддаде почит на академик Урошевиќ.

За неговото дело, за влијанието, за менторството и за книжевните пријателства ќе зборуваат четворица негови студенти: Лидија Капушевска-Дракулевска, Соња Стојменска-Елзесер, Владимир Мартиновски и Владимир Јанковски, а во улога на модератор ќе биде писателката Оливера Ќорвезироска.

„Арс Ламина“ го објави романот на Урошевиќ - „Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, кој ја доби престижната награда „Роман на годината“, а во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“ оваа издавачка куќа реобјави и три евергрин-наслови од Урошевиќ: „Вкусот на праските“, „Мојата роднина Емилија“ и „Невестата на змејот“.

Влада Урошевиќ е роден на 17 октомври 1934 година, во Скопје. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“.

[Поезијата на светски великани на поетскиот збор, учесници на Струшките вечери на поезијата, преведена и издадена на македонски јазик, со својата големина, сериозноста на пристапот и со квалит]

Урошевиќ е член на ДПМ од 1961 година и член на Македонскиот ПЕН- центар. Исто така, тој е член на МАНУ (од 1997 година), како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург.

-Академик Урошевиќ важи за еден од најзначајните претставници на македонскиот модернизам, фокусиран врз истражување на чудесното, фантастичното и надреалното. Освен со пишување, Урошевиќ се занимава и со преведување. Тој ги има препеано најзначајните руски и француски поети на македонски јазик. Има објавено над 50 книги: поезија, раскази, студии, критики и есеи, антологии и романи. Добитник е на најпрестижните книжевни награди: „Браќа Миладиновци“, „Григор Прличев“, „Рациново признание“, „Кирил Пејчиновиќ-Тетоец“, „Младост“, „Нолит“, наградата на Турскиот ПЕН „Халид Един Адивар“ (2007), „Стале Попов“ (2006), орденот на московската организација на Сојузот на руските писатели „Сергеј Есенин“, како и „Роман на годината“, информира организаторот на настанот.

Во 2023 година, покрај наградата „Роман на годината“, академик Урошевиќ го доби и врвното поетско признание „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и беше прогласен за автор на годината од Македонската асоцијација на издавачи.

притисни ентер