Дом полн со детски џагор и смеа–„слатките маки“ на Благица и Александар со близначињата

Леонтина, Михаил, Ведран, Теодор тројцата братичиња и една сестричка 2024 година ја направија најрадосна за нивните мама и тато Благица и Александар.

На гости во Штип кај сега 14 месечните бебиња. Иако разлика во минута во раѓањето секој од нив е различен. Не само по бојата на очите, косите туку и карактерно. Прв не пречека Ведран, по него Михаил и Теодор кои беа малку непријатно изненадени и збунети од непознатите гости. Но затоа на Леонтина шармантно насмеана и бевме драги гости. Благица мајката која е вистински херој цело време низ насемвка кажуваше за четирите години без деца, а сега за секоја година чекање има по една радост.

Таа преку ден сама ги чува децата, сопругот Александар работи. Од мали имаат ред, и се научени дека не може одма и сега туку ако еден го пресоблекува другите тројца чекаат. Михаил и Ведран се попалави, додека Леонтина и Теодор помирени, но се послаби во јадњето, раскажува Благица.

За подленоста се уверивме и не Михаил не сака да ја дели мама, па бараше решение како братчето Теодор да се тргне. Леонтина е мирна но се што е ново е предизвик за неа. Најсимаптичен и беше нашиот микорфон.

Најголема радост за нив е кога се враќа тато Александар од работа. Тој вели дека колку и да е уморен четирите дечиња се најубаво нешто. Тој е задолжен во пресоблекувањето по бањањето, потоа во хранење.

14 месечните дечиња знаат дека играњето е на подот, но оброкот на масичките. По оброкот продолжуваат на попланедново спиење. Најважно и најдобро е кога сите ќе заспијат заедно. Благица и Александар на сите им ја честитаат новата година и најважно е да се има верба дека сонот за рожба ќе биде реалност.

Се менува и наставната програма во Сирија, децата веќе нема да учат за еволуција на животните

Новата влада на Сирија се соочува со критики откако најави промени во училишната програма.

Промените објавени во списокот со амандмани на официјалната Фејсбук страница на Министерството за образование вклучуваат промена на фразата „патот на добрината“ во „исламски пат“, односно „проколнати се и залутани“ на „Евреите и христијаните“, што одговара на ултраконзервативното толкување на стихот во исламската света книга Куран.

Со измените се редефинира и зборот „маченик“, така што „маченик“ повеќе не е некој што загинал за државата, туку некој што се жртвувал „за волја на Бога“. Некои поглавја се целосно отстранети, покажува списокот, вклучително и поглавје за „потеклото и еволуцијата на животот“. Не е јасно дали промените веќе стапиле на сила, но тие би важеле за сите ученици на возраст од 6 до 18 години, пишува CNN.

Новите функционери беа назначени минатиот месец, откако Асад беше соборен од бунтовниците предводени од Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), група која произлезе од поранешен огранок на Ал Каеда. Во последните недели, бунтовничкиот водач Ахмед ал Шара се обиде да докаже дека новата влада се заснова на толеранција и инклузивност.

Пред да биде симнат од власт, Асад ја предводеше партијата Баат, секуларна, националистичка партија која беше на власт во Сирија од државниот удар во 1963 година. Некои корисници на социјалните мрежи се прашуваа зошто привремената влада прави промени во наставната програма, додека други го отфрлија она што го гледаа како обиди за „бришење“ делови од историјата на земјата.

„Актуелната влада е техничка и нема право да ги прави овие промени на наставните програми. Наставните програми мора да се променат во согласност со новиот устав“, коментира еден корисник под објавата на Фејсбук на Министерството. Други нагласија дека промените ќе го воведат она што се смета за „исламистички речник“.

Министерството наскоро објави дека „наставните програми и програмите во сите училишта низ Сирија остануваат непроменети додека не се формираат специјализирани комитети кои ќе ги разгледаат и ревидираат“.

Во соопштението објавено во име на министерот за образование Назир Мохамад ал-Кадри се вели дека министерството „само наредило отстранување на содржината што го велича соборениот режим на Асад и ги заменила сликите на знамето на режимот со оние на сириската револуција во сите учебници“.

Министерството нагласи дека измените се однесуваат на корекција на одредени „неточности“ кои биле присутни за време на режимот на Асад во наставната програма за исламско образование, „како што е погрешното толкување на некои стихови од Куранот“.

Новиот министер за образование претходно рече дека наставните програми во Сирија нема да се променат освен да се отстранат референците за поранешната владејачка партија Баас. Во интервју за Ројтерс минатиот месец, Ал Кадри рече дека и исламската и христијанската религија ќе продолжат да се предаваат како предмети во училиштата и дека основните училишта ќе останат мешани во смисла дека ќе ги посетуваат и девојчиња и момчиња.

Средното образование ќе остане главно сегрегирано, додаде тој, како што беше за време на ерата на Асад. Актуелната влада треба да биде само привремена додека не се одржат избори во земјата.

Џеј Ло во минијатурно бикини- фановите воодушевени: Аспен поскапе (ФОТО)

Џенифер Лопез замина на одмор со семејството за да ја дочека Новата година.

Како што вообичаено се случува, таа објави интересни моменти од својот одмор на фотографии и видеа, а еден таков момент кој привлече најголемо внимание е фотографијата во минијатурно бикини.

Актерката и пејачка Џенифер Лопез ја дочека Новата година во Аспен, Колорадо со своите најблиски. Таа сподели неколку фотографии на социјалните мрежи, а најмногу внимание привлече онаа во мини бикини.

Имено, Лопез позира во црно минијатурно бикини кое го искомбинира со крзнени чизми и каубојска капа, а носи и ланче во форма на срце.

„Ќе се вратиме во Аспен“, напиша кратко таа заедно со фотографиите од одморот. На фановите не им требаше многу време да ја опсипат со разни комплименти.

''Но оваа фотографија од бикини, убава'', ''Аспен штотуку поскапе'', ''Само убава'', ''Мило ми е што гледам колку си позитивна'', ''Се надевам дека уживаше во семејните моменти“, е дел од коментарот на Инстаграм.

Инаку, Лопез беше во Аспен со 16-годишните близнаци Макс и Ема, мајката Гвадалупе, сестрата Линда, менаџерот Бени Медина.

Австралиските власти трагаат по млад сурфер, се стравува дека го изела ајкула (ВИДЕО)

Сурферот кој исчезна вчера на плажа во Јужна Австралија, се верува дека загинал во напад на ајкула, соопштија денеска властите, откако беа претресени водите каде што исчезнал.

Сурфер (28) исчезнал на популарната плажа за сурфање, каде во 2023 година уште еден човек беше убиен од бела ајкула, пренесе АП.

Сведокот кој го видел нападот на ајкулата вчера вечерта на плажата Гранитс, во близина на крајбрежниот град Стрики Беј, отишол во морето на џет ски и ја извадил даската за сурфање на исчезнатиот човек, изјави полицајката Ребека Стоукс за австралиската телевизија ABC.

„Но, едноставно немаше трага од овој млад човек. Според описот на сведокот, прилично сме сигурни дека, за жал, тој е убиен од ајкула“, изјави Стоукс за ABC.

Таа рече дека е познато дека ајкулите ја посетуваат таа плажа, но не прецизираше за каква ајкула станува збор.

Припадниците на брзата помош и волонтерите денеска го пребаруваа морето каде исчезна сурферот, а плажата беше затворена за јавноста.

Според австралиската база на податоци за инциденти на ајкули, имало 255 фатални каснувања од ајкула во земјата од 1971 година.

Во последните пет години во државата Јужна Австралија се регистрирани повеќе вакви напади од вообичаено, а во 2023 година имало пет напади од ајкула на плажа, од кои три биле фатални.

притисни ентер