Дневен хороскоп за 5. октомври 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 5. октомври 2024 година. 

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Во текот на денешниот ден вашите лични односи ќе се доведуваат во ред и малку по малку ќе се подобруваат.

Кариера

Алтернативците одлично ќе ги води интуицијата , а креативците едноставно ќе уживаат во својата работа.

Здравје

Здружете се со младите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние во подолга врска успешно ќе го обноват својот сексуален живот. Оние кои сеуште се сами , нека излегуваат зашто ќе им биде убаво.

Кариера

Со која работа и да се занимавате , денеска би можеле успешно да го споите убавото со корисното.

Здравје

Игнорирајте го немирот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

За вас ни денеска нема пречки. Отворени ви се многу љубовни врати , а ваше е да изберете.

Кариера

Количината на мислите во вашата глава ќе биде значителна , но ниту една нема да биде поврзана со работата.

Здравје

Поминете си убаво.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата најдрага личност ќе може да се потпре на вас , а со тоа ќе ви се подигне самодовербата.

Кариера

Во моментов ништо не ве загрижува. Ако треба да се работи , во ред , ако треба да се оди во борба за работа , и тоа не ви пречи.

Здравје

Почнете да вежбате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Како што ќе минува денот, ќе имате се поголема потреба дасе повлечете од другите и да се завлечете во четирите ѕида на домот.

Кариера

Некои меѓу вас ќе посакаат одмор . Можно е да посакаат и да добијате неколку слободни денови.

Здравје

Преиспитајте се себеси.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку се контролирате и ја пшочитувате другата страна, може да очекувате подобрување на личните односи.

Кариера

Веројатна е многу пријатна соработка со деловни партнери од странство или со луѓе од иста професија.

Здравје

Ќе ви олесни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе поверуваат дека се на прагот на конечно решение, но ќе се покаже дека треба уште да поработат на својот однос.

Кариера

Ќе ве интересира се што може да придонесе кон вашата сигурност. Некои ќе ги анализираат финансиите , а другите ќе ги проверат бравите во станот.

Здравје

Немате причина за страв.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе продолжите да излегувате и да ја развивате својата врска на паметен начин . Некои тукушто ја започнале , па нека одат полека.

Кариера

Можеби ќе имате малку повеќе среќа од другите , бидејќи на работното место сега ви помагаат.Но , и тоа ќе помине.

Здравје

Одморете се за утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашето љубовно расположение ќе биде во пад, додека партнерот ќе има потреба за повеќе нежност. Бидете тактични.

Кариера

Во деловната кореспонденција ќе бидете многу оригинални . Со своето изразување ќе поттикнувате , но и ќе ги збунивате другите.

Здравје

Денеска сте возач различен од сите други.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Помалку ќе приговарате , па вашиот партнер ќе станува се посреќен и позадоволен , а секако и вие со него.

Кариера

Би можеле да ги проширите вашите деловни хоризонти со нови знаења , помодерен пристап или со истражување без компромис.

Здравје

Вежбајте јога.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Немојте да се споредувате со другите , зашто нема добро да се чувствувате. Бидете мирни и трпеливи и уживајте во она што го имате.

Кариера

Имате одлични идеи како да ја унапредите дејноста во која работите. Ќе размислувате за тоа.

Здравје

Верувајте во подобро утре.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сентименталноста или потребата од нежност ќе предизвика голем копнеж кај вас доколку сте сами , или пак желба да му угодувате на партнерот.

Кариера

Уметниците ќе имаат многу впечатливи настапи и денеска , а другите навистина ќе уживаат во публиката.

Здравје

Аплаузот е загарантиран.

Бајден: Да бев на местото на Израел ќе размислев дали да ги гаѓам иранските нафтени постројки

 Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави  дека ако тој беше Израел, ќе разгледав алтернативи за гаѓање на иранските нафтени постројки, додавајќи дека мисли дека Израел сè уште не одлучил како да му одговори на Иран.

Бајден ова го кажа во одговор на прашање на брифинг во Белата куќа.

-Израелците не одлучија што да прават во врска со нападот. За тоа сè уште се разговара, рече Бајден пред новинарите во Белата куќа.

„Да бев на нивно место, ќе размислував за алтернативи за гаѓање на нафтените постројки“, додаде тој.

Тензиите меѓу Иран и Израел се на највисоко ниво бидејќи Израел во моментов ги разгледува опциите како да одговори за иранскиот напад со балистички ракети, што Техеран го изведе во вторникот како одговор на воената акција на Израел во Либан.

Бајден беше прашан што мисли за тоа дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обидува да влијае на американските избори на 5 ноември со тоа што не сака да се вклучи во дипломатско решение на ситуацијата.

-Дали тој се обидува да влијае на изборите, не знам, не сметам на тоа, одговори Бајден. „Ниту една администрација не му помогна на Израел повеќе од мојата“, додаде тој.

Американскиот претседател изјави и дека е убеден оти претстојните претседателски избори ќе бидат слободни и фер, но го загрижува реакцијата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп доколку загуби.

-Убеден сум дека тие ќе бидат слободни и фер. Не знам дали ќе бидат мирни. Тоа што го кажа Трамп и тоа што го кажа минатиот пат, кога не му се допадна исходот од изборите, е многу опасно, рече Бајден.

Бајден рече дека е значајно и тоа што изборот на Трамп за потпретседател, американскиот сенатор Џеј-Ди Венс, за време на потпретседателската дебата не сакаше да потврди дека ќе го прифати исходот од изборите на 5 ноември.

Полски министер го условува европскиот пат на Украина со историски прашања

- Нема да има согласност Украина да се приклучи на Европската Унија, ако не го реши проблемот со Волињ, изјави Косињак-Камиш.

Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш најави дека Варшава ќе го блокира пристапот на Украина во Европската Унија, се додека Киев не го разреши прашањето за ексхумацијата на жртвите од масакрите во реонот на северозападниот украински град Волињ, извршени во текот на Втората светска војна.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, изјавата на полскиот министер уследи откако во средата Украинскиот институт за национално сеќавање соопшти дека следната година ќе почне теренско истражување на местата на масакрите во Волињ, извршени од страна на украинските националисти.

- Нема да има согласност Украина да се приклучи на Европската Унија, ако не го реши проблемот со Волињ, изјави Косињак-Камиш, при тоа поздравувајќи ја одлуката на Украинскиот институт.

Тој додаде дека дури и ако другите земји членки на ЕУ се согласат за пристапување на Украина во блокот, неговата конзервативна аграрна Полска народна партија (ПСЛ) ќе ја блокира одлуката за членство, доколку прашањето околу Волињ „остане нерешено“.

Косињак-Камиш нагласи дека по се изгледа Украина заборавила оти и треба поддршка од Полска, потенцирајќи дека за да се приклучи на ЕУ, една земја „мора да исполни одредени услови, не само економски, туку и оние кои се однесуваат на историската вистина“.

Тој додаде и дека не се согласува со изјавата на поранешниот министер за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, дадена минатиот месец, дека историските прашања, како масакрите во Волињ, треба „да им се препуштат на историчарите со цел да може фокусот да се насочи на градењето заедничка иднина“. Според полскиот министер, ваквата изјава на Кулеба е „најлошата формулација што може да се користи“.

Со ставот на Косињак-Камиш, не се согласи полскиот претседател Анджеј Дуда, која важи за цврст поддржувач на Украина од првиот ден на руска инвазија врз земјата и близок пријател на неговиот украински колега Володимир Зеленски. Дуда оцени дека секој што го блокира пристапот на Украина во ЕУ, постапува во согласност со политиката на рускиот претседател Владимир Путин.

Косињак-Камиш на ова одговори дека не се согласува со ваквиот став, нагласувајќи дека од суштинско знаење за членството на една земја во ЕУ е „да се соочи со минатото и да ги почитува членките на блокот кон која сака да се приклучи“.

- Ние бевме први што им испративме воена помош, но украинската страна изгледа дека заборави на оваа помош, рече Косињак-Камиш.

Коментирајќи ги оценките дека условувањето на членството на Украина во ЕУ може да резултира со поттикнување антиукраински чувства во полското општество, Косињак-Камиш изјави дека „најчесното нешто што треба да се направи е да се постават јасни услови и транспарентно да се кажат очекувањата“.

Според проценките на полската Влада во масакрите кај Волињ, извршени помеѓу 1943 и 1945 година, биле убиени околу 100.000 Полјаци и 5.000 Украинци. Масовните убиства ги извршиле припадници на националистичката герилска Украинска бунтовничка армија (УПА), чија цел била создавање на независна Украина и „протерување на нацистичките и советските окупатори“, но и на Полјаците, од „историската украинска територија. /МИА

Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица

Досега најмалку 20 загинати.

Продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и одроните на подрачјето на општините Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Крешево и Фојница во БиХ.

Федералната управа за цивилна заштита распоредува тимови на локациите каде што се претпоставува дека има исчезнати лица.

Според последните информации, во поплавите загинаа најмалку 20 лица - 17 во Јабланица и тројца во Фојница.

Вкупниот број на жртви не е познат, но според неофицијални информации има десетици повредени, исчезнати и загинати, пренесува порталот Кликс.

Затрупани се многу куќи, а утринава пристигна и дополнителна механизација.

Во тек е состанок на кризниот штаб за координација на спасувачките активности, а по него треба да се дознаат подетални информации за состојбата на теренот.

Најтешка е состојбата во Долна Јабланица каде се сомнева дека каменолом ја предизвикал трагедијата во населбата која е целосно затрупана со отпад од гранит./МИА

притисни ентер