„Розов пикник“ за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка

Во Градски парк, на „Школка“ денеска ќе се одржи „Розов пикник“ посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка, во организација на Здружението „Езра“.

Според организаторите, на настанот ќе се обрати министерот за здравство, Арбен Таравари, како и актерката Весна Бејби Петрушевска.

Организаторите најавуваат дека на настанот ќе има бројни активности, како пилатес час, бесплатни медицински консултации, лотарија и богата музичка програма, а целта, според нив, е да се даде значајна поддршка на пациентите, нивните семејства и пријателите.

-Здружението ЕЗРА активно работи на подобрување на здравствената заштита и обезбедување на поддршка за пациентите. Нашата хумана мисија е водена од личните приказни, кои нè поттикнуваат да бидеме гласни за правата на пациентите и да им помогнеме да не се чувствуваат сами во оваа тешка борба. Ова е повик да застанеме заедно, да го поддржиме животот, да бидеме силен глас за сите оние кои сега се соочуваат со оваа болест и да им помогнеме нивната приказна да успее, стои во соопштението на здружението.

АХВ нареди нови мерки на ЈКП Комуналец од Струмица

​Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) му наложија спроведување на нови мерки на јавното комунално претпријатие “Комуналец” од Струмица.

Како резултат на спроведениот вонреден инспекциски надзор во акумулацијата Турија, која во овој временски период е со енормно намалена количина на вода, а од од каде се обезбедува питка вода за граѓаните од Струмица. Направен е увид и на филтер станицата и интерната лабораторија при што е утврдено дека струмичкото јавно претпријатие во моментов ги презема потребните мерки за намалување на нивото на манган во водата, чие ниво се уште е високо.

Со надзорот констатирано е дека филтерната станица, резервоарите и главна водоводна мрежа, повеке години не се механички чистени и хиперхлорирани, иако, согласно чл.24 од Правилникот за барања на безбедност и квалитет на вода за пиење сл.весник на РМ 183 од 02.10.2018, јавното комунално претпријатие има обврска тоа да го прави еднаш годишно, а за време на елементарни непогоди и зачестено. Утврдено е дека во моментов целиот систем е контаминиран, заради што е наредено да се спроведе мерката за механичко чистење и хиперхлорирање и повторно вршење на лабораториски анализи по спроведувањето на мерките.

При надзорот на акумулацијата, од страна на инспекторите за храна на АХВ, земени се мостри од водата во акумулацијата за лабораториско испитување, од 8 мерни места.

Водата за пиење која се обезбедува од оваа акумулација за граѓаните од Струмица, се уште не е безбедна за пиење.

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

Поволните кредити на Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе бидат достапни преку македонските банки, по услови пропишани од ЕИБ.

Кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за македонските фирми да постават батерии на фотонапонските електрани, инсталирани на покривите на индустриските објекти, е поволноста со која европската финансиска институција ќе го поттикнува македонското стопанство да биде енергетски ефикасно.

Пред штипските фирми, во салата на општина Штип, консултантите на Европската Банка, Ловре Ристевски и проф. Даме Димитровски, порачаа дека има потреба ефикасно да се искористува електричната енергија од обновливи извори, наместо во значаен дел таа да се губи.

На претставувањето во Штип, бизнисменот Кочо Анѓушев, сопственик на енергетската компанија ФРОИНВЕСТ, говореше за батериските системи како единствено решение во моментот за справување со вишокот електрична енергија произведена од фотоволтаици, кој вишок производителот не може да го потроши, а електричната мрежа не може да го прими.

Анѓушев ги запозна штипските фирми за важноста на тоа дека секој кој инвестира во обновливи извори, без оглед на големината, потребно е да оди на интегрирано и комплетно решение за да има најбрз поврат на инвестицијата, и оптимало работење на електраната и на батеријата.

Поволните кредити на Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе бидат достапни преку македонските банки, по услови пропишани од ЕИБ.

Министерот Љутков во Ливерпул: Британското искуство ќе ни помогне

Британското искуство ќе ни помогне за „Скопје – европска претолнина на културата“.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна работна посета на Ливерпул, Обединето Кралство, каде што оствари средби со градоначалникот на Ливерпул и со истакнати претставници од британски културни институции, во насока на искуства за организацијата на „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“.

На средбата со Клер МекКоган, директорка на „Култура на Ливерпул“ надлежна за повеќе сегменти од културната политика, на која беа претставени искуствата на Ливерпул во организацијата на големите културни настани, беше нагласено дека подготовките за „Европска престолнина на културата“ се можност за градовите да стекнат општествени и економски придобивки и да бидат повидливи на меѓународната сцена.

Министерот Љутков се сретна и со градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам, кој од аспект на локалната самоуправа, го претстави позитивното искуство на градот во организирањето на проектот „Ливерпул – европска претстолнина на културата“ и ја искажа својата подготвеност да помогне во организацијата на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. Министерот Љутков се заблагодари за поддршката, изразувајќи уверување дека Скопје успешно ќе се справи со предизвикот во 2028 година да биде добар домаќин и ќе ја оправда оваа престижна титула.

На средбата со градоначалникот на Ливерпул, министерот Љутков ги претстави приоритетите на Министерството за култура и туризам, напомнувајќи ги заложбите во сферата на креативните индустрии како гранка која носи економска корист, со уверување дека соработката со Британскиот совет и со други организации од Обединетото Кралство ќе продолжи и во иднина. Со оглед на интеграцијата на туризмот во македонското Министерство за култура и туризам, на средбата со градоначалникот Ротерам беа разгледани можностите за воспоставување соработка во насока на засилување на културниот туризам.

Ливерпул е познат како „Град на музиката“ на УНЕСКО, па на средбата со директорот Кевин Мекманус стана збор за искуствата во промоцијата на културното и музичкото наследство во контекст на меѓународната промоција.

Министерот Љутков се сретна и со Алиша Смит, која го води „Тимот за уметност и учество на Ливерпул“, која ги претстави националните примери на добра практика и своето лично искуство од пред речиси две децении во организацијата на манифестацијата „Европска престолнина на културата“. На средбите со Сара Фишер, извршна директорка на галеријата „Отвори око“, со Ен Твајт, директорка на Фестивалот за арапски уметности во Ливерпул (LAAF) и со Шарлот Кори, директорка на „Отворена култура“ – мрежа за култура на Ливерпул, стана збор за организирањето на значајни настани, кои претставуваат промоција на националните култури.

Министерот Љутков е во Ливерпул на покана од Британскиот совет и директорката Клер Сирс, бидејќи овој британски град има искучително значајно искуство во организацијата на уметнички претставувања.

притисни ентер