Бајден: Да бев на местото на Израел ќе размислев дали да ги гаѓам иранските нафтени постројки

 Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави  дека ако тој беше Израел, ќе разгледав алтернативи за гаѓање на иранските нафтени постројки, додавајќи дека мисли дека Израел сè уште не одлучил како да му одговори на Иран.

Бајден ова го кажа во одговор на прашање на брифинг во Белата куќа.

-Израелците не одлучија што да прават во врска со нападот. За тоа сè уште се разговара, рече Бајден пред новинарите во Белата куќа.

„Да бев на нивно место, ќе размислував за алтернативи за гаѓање на нафтените постројки“, додаде тој.

Тензиите меѓу Иран и Израел се на највисоко ниво бидејќи Израел во моментов ги разгледува опциите како да одговори за иранскиот напад со балистички ракети, што Техеран го изведе во вторникот како одговор на воената акција на Израел во Либан.

Бајден беше прашан што мисли за тоа дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обидува да влијае на американските избори на 5 ноември со тоа што не сака да се вклучи во дипломатско решение на ситуацијата.

-Дали тој се обидува да влијае на изборите, не знам, не сметам на тоа, одговори Бајден. „Ниту една администрација не му помогна на Израел повеќе од мојата“, додаде тој.

Американскиот претседател изјави и дека е убеден оти претстојните претседателски избори ќе бидат слободни и фер, но го загрижува реакцијата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп доколку загуби.

-Убеден сум дека тие ќе бидат слободни и фер. Не знам дали ќе бидат мирни. Тоа што го кажа Трамп и тоа што го кажа минатиот пат, кога не му се допадна исходот од изборите, е многу опасно, рече Бајден.

Бајден рече дека е значајно и тоа што изборот на Трамп за потпретседател, американскиот сенатор Џеј-Ди Венс, за време на потпретседателската дебата не сакаше да потврди дека ќе го прифати исходот од изборите на 5 ноември.

Министерот Љутков во Ливерпул: Британското искуство ќе ни помогне

Британското искуство ќе ни помогне за „Скопје – европска претолнина на културата“.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна работна посета на Ливерпул, Обединето Кралство, каде што оствари средби со градоначалникот на Ливерпул и со истакнати претставници од британски културни институции, во насока на искуства за организацијата на „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“.

На средбата со Клер МекКоган, директорка на „Култура на Ливерпул“ надлежна за повеќе сегменти од културната политика, на која беа претставени искуствата на Ливерпул во организацијата на големите културни настани, беше нагласено дека подготовките за „Европска престолнина на културата“ се можност за градовите да стекнат општествени и економски придобивки и да бидат повидливи на меѓународната сцена.

Министерот Љутков се сретна и со градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам, кој од аспект на локалната самоуправа, го претстави позитивното искуство на градот во организирањето на проектот „Ливерпул – европска претстолнина на културата“ и ја искажа својата подготвеност да помогне во организацијата на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. Министерот Љутков се заблагодари за поддршката, изразувајќи уверување дека Скопје успешно ќе се справи со предизвикот во 2028 година да биде добар домаќин и ќе ја оправда оваа престижна титула.

На средбата со градоначалникот на Ливерпул, министерот Љутков ги претстави приоритетите на Министерството за култура и туризам, напомнувајќи ги заложбите во сферата на креативните индустрии како гранка која носи економска корист, со уверување дека соработката со Британскиот совет и со други организации од Обединетото Кралство ќе продолжи и во иднина. Со оглед на интеграцијата на туризмот во македонското Министерство за култура и туризам, на средбата со градоначалникот Ротерам беа разгледани можностите за воспоставување соработка во насока на засилување на културниот туризам.

Ливерпул е познат како „Град на музиката“ на УНЕСКО, па на средбата со директорот Кевин Мекманус стана збор за искуствата во промоцијата на културното и музичкото наследство во контекст на меѓународната промоција.

Министерот Љутков се сретна и со Алиша Смит, која го води „Тимот за уметност и учество на Ливерпул“, која ги претстави националните примери на добра практика и своето лично искуство од пред речиси две децении во организацијата на манифестацијата „Европска престолнина на културата“. На средбите со Сара Фишер, извршна директорка на галеријата „Отвори око“, со Ен Твајт, директорка на Фестивалот за арапски уметности во Ливерпул (LAAF) и со Шарлот Кори, директорка на „Отворена култура“ – мрежа за култура на Ливерпул, стана збор за организирањето на значајни настани, кои претставуваат промоција на националните култури.

Министерот Љутков е во Ливерпул на покана од Британскиот совет и директорката Клер Сирс, бидејќи овој британски град има искучително значајно искуство во организацијата на уметнички претставувања.

Помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина

Интензивните врнежи од дожд, кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи и огромни материјални штети.

Повеќе од 20 станбени единици се целосно уништени, а животот и здравјето на стотици домаќинства се во голем ризик. Согласно досегашните информации изгубени се 24 животи и непознат број на исчезнати.

Црвениот крст на Босна и Херцеговина, ги активираше сите расположливи капацитети, со цел спречување и ублажување на човековото страдање и заштита на животот, здравјето и човечкото достоинство. Согласно обемот и интензитетот на настаната катастрофа потребна е дополнителна помош и поддршка.

Црвениот крст на Република Македонија веднаш стапи во контакт со Црвениот крст на Босна и Херцеговина и согласно нивната проценка на потреби, понудена е помош во материјално технички и човечки ресурси за справување со последиците предизвикани од поплавите. Од своите резерви Црвениот крст на РМ извои парични средства во висина од 10.000 евра како првична помош за настраданото население.

Ве повикуваме уште еднаш да ја покажеме нашата солидарниот да и им помогнеме на настраданите.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

- Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настрадано население од поплавите во БиХ

- како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

- За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

ВМРО-ДПМНЕ: Ова е само почеток, градиме држава за идните генерации со многу нови проекти

100 дена влада на ВМРО-ДПМНЕ, ова е само почеток, градиме држава за идните генерации со многу нови проекти, инвестиции и мерки кои ќе донесат позитивни промени.

Овие први 100 дена од изборот на нашата влада беа време на сериозни предизвици и нови можности. Се соочивме со наследни проблеми, но имаме и големи надежи.

Долговите и злоупотребите од претходната власт оставија траги кои тешко се надминуваат. Нашата цел беше да ја стабилизираме земјата и да започнеме процес на вистинска промена. Не беше воопшто лесно, но ја превземавме одговорноста со целосна посветеност. И ова е само почеток.

И ние и вие заедно, со поддршка на општините се трудиме да покажеме поинаков одговорен однос да ја развиваме државата и да реализираме проекти кои ќе подобрат нешто.

Секој ден изодуваме за некого можеби мал, но сепак одлучен чекор и носиме некоја нова реформа, свесни сме дека очекувањата се големи и дека граѓаните сакаат брзи резултати. Вашата поддршка, вашиот труд и вашите идеи се наша најголема сила.

Заедно градиме држава за идните генерации. Овие 100 дена беа само почеток. Се подготвуваме за многу нови проекти, нови инвестиции и нови мерки кои ќе донесат позитивни промени.

Македонија станува повторно твоја. Благодарам што сте дел од оваа промена.

100% Посветени за тебе!

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер