Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица

Досега најмалку 20 загинати.

Продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и одроните на подрачјето на општините Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Крешево и Фојница во БиХ.

Федералната управа за цивилна заштита распоредува тимови на локациите каде што се претпоставува дека има исчезнати лица.

Според последните информации, во поплавите загинаа најмалку 20 лица - 17 во Јабланица и тројца во Фојница.

Вкупниот број на жртви не е познат, но според неофицијални информации има десетици повредени, исчезнати и загинати, пренесува порталот Кликс.

Затрупани се многу куќи, а утринава пристигна и дополнителна механизација.

Во тек е состанок на кризниот штаб за координација на спасувачките активности, а по него треба да се дознаат подетални информации за состојбата на теренот.

Најтешка е состојбата во Долна Јабланица каде се сомнева дека каменолом ја предизвикал трагедијата во населбата која е целосно затрупана со отпад од гранит./МИА

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

Поволните кредити на Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе бидат достапни преку македонските банки, по услови пропишани од ЕИБ.

Кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за македонските фирми да постават батерии на фотонапонските електрани, инсталирани на покривите на индустриските објекти, е поволноста со која европската финансиска институција ќе го поттикнува македонското стопанство да биде енергетски ефикасно.

Пред штипските фирми, во салата на општина Штип, консултантите на Европската Банка, Ловре Ристевски и проф. Даме Димитровски, порачаа дека има потреба ефикасно да се искористува електричната енергија од обновливи извори, наместо во значаен дел таа да се губи.

На претставувањето во Штип, бизнисменот Кочо Анѓушев, сопственик на енергетската компанија ФРОИНВЕСТ, говореше за батериските системи како единствено решение во моментот за справување со вишокот електрична енергија произведена од фотоволтаици, кој вишок производителот не може да го потроши, а електричната мрежа не може да го прими.

Анѓушев ги запозна штипските фирми за важноста на тоа дека секој кој инвестира во обновливи извори, без оглед на големината, потребно е да оди на интегрирано и комплетно решение за да има најбрз поврат на инвестицијата, и оптимало работење на електраната и на батеријата.

Поволните кредити на Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе бидат достапни преку македонските банки, по услови пропишани од ЕИБ.

Министерот Љутков во Ливерпул: Британското искуство ќе ни помогне

Британското искуство ќе ни помогне за „Скопје – европска претолнина на културата“.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна работна посета на Ливерпул, Обединето Кралство, каде што оствари средби со градоначалникот на Ливерпул и со истакнати претставници од британски културни институции, во насока на искуства за организацијата на „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“.

На средбата со Клер МекКоган, директорка на „Култура на Ливерпул“ надлежна за повеќе сегменти од културната политика, на која беа претставени искуствата на Ливерпул во организацијата на големите културни настани, беше нагласено дека подготовките за „Европска престолнина на културата“ се можност за градовите да стекнат општествени и економски придобивки и да бидат повидливи на меѓународната сцена.

Министерот Љутков се сретна и со градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам, кој од аспект на локалната самоуправа, го претстави позитивното искуство на градот во организирањето на проектот „Ливерпул – европска претстолнина на културата“ и ја искажа својата подготвеност да помогне во организацијата на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. Министерот Љутков се заблагодари за поддршката, изразувајќи уверување дека Скопје успешно ќе се справи со предизвикот во 2028 година да биде добар домаќин и ќе ја оправда оваа престижна титула.

На средбата со градоначалникот на Ливерпул, министерот Љутков ги претстави приоритетите на Министерството за култура и туризам, напомнувајќи ги заложбите во сферата на креативните индустрии како гранка која носи економска корист, со уверување дека соработката со Британскиот совет и со други организации од Обединетото Кралство ќе продолжи и во иднина. Со оглед на интеграцијата на туризмот во македонското Министерство за култура и туризам, на средбата со градоначалникот Ротерам беа разгледани можностите за воспоставување соработка во насока на засилување на културниот туризам.

Ливерпул е познат како „Град на музиката“ на УНЕСКО, па на средбата со директорот Кевин Мекманус стана збор за искуствата во промоцијата на културното и музичкото наследство во контекст на меѓународната промоција.

Министерот Љутков се сретна и со Алиша Смит, која го води „Тимот за уметност и учество на Ливерпул“, која ги претстави националните примери на добра практика и своето лично искуство од пред речиси две децении во организацијата на манифестацијата „Европска престолнина на културата“. На средбите со Сара Фишер, извршна директорка на галеријата „Отвори око“, со Ен Твајт, директорка на Фестивалот за арапски уметности во Ливерпул (LAAF) и со Шарлот Кори, директорка на „Отворена култура“ – мрежа за култура на Ливерпул, стана збор за организирањето на значајни настани, кои претставуваат промоција на националните култури.

Министерот Љутков е во Ливерпул на покана од Британскиот совет и директорката Клер Сирс, бидејќи овој британски град има искучително значајно искуство во организацијата на уметнички претставувања.

Помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина

Интензивните врнежи од дожд, кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, одземајќи човечки животи и огромни материјални штети.

Повеќе од 20 станбени единици се целосно уништени, а животот и здравјето на стотици домаќинства се во голем ризик. Согласно досегашните информации изгубени се 24 животи и непознат број на исчезнати.

Црвениот крст на Босна и Херцеговина, ги активираше сите расположливи капацитети, со цел спречување и ублажување на човековото страдање и заштита на животот, здравјето и човечкото достоинство. Согласно обемот и интензитетот на настаната катастрофа потребна е дополнителна помош и поддршка.

Црвениот крст на Република Македонија веднаш стапи во контакт со Црвениот крст на Босна и Херцеговина и согласно нивната проценка на потреби, понудена е помош во материјално технички и човечки ресурси за справување со последиците предизвикани од поплавите. Од своите резерви Црвениот крст на РМ извои парични средства во висина од 10.000 евра како првична помош за настраданото население.

Ве повикуваме уште еднаш да ја покажеме нашата солидарниот да и им помогнеме на настраданите.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

- Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настрадано население од поплавите во БиХ

- како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

- За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

притисни ентер