Дневен хороскоп за 21. септември 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 21. септември 2024 година. 

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сите кои уште бараат сродна душа денеска лесно ќе ја најдат преку работата. Нека обрнат внимание на личностите со кои соработуваат.

Кариера

Пријатно окружување , поддршка од колегите , креативност што излегува од секој потег- сето тоа ќе ви го направи денот продуктивен.

Здравје и совет

Продолжете со здрав живот.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволство и со некои убави шанси.

Кариера

Некои можеби денеска ќе добијат шанса за да ги оплодат своите пари. Други ќе увидат дека добро им оди .

Здравје и совет

Мали проблеми со дигестивниот тракт.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Толку добро ќе се поврзете со оние околу себе што ќе ги заборавите критиките , измамите и провокациите. Ќе се опуштите и ќе уживате.

Кариера

Некои работи треба да останат такви и вие нема да можете да ги смените. Ако ја прифатите состојбата , ќе биде покорисно.

Здравје и совет

Одморете се по напорот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , што за вас ќе делува како мал шок.

Кариера

Вашите заслуги сепак ќе излезат на виделина , а вас ви преостанува дас е стрпите додека тоа не се случи.

Здравје и совет

Прво размислете , па донесете одлука.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе го остварувате својот љубовен план без никакви проблеми , речиси совршено. Се ќе ви оди од рака , а насмевката нема да ја симнувате од лицето.

Кариера

Во сите работи поврзани со односи со луѓето , денеска ќе постигнувате добри резултати. Останатите убаво ќе соработуваат.

Здравје и совет

Нема ниту грижи , ниту пречки.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вистинската среќа денеска ќе ја најдете преку добри пријатели или во нивното друштво. Препуштете им се со доверба.

Кариера

Ќе дојде до деловна преписка , што ќе ве замори. Се бара посебно деликатен начин на изразување.

Здравје и совет

Слободно сонувајте со отворени очи.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Пред вас е ден со исклучително добра комуникација меѓу вас и партнерот. Како од вашата уста да зборуваат ангели.

Кариера

Ќе бидете одлично поврзани со луѓето со кои работите. Одличен ден за презентации , изнесување идеи, развој на контакти.

Здравје и совет

Се наоѓате во добра форма.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе бидете сигурни во своите чувства и преполни со добри намери. Тоа ќе ја подобри вашата врска.

Кариера

Повеќе од кој било друг на работа ќе покажете љубезност и грижа.Колегите ќе знаат тоа да го ценат.

Здравје и совет

Уживајте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веќе сте заморени од љубовните кошмари , но што е , тука е. Ни денеска нема да биде подобро , но вие ќе успеете да најдете излез.

Кариера

Интелекталните и креативни работи денеска добро ќе би одат , но ако се однесувате професионално. Можеби енма да ви биде најпријатно , но следуваат резултати.

Здравје и совет

Подобро да не коментирате.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Мали еротски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближиоте на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе успеете.

Кариера

Би сакале да воведете промени во некои подрачја на работата. Денеска ќе се занимавате со тоа. Ќе го разработувате планот во глава.

Здравје и совет

Не се плашете да истражувате.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денот ќе ви открие вистинска плима од емоции , но се ќе се случува на избалансиран начин. Многумина ќе ја покажат вистинската љубов.

Кариера

Креативците денеска ќе имаат успех., а околината најверојатно ќе им даде поддршка.

Здравје и совет

Главоболката попушта.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе имате потреба да ги надоградите личните односи на еден малку поформален начин , на кој ќе му ја одземете спонтаноста.

Кариера

Во работата во која соработувате со другите се појавува ненадејна вест или можност поврзана со смислата за убаво.

Здравје и совет

За некои работи уште не е време.

ЕУ на Генералното собрание на ОН: Главен фокус - справувањето со конфликтите и кризите

 ЕУ и нејзините земји членки доаѓаат на 79-та седница ГС на ОН, решени да промовираат мултилатерални решенија засновани на Повелбата на ОН и да направат тие да функционираат за доброто на сите.

Висока делегација на Европската Унија, предводена од претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, во чиј состав ќе бидат и неколкумина еврокомесари, во наредните денови ќе престојува во Њујорк, каде ќе учествува во работата на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, при што главен фокус на нејзиниот ангажман ќе биде ставен на справување со конфликтите и кризите ширум светот.

- ЕУ и нејзините земји членки доаѓаат на 79-та седница ГС на ОН, решени да промовираат мултилатерални решенија засновани на Повелбата на ОН и да направат тие да функционираат за доброто на сите. Оваа година означува клучна пресвртница за ОН. Како што рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во април, „не можеме да ги решиме проблемите од 21-от век со алатки од 20-от век“. Настанот насловен „Самитот на иднината“, кој се подготвува веќе четири години, претставува клучна можност за колективно размислување за тоа како ОН да бидат прилагодени на целта и на иднината, соопшти ЕК.

Активностите на претставниците на ЕУ во Њујорк, започнаа уште синоќа со учеството на потпретседателката на ЕК за демократија и демографија на Дубравка Шуица на Деновите за акција на Самитот на иднината за зајакнување на младите и градење отпорност, одржлив развој, меѓугенерациска правичност и демографија и за зајакнување на напорите за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата, настан кој продолжува и денеска.

Извршната потпретседателка на ЕК за Европа прилагодена на дигиталната ера и еврокомесарка за конкурентност Маргрете Вестагер денеска ќе учествува на тркалезната маса на тема „Поставување на основите за дигитална иднина за сите“ и ќе има серија разговори посветени на Глобалниот дигитален договор што допрва треба да се усогласи и за неговите принципи и активности за поддршка на отворената, слободна и безбедна дигитална иднина за сите оние што ги поддржуваат човековите права и го надминуваат дигиталниот јаз.

Мишел, Високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и еврокомесарката Јута Урпилаинен во понеделник ќе ја претставуваат ЕУ на трилатерален состанок со Африканската Унија и Обединетите нации и ќе имаат билатерална средба со генералниот секретар на ОН, Гутереш.

Дополнително, истиот ден, Борел во Меѓународниот институт за мир ќе биде кодомаќин на вечера за министри за надворешни работи на која ќе се разговара за состојбата на Блискиот Исток, Урпилаинен ќе учествува на интерактивниот дијалог на Самитот на иднината насловен „Трансформирање на глобалното управување и забрзување на имплементацијата на Агендата за одржлив развој 2030 година“, додека еврокомесарката за здравство и безбедност на храната Стела Киријакидес ќе присуствува на годишниот прием на жените политички лидери насловен „Оцртување на курсот: Политиката во 21-от век“.

В понеделник, Фон дер Лајен ќе биде главен говорник на состанокот на лидерите на Асоцијацијата на малите островски држави, а Борел ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7+ посветен на енергетската инфраструктура на Украина, по што ќе претседава и со неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ на кој главни теми ќе бидат Украина и тензиите на Блискиот Исток. Борел во вечерните часови ќе учествува и на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7.

Шуица истиот ден ќе биде кодомаќинка на настанот на ЕУ-АУ-УНИЦЕФ насловен „Докажани решенија за деца: забрзување на напредокот на целите на одржлив развој “, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ќе биде домаќин на придружниот настан на ЕУ „Насочување по патот напред: Менаџирање на миграцијата на глобално ниво“, додека Урпилаинен ќе претседава со Глобалниот образовен форум, на кој треба да биде потпишана Декларација за училишен оброк и ќе присуствува на ручекот на високо ниво „Жените се креваат за сите“.

Еврокомесарката за енергија Кадри Симсон в понеделник ќе учествува на Глобалниот самит за обновливите извори на енергија, на кој ќе се разговара за напредокот, можностите и предизвиците за тројно зголемување на обновливите извори на енергија на глобално ниво до 2030 година, а ќе има и воведно обраќање на Самитот за одржливост, додека еврокомесарот за климатска акција Вопке Хукстра ќе учествува на тркалезна маса организирана од Светскиот економски форум посветен за мобилизирање на бизнисот во остварувањето на глобалните климатски цели.

Мишел, Фон дер Лајен и Борел во вторник ќе присуствуваат на отворањето на сесијата на генералната дебата на 79-то Генерално собрание на ОН.

Во продолжение, Фон дер Лајен заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо ќе копретседаваат со настанот на високо ниво „Иновирање за одржливата иднина: Работиме заедно на индустриски раст и декарбонизација“, а ќе има и воведно обраќање на Глобалниот самит за обновливи извори на енергија, на кој ќе учествува и еврокомесарката Симсон.

Истиот ден, Борел ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН на состанокот на високо ниво посветен на Украина и ќе учествува на вечера министрите за надворешни работи од Европа и Северна Америка, чиј домаќин е САД.

Урпилаинен во вторник ќе го отвори панелот посветен на одржливите синџири на снабдување во рамки на Самитот на лидерите на Глобалниот договор на ОН и ќе се обрати на собирот „Три години - Поддршка на правата на жените во Авганистан“, во коорганизација на ЕУ и агенцијата ОН Жени, ќе се обрати на придружниот настан „Инвестирање во иднината: Обезбедување на одржливо финансирање на сексуалното и репродуктивното здравје“ и ќе се сретне со претставници на младински организации од т.н. Голема шесторка.

Истиот ден, Киријакидес ќе говори на придружниот настан за превенција и контрола на инфекциите и антимикробното управување, Симсон ќе учествува на панел за финансирање на чистата транзиција, а Хукстра и на тркалезната маса „Пазари на јаглерод“, организиран од Глобалниот бизнис форум на Блумберг.

Борел в среда ќе биде домаќин на традиционалниот работен ручек со лидерите на шесте земји од Западниот Балкан, ќе ја претставува ЕУ на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20, чиј домаќин е бразилското претседателство со Групата, а заедно со претставници на Германија и Франција ќе биде кодомаќин на министерски состанок за Судан насловен „Обединети за мир во Судан“.

Истиот ден, еврокомесарот Хукстра ќе се обрати на состанокот на високо ниво посветен за покачувањето на нивото на морето и ќе учествува на панел на високо ниво за глобалните трошоци за солидарност и финансирање на развојот, а еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич заедно со претставник на Белгија ќе биде кодомаќин на настанот посветен на меѓународното хуманитарно право, како и на настанот „Една и пол година конфликт – Како да се спречи Судан да стане заборавена криза?“, што го организира ЕУ заедно со Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА), Саудиска Арабија и САД.

Комесарката Киријакидес в среда ќе учествува на настан посветен на поттикнување на солидарноста меѓу земјите за решавање на антимикробната резистентност (АМР), како и на состанокот на насловен „АМР и повеќе од тоа“, а ќе присуствува на Годишниот самит за ракот на дојката и на дебата за универзалните стратегии за вакцинација против ХПВ.

Симсон, пак, истиот ден ќе ја претставува ЕУ на министерскиот консултативен состанок за Договорот за загадување од пластика.

За в четврток е предвидено обраќање на Мишел на генералната дебата на ГС на ОН, додека Борел ќе копретседава со неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на Европската Унија и на Заедницата на државите од Латинска Америка и Карибите (ЦЕЛАЦ), како и со министерскиот настан за посветен блискоисточниот мировен процес, кој заедно го организираа ЕУ, Арапксата лига, Саудиска Арабија, Египет и Јордан. Тој ќе учествува и на министерските состаноци на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) и на Ад Хок Комитетот за врски (АХЛЦ), задолжен за координација на дистрибуцијата на хуманитарната помош за Палестинците.

Истиот ден, еврокомесарката Киријакидес ќе учествува на состанокот на високо ниво за антимикробната резистентност, Симсон ќе присуствува на промоцијата на Програмата за транзиција на трговијата и чистата енергија, додека еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс ќе присуствува на состанок посветен на запирање на дестабилизирачкиот проток на чувствителна технологија, организиран од Украина.

В петок Борел заедно со претставник на Египет ќе копретседава со 14-от Министерски состанок на Глобалниот форум за борба против тероризмот, а ќе се обрати и на настанот „Европските предизвици со навигацијата“, организиран од американскиот тинк-тенк Совет за надворешни односи.

Федерер за пензионирањето на Надал: Ќе биде соодветно да се донесе одлука во одреден момент

Ќе биде соодветно да се донесе одлука во одреден момент, и тогаш можете само да се опуштите.

Роџер Федерер проговори за повлекувањето на Рафаел Надал од Лејвер купот.

- Навистина се надевав дека тој сепак ќе може да го игра натпреварот, но тој рече дека е подобро да не се случи и дека не е подготвен. Сега треба да одлучи што да прави понатаму, и мислам дека тоа е она за што размислува во моментов. Направи многу за тенисот и за спортот воопшто. Би било неверојатно кога би можел да игра уште една сезона, но само самиот Рафа може да одговори на ова прашање. На крајот на краиштата, ќе биде соодветно да се донесе одлука да се пензионира во одреден момент. И тогаш можете само да се опуштите, изјави Федерер.

Надал заедно со Федерер и со Новак Ѓоковиќ ги одбележаа првите две децении на овој век.

На денешен ден

- Денеска е Светски ден на мирот

19 п.н.е.- Умре римскиот писател Публиус Вергилиус Маро, автор на дела во кои го велича римското минато. Тој со своите дела со векови беше пример за европските писатели.

1327.- Англискиот крал Едвард II, сопругот на Изабела од Франција е убиен од нејзиниот љубовник Роџер де Мортиме. Љубовникот на кралицата потоа владееше во името на престолонаследникот Едвард III кој во 1330 година беше затворен и убиен.

1452.- Роден е италијанскиот верски реформатор Џироламо Хајронимус, доминикански калуѓер, кој го напаѓаше папата Александар VI.

1529.- Османлиската војска под команда на Сулејман Величествениот ја започна опсадата на Виена.

1792.- Во Франција на првата седница на Парламентот (Конвент), на предлог на Колот Д`Ербуа, е тргната монархијата.

1832.- Во Даблин умре Валтер Скот, шкотски поет и романсиер, творец на модерниот историски роман. Собираше народни песни и пишуваше епови за историјата на Шкотска. Меѓу неговите најзначајни дела спаѓаат „Ајванхо“, „Кенилворт“, „Старинар“ и други. Роден е во Единбург, на 15 август 1771 година.

1860.- Умре Артур Шопенхауер, германски филозоф-идеалист, претставник на волунтаризмот. Од делата му се познати „За волјата на природата“ и „Светот како волја и претстава“. Роден е на 22 февруари 1788 година.

1866.- Роден е Херберт Џорџ Велс, англиски писател. Напиша голем број научни, популарно-научни, социјални и фантастични романи и приказни, како и познатото дело „Историја на светот“. Умре во 1946 година.

1867.- Роден е американскиот политичар Хенри Луис Стимсон, министер за војни на САД, од 1911 до 1913 година и од 1940 до 1945 година, идеен творец на најголемиот воен злостор во историјата на човештвото. На неговата препорака претседателот на САД Хари Труман одлучи во август во 1945 година да ги фрли атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки, иако Јапонија беше веќе поразена во Втората светска војна.

1901.- Во Велес, во Џајково Маало, во борба против турската полиција, откако снема муниција, се самоуби Миле Поп Јорданов (брат на Орце Поп Јорданов, организатор на кружокот од Солунските атентатори) македонски револуционер.

1909.- Роден е ганскиот државник и публицист Кваме Нкрумах, прв премиер и претседател на Гана, истакнат борец против колонијализмот и лидер на движењето за независност.

1927.- Во Дојран е роден Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Автор е на 463 библиографски единици, од кои 36 се книги. Од неговите трудови посебно се издвојуваат шесте томови за Гоце Делчев. „Британската библиографија за Македонија“, „Странскиот печат за Илинденското востание“, „Британски документи за историјата на македонскиот народ“ и други. Умре во Скопје, на 7 октомври 1985 година.

1928.- Британскиот бактериолог Александар Флеминг ја откри непознатата мувла што го расипала неговиот експеримент со бактерии. Но, тоа загадување беше епохално откритие дека чудесното својство на габите „пеницилиум нотарум“ ги уништува дотогаш смртоносните бактерии. Од 1942 година пеницилиумот стана лек што спасува милиони луѓе.

1933.- Во Лајпциг, германскиот Врховен суд го почна процесот против Георги Димитров, член на ЦК КП на Бугарија и член на Третата интернационала, заедно со група германски комунисти, а под обвинение дека го организирал палењето на Рајхстагот. Германската фашистичка пропаганда сакаше да го искористи судењето за антикомунистичка кампања. Меѓутоа, Димитров пред светската јавност го разобличи овој процес на нацистичкиот режим и од обвинет стана тужител и поради недостиг на докази судот беше принуден да го ослободи.

1938.- Владата на Чехословачка се согласи на британско-францускиот план Судетските области да и ги отстапи на Германија.

1939.- Романските фашисти го убија премиерот на Романија Армандо Калинеску, противник на Третиот рајх.

1964.- Малта стана независна после 164 години британско владеење.

1973.- Југославија ги прекина дипломатските односи со Чиле, 10 дена по пучот на генералот Аугусто Пиноче, изведен со помош на САД, во кој е убиен социјалистичкиот претседател Салвадор Ајенде.

1974.- Умре американскиот филмски глумец Волтер Бренан. Тој е првиот актер добитник на три Оскара.

1976.- Бившиот чилеански министер Орландо Летелиер е убиен во Вашингтон во експлозија на подметната бомба под неговиот автомобил.

1992.- Мексико и Ватикан воспоставија целосни дипломатски односи по прекинот од 130 години.

1993.- Претседателот Борис Елцин го распушти парламентот бидејќи со изборот на Александар Руцкој за потпретседател и за вршител на должноста шеф на државата му беше загрозена власта.

1996.- Во авионот на претседателот на Колумбија Енерсто Самперо, со кој требаше да патува за САД, на аеродромот во Богота по анонимната пријава се пронајдени безмалку четири килограми хероин за што беше осомничен дека бил во врска со нарко-мафијата.

1999.- На Тајван во земјотрес загинаа најмалку 2.300 лица.

2002.- Лавина од кал и камења која се излеа од глечер во село Њижњи во руската република Северна Осетија усмрти повеќе од 100 луѓе.

2007.- Умре Петар Стамболиќ, долгогодишен функционер во времето на Јосип Броз Тито. Стамболиќ е роден во 1912 година во Брезово, кај Ивањица, а на комунистичкото движење му пристапи во 1935 година. Дипломираше на Земјоделскиот факултет во Земун. Беше советник и член на Претседателството на Второто заседание на АВНОЈ, како и член на Претседателството на СФРЈ и Претседателството на ЦК на Сојузот на комунистите, како и претседател на Претседателството на СФРЈ.

2017.- На 94 години почина Лилијан Бетанкур, наследничката на француската козметичка групација „Л’Ореал“ (L’Oreal). Таа на 21 октомври требаше да наполни 95 години. Бетанкур според „Форбс“ беше најбогата жена во светот, чие богатство се проценуваше на приближно 40 милијарди долари. Таа поради Алцхајмеровата болест во 2012 година се повлече од управата на „Л’Ореал“ и од јавниот живот.

притисни ентер