Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад

Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут

Либанската шиитска група Хезболах утринава соопшти дека Ахмед Вахби, висок командант кој ги предводеше воените операции на нивните специјални сили Ар Радван во војната во Газа до почетокот на оваа година, бил убиен во израелски воздушен напад во предградие на Бејрут. Хезболах ги објави имињата на 14 нејзини членови кои беа убиени во нападот.

Израелската армија синоќа објави дека го убила главниот командант на Хезболах, Ибрахим Акил и другите шефови на специјалните сили на движењето - „Ар Радван“ во напад во јужниот дел на Бејрут.

ВМРО-ДПМНЕ:Љупчо Дон Николовски со народни пари плаќа 500 евра за една вечер во хотел

Љупчо Дон Николовски со народни пари плаќа 500 евра за една вечер во хотел.

СДС раскалашено се однесувале со народните пари.

На патување во САД, во Њу Јорк Дон Николовски изнајмил хотел, каде од вечер платил 500 евра, а во Чикаго 450 евра.

Дон Николовски не гледал како да помине по скромно, туку не штедел како парите да ги берел од дрво, заборавајќи дека всушност тоа се народни пари.

Во Рим Дон Николовски платил 300 евра хотелско сместување, а со Виена две вечери за 670 евра.

Дон Николовски живеел на висока нога со народни пари.

СДС наместо да работи за народот 7 години се луксузирале со нивните пари.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Специјална акција на грчката полиција во ромска населба во Атина, уапсени 12 лица

Според грчките медиуми, во акцијата биле вклучени околу 100 полицајци, додека пак од полицијата соопштија дека учествуваа припадници од повеќе единици, како и полициски кучиња и дрон.

Оружје и златници биле пронајдени во специјалната полициска акција во ромска населба во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, со цел спречување на секаков облик на нелегално дејствување, а уапсени се 12 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, во акцијата биле вклучени околу 100 полицајци, додека пак од полицијата соопштија дека учествуваа припадници од повеќе единици, како и полициски кучиња и дрон.

Уапсени биле вкупно 12 лица, кои се товарат за прекршување на законот за оружје, за кражба и кражби на електрична енергија, а при акцијата биле пронајдени и одземени два пиштоли, 747 златни лири и 15 патрони.

- Целта на широката акција беше спречување и справување со каква било форма на незаконско дејствување што е регистрирано во конкретната населба, соопштија од грчката полиција.

Барселона не може да го продолжи договорот со Педри поради финансиски проблеми

 Шпанскиот фудбалски гигант Барселона работи на продолжување на договорот со играчот од средниот ред Педри. 

Сепак, според „Мундо Депортиво“, Каталонците не можат да потпишат нов договор со 21-годишниот Шпанец поради финансиските проблеми на клубот.

Актуелниот договор на фудбалерот истекува во летото 2026 година.

Оваа сезона Педри постигна два гола на шест натпревари. Вкупно за Каталонците одигра 149 натпревари, постигнувајќи 22 гола и 13 асистенции.

притисни ентер