Како и што се очекуваше, градоначалникот на Струмица не се појави на денешниот состанок на ЗЕЛС, вели, не видел промена во ставовите на министерствата особено околу главниот проблемот кој сега го има градот – наводно загадената вода, а и поради одбивањето на неговиот проект за градскиот пазар по првиот повик на локалната самоуправа за инвестирање.
Претседателот на ЗЕЛС пак Орце Ѓеорѓиевски очекува, како што кажа, Костадинов да се надмине себеси и да дојде на следните средби, па преку диајлог да се надминат проблемите, бидејќи напуштањето на организацијата вели не е решение. Повик до струмичкиот градоначланик проблемите да ги решаваат во рамки на ЗЕЛС упати и неговиот колега од СДСМ, Перо Костадинов, кое воедно е и потпретседател на ЗЕЛС.
Во ЗЕЛС денеска единствено се појави градоначникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој по средбата со раковдството кажа дека се договориле да се формриа работна група што ќе ги пегла разликите со централната власт...
Доколку пробелмите се надминат, Јакимовски најави дека ќе остане во структурите на ЗЕЛС, а дали и под кои услови Костадинов би се премислил останува непознато.