Одложено е судењето на Жерар Депардје, обвинет е за силување жени

Францускиот актер Жерар Депардје неодамна беше обвинет за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филмот „Les volets verts“ во јуни 2021 година, а судењето закажано за денеска, е одложено.

- Жерар Депардје е крајно погоден и, за жал, лекарите му забранија да присуствува на рочиштето, поради што бараме одложување за подоцна, за да може да присуствува - изјави неговиот адвокат Џереми Асус за „Франсинфо“.

Во април годинава полицијата го привела на разговор, но набргу потоа бил пуштен од полициска станица.

- Полицискиот притвор заврши. Тој не беше приведен - изјави тогаш неговиот адвокат Кристијан Сан-Пале, додавајќи дека актерот ги негира споменатите обвинувања и тврди дека е жртва на „медиумски линч“.

Инаку, на 9 јануари годинава жена поднесе тужба против актерот за сексуален напад пред 10 години, на снимањето на филмот „Le Magicien et les Siamois“. Жената, која сака да остане анонимна, во моментот на инцидентот имала 24 години. Работела како асистент и го обвинува Депардје дека ја пипкал по интимните делови, со груби навреди.

Пред тоа, актерот беше обвинет за слично однесување од уште 13 жени. Наводите биле изнесени од актерки, шминкери и продукциски персонал, од кои некои зборувале анонимно, а наводното малтретирање се случило за време на снимањето на 11 филмови помеѓу 2004 и 2022 година.

На 16 декември 2020 година, актерот бил официјално обвинет за силување и сексуален напад поврзан со тужба поднесена во 2018 година од актерката Шарлот Арну. Случајот беше отфрлен во 2019 година поради недостиг на докази, но повторно беше отворен во 2020 година, а во декември беше поднесена кривична пријава.

Верстапен ќе биде казнет со пет места на ГП на Бразил поради промена на моторот

Светскиот шампион со Ред Бул и актуелен лидер во рангирањето на возачите во Формула 1, Макс Верстапен ќе биде казнет со пет места на стартниот грид за Гран при на Бразил следниот викенд, пишува „Екип“.

Казната ќе биде изречена бидејќи неговиот тим треба да го смени моторот на болидот пред трката во Сао Паоло. На погонскиот систем дефинитивно му недостигаше моќ на мексиканското ГП поради многу акумулирани километри.

-Казната ќе биде пет позиции. Не е толку сериозно во Бразил, каде што е релативно лесно да се претекнува, изјави советникот на Ред Бул, Хелмут Марко.

Македонците се најголеми пушачи на цигари во регионот

Македонците се рекордери во пушењето цигари... 

Македонците се во меѓу најпушачките 10 нации во светот, покажаа последните истражувања.. Дури 46% од возрасните се пушачи на цигари, притоа не сметајќи ги електронските цигари и другите тутунски производи. За споредба, во Европската Унија пушачи се 18,4%, а во светот 17% од населението.

Речиси секој втор пушач во Македонија троши повеќе од една кутија цигари дневноа од година в година возраста на која младите почнуваат да пушат драстично се намалува.

Директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, доктор Оливер Зафировски вели алармантно е тоа што се повеќе деца од десет годишна воздраст почнуваат со пушење. Тој советува поголема едукација, посебно кај децата, во основните училишта и нагласува дека пушењето е број еден ризик фактор за рак на бели дробови.

Цигарите кај нас неодамна повторно поскапеа како дел од прилагодувањето на акцизата согласно европските стандарди, но сепак Македонците и натаму пушат најевтини цигари во Западен Балкан, односно кутија просечно чини 150 денари. Граѓаните што ги анкетиравме не веруваат дека цената може да влијае за откажување од лошата навика.

Директорката на институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, вели дека кај нас многу е низок процентот на луѓе кои воопшто се обидуваат да ги откжат цигарите, а тие што ќе се обидат, најчесто повторно им се враќаат на старите навики.. За да помогат, најваува товорање на посебно телефонска линија..

- Пет проценти кои успешно се обиделе и се откажале од пушење во последните години. следниот месец ќе функционира и телефонска линија за помош и поддршка на пушачи кои сакаат да се откажат од пушењето.

Во земјава за време на владата на Груевски беше донесен закон за заштита од пушењето, со кој беше беше забрането пушење во угостителските објекти, но по измените на Законот што беа направени во 2018 година во време на владата на Заев, во многу од нив пушењето се врати, преку толкувањето дека тоа е дозволено на терасите, кои најчесто се поврзани со затворнеиот дел од објектите.

Од Владата сега нема најави за нови измени, но апалираат за доследно почитување на Законот, а во споритивно најавуваат санкции...

Министерот Игор Филков во Будва оствари средба со еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс

Министерот за правда Игор Филков оствари билатерална средба со Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на маргините на министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржува во Будва.

Беше изразена благодарност за напорите на Европската унија за континуираната поддршка во процесот на пристапување и реформите.

На средбата се разговараше за владеењето на правото, законодавната агенда и планираните реформи во правосудството кои се содржани во Развојната секторска стратегијата за правосудство ( 2024-2028).

Како особено значајна беше посочена дигитализацијата која треба да овозможи напредок и побрз, потранспарентен и поефикасен начин на функционирање кој значително ќе придонесе за развој на општеството, соопштуваат од Министерството за правда.

притисни ентер