Дамева: Ниту е донесена, ниту има основ за носење одлука за продолжување на мандатот

Ниту е донесена, ниту постои основ за носење на одлука за продолжување на мандатот на претседателот на Судскиот совет, вели актуелната претседателка на ова тело Весна Дамева.

Според неа неспорно е дека имало прекин на нејзиниот мандат од осум месеци, што се поклопува со периодот кога беше разрешена во постапка која беше оспорена од домашната и меѓународната јавност. Но, сепак за ова прашање вели дека веќе се дискутирало во рамки на советот.

„ Со оглед дека во два наврати беа донесени Одлуки за разрешување на претседателот на Советот, и тоа на 26 април 2023 година и на 04 мај2023 година, сматав за потребно само да се дефинира точниот датум до кога треба да ја извршувам функцијата во траење од 2 години. За правното прашање околу времетраењето на мандатот, иако членовите на Советот имаа свој став, сепак беа консултирани и правни експерти и еминентни стручни лица од областа на правото, па само се потврди ставот на мнозинството дека мандатот треба фактички да се извршува 2 години.“-Весна Дамева – Претседателка на Судски совет.

Ставот на Дамева доага по неодамна објавените информации дека на затворена седница имало обид незаконски да и се продолжи мандатот.

Денеска пак на на јавната расправа во битолскиот Апелациски суд за реформите на Судскиот совет заменик министерот за правда Деребан повтори дека, како Влада остануваат отворени за сите сценарија за разрешување на проблемот со ниската доверба во судството и доколку е потребно додава ќе има распуштање на Советите на обвинителите и судиите.Во однос на изјавата на Мицкоски дека ќе следува робусна акција против корупмирани судии и обвинители тој кажа дека сите кои се огрешиле пред аконот многу брзо ќе сносат одговорност

-Ние стоиме на нашето ветување дека ќе се соочиме со оние кои се огрешиле пред законот и за тоа ќе одговараат но тоа е еден сложен процес од кој што ќе треба да започнеме од реформите во правосудсниот сектор за да можеме да ги ослободиме судството и обвинителството од политичкото заложништво во кое се наоѓаат во моментов,- Ален Деребан – Заменик министер за правда .

За промена на целата состојба во судството Деребан вели не е доволна само квалитетна законска рамка, туку и да се почитуваат законите и етичките правила од сите чинители особено од страна на претседателот и членовите на Судскиот совет.

Сиљановска Давкова- Милатовиќ: Нема проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Цетиње со највисоки државни и воени почести беше пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Цетиње со највисоки државни и воени почести беше пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, по што се одржа тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, пленарен состанок на делегациите на двете држави и заедничка прес-конференција на претседателите.

Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска Давкова, а од линковите подолу можете да преземете видео материјали:

Прво, на претседателот, господинот Милатовиќ, на неговиот тим, на новинарите, на сите присутни им благодарам за исклучително топлото добредојде. Убаво е да се гледаат двете знамиња по патот, убаво е да се гледа прекрасното Цетиње, симбол на државната црногорска традиција, накитено со овие знамиња оти понекогаш знамињата повеќе кажуваат од зборовите.

Зошто прва посета во Црна Гора? Логично беше да се дојде прво овде, бидејќи Црна Гора во моментов е предводникот на реунификацијата, како велам јас или реинтеграцијата на регионот таму каде што и е вистинското место - во Европската Унија. Зошто? - Затоа што географски, историски и културно секогаш била дел од ЕУ.

Затоа, следниот логичен чекор по мене треба да биде средбата на двете влади. Двете се силно економски ориентирани и логично е да ги разменат искуствата.

Трето, следниот чекор, бидејќи приказната има логика, веќе е сторен - нашиот претседател на Собранието господинот Гаши веќе упати покана за заедничка средба, се надевам дека таа брзо ќе се оствари. И овде има логика, каде ја гледам логиката, во учењето. Јас ја знам улогата на црногорскиот парламент во процесот на евроинтеграција и мислам дека научените лекции е добро да се повторат.

Околу уставните измени за кои многу се зборува веднаш ќе кажам никаков проблем нема во преамбулата да се внесат и Црногорците. Никој не негираа и сите ние помниме дека сме биле повеќе од 50 години заедно во добро и во зло. Но, она што важи за уставните измени уште еднаш ќе го реафирмирам. После многу lose-win состојби во кои дури и името го сменивме - непознат феномен, не само меѓу луѓето, туку и меѓу државите, ние повторно значи сме соочени сега на барање на Европската Унија да посегнеме по нови уставни измени.

Соломонското решение што ќе доведе до win-win ситуација го гледаме во одложното дејство на уставните измени, или како ние професионално деформираните правници како мене велиме, vacatio legis со одложно дејство. Причина логична - секогаш кога ќе ги завршите преговорите за ЕУ и кога ќе започне и ќе заврши процесот на ратификација се посега или редовно по уставни измени, логично е тогаш и оваа уставна измена да стапи во сила тогаш, а не сега. Бидејќи ние сме рекордери во уставни измени, за триесетина години дури 36 уставни измени најчесто иницирани однадвор, а не одвнатре.

Присутни, јас морам да кажам дека мојот легитимитет и легитимитетот на владата извира од граѓаните. Не извира однадвор па дури ни од Европската Унија. Јас морам да кажам дека не можам да гарантирам дека ќе има уставни измени бидејќи не сум апсолутен монарх и не можам да ја суспендирам парламентарната демократија. Според секој устав, па и според нашиот, пратениците во системот на поделбата на власта ги претставуваат граѓаните и гласаат по сопствено уверување. Во спротивно, фрустрацијата ќе биде многу голема и сакам да предупредам дека ова што се случува со нас нема да биде единствен преседан. Држете ме за збор, Балканот не е Скандинавија. Латвија, Литванија и Естонија станаа најбрзо членки, поддржувани од Финска, Норвешка и Данска. Кај нас не е така. Слично со Данска, можеби Хамлет шета по овие простори. Значи затоа јас велам дека, да не правиме преседани бидејќи билатерализацијата на преговорите ќе го одложи проширувањето на ЕУ.

Ние не сме оптеретување за апсорпциониот капацитет на ЕУ, ама и самата ЕУ честопати вели дека е недовршена симфонија без нас, или дека Балканот, или Западниот Балкан, една измислена синтагма, дека е нејзината Ахилова петица. Тогаш треба, во светот на глобализацијата како плурализација, да водите сметка и за Западен Балкан, како што не нарекуваат. На факултет во предавањето ќе објаснам зошто не разбирам што значи синтагмата, но таа е реалност.

Целосно се согласувам со претседателот дека извонредните политички односи засновани на почит и разбирање, треба да продолжат со економска соработка, бидејќи навистина таа во сегашните размери е симболична.

Инфраструктурно треба да се поврземе, во сите области треба да соработуваме, бидејќи кога велам дека мене регионалниот интерес ми е најважен, идеалистички сметам дека е многу важно да се потенцира дека ако не се штитите меѓу себе, не може да очекувате заштита од надвор. Ако не се разбирате регионално меѓу себе не можете да очекувате разбирање од надвор. Крајно време е ако сакаме преку помирување да дојде до прогрес на овој дел од Балканот да ги развиваме регионалните интереси. Тогаш верувајте ми дека само почитувајќи се и меѓусебно почитувајќи се, ќе ја добиеме и заслужиме и почитта од Европската Унија. Се насмеа претседателот, јас честопати велам дека крајно време е homo balcanicus да стане homo politicus. Емоциите се многу важни во уметноста, во културата и затоа јас се восхитував и денеска на еден од моите омилени сликари, Петар Лубарда, ама емоциите не се добри во политиката. Политиката бара рацио, бара разбирање.

Уште еднаш значи, од срце ви благодарам на прекрасното добредојде. Го потсетив претседателот дека и јас во црногорскиот мозаик едно камче внесов пред референдумот за самостојноста и независноста, бидејќи како професорка, како експертка, повикав овде дека правото на самоопределување е гарантирано со повелбата на Обединетите Нации и дека тоа што важело за сите држави и нации важи и за црногорската држава и за црногорската нација. Дека сум во право се покажува во вашето чекорење кон ЕУ. Се радувам на скорото отварање на четирите поглавја. Очекувам и посакувам 2028-та година да биде годината на влегувањето во Европската Унија, оти тоа е доказ дека е направен првиот голем исчекор, како доказ дека Европската Унија сега има стратегија за Западен Балкан, бидејќи тоа го немаше од 2003-та година односно од Солунскиот самит. Најважното, едно од поглавјата што ќе ги затворите се однесува на надворешната и безбедносната политика. Ние не сме членка на ЕУ меѓутоа имаме целосно хармонизирана надворешна и безбедносна политика. Тоа е многу важно за безбедноста на регионот, во ова време невреме, соочено со војни. Како жена морам нешто да кажам на крајот. И во Генералното Собрание реков дека е крајно време за длабоки реформи, па можеби и за жена генерален секретар на Обединетите Нации, зошто за жал војните најмногу ги погодуваат жените и децата. Мора да ставиме крај на сликите што потсетуваат на Герника од Пикасо. Обединетите Нации се доминантно мировен проект. Му реков на претседателот, добија Нобелова награда за мир, ама Њујорк е местото каде што треба да се решаваат проблемите. ЕУ исто така настана како мировен проект, генерално.

Затоа, значи мора ние на мирен начин да ги решаваме проблемите. Во спротивно нема невин. Не се виновни само оние со чинење, виновни се и оние кои само набљудуваат, а не реагираат.


Познат јутјубер е пронајден мртов во снежно невреме во Шведска (ВИДЕО)

Дваесет и двегодишниот Јутјубер Сторм де Бул почина од студ во снежна бура во Шведска.

Младиот човек кој трагично загина на пошироката јавност ѝ беше познат по својот канал на Јутјуб, каде ги објави своите неверојатни искуства од шумата во која често престојувал.

Инфлуенсерот бил пронајден мртов во регионот на Лапонија на 30 октомври. Како што откри неговата мајка за медиумите, неговите нозе биле замрзнати, но рацете не затоа што носел ракавици, но се здобил со сериозни повреди кога му бил скршен носот, најверојатно при пад, пренесува protothema.gr.

- Сигурно долго време страдаше и умрел. Размислувам за неговите последни моменти и тоа ме крши – изјави тогаш неговата мајка.

Наводно, младото момче неколку часа пред смртта ѝ испратил порака на својата баба дека таму каде што е врне снег и дека не треба да се грижи бидејќи ќе „преживее“.

Сторм, наводно, контактирал и со својот пријател со видео на кое се гледа како снегот му влегува во чевлите и чантата со порака: „Вечерва ќе биде најлоша, о Боже“.

Не е позната причината зошто Сторм го напуштил своето засолниште. Неговата мајка верува дека тој немал друг избор, поради страшната снежна бура што го зафатила.

- Ветерот таа ноќ ги искорна дрвјата. Шаторот можеби му се распаднал и немал друг избор освен да почне да оди. Надвор беше -6 степени и изгледаше како -18 - изјави таа за медиумите.

Јутјуберот наводно побарал помош и апелирал до надлежните да му помогнат бидејќи е повреден, но лошите временски услови ги спречиле спасувачките екипи да дојдат до него и да го спасат.

Кога го пронашле, Сторм бил далеку од шаторот и неговата торба била празна, внатре имало само четка за заби и вреќа за спиење.

Сиљановска Давкова: Изјавата на еврокомесарката Кос звучи како мешање во внатрешните работи

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета, ја коментираше изјавата на новоизбраната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која се однесува на очекувањата за уставните измени во земјава.

„Имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи на нешто како земи го или остави го. Тоа не е филозофија, тоа е софистицирано евромандаринство. Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи“, истакна Сиљановска Давкова на заедничката прес-конференција со нејзиниот црногорски колега, Јаков Милатовиќ.

Новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос на 27 ноември изјави дека очекува Македонија да ги направи потребните уставни измени и да ја вметне бугарската заедница во Преамбулата од Уставот.

„Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно и после тоа навистина да го забрзаме процесот“, нагласи Кос, пренесе МИА.

Прашана дали после направени уставни може да се дадат гаранции дека ќе нема други блокади, Кос рече дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање.

Таа додаде дека еден од основните принципи на Европската Унија е почитувањето на уставните и политичките структури на земјите-членки и кандидатки.

Во однос на тоа како може да се реши проблемот со Бугарија, новата еврокомесарка рече дека треба да се разговара што е можно повеќе.

„Да се зборува, што е можно повеќе, и со Македонија и со Бугарија. Мора да покажеме дека тоа е во наши раце, како да го решиме овој билатерален проблем. Без ова, а следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за ЕУ, и секако што е најдобро за Македонија“, рече Кос.

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан и ЕУ во Неум поради пропаднат тендер за организацијата

Македонската претседателката истакна дека Македонија е подготвена да направи чекори напред во процесот на уставни измени, но со одложено правно дејство.

„Ако се дозволи ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето можат да се соочат со пречки на крајот“, предупреди таа.

Сиљановска Давкова нагласи дека иако ретко дава коментари на изјави од ваков тип, чувствува обврска да реагира на, како што рече, премногу бирократското перцепирање на Европската Унија.

притисни ентер