Челзи го има најлошото трансфер-салдо во светот во последните пет години

Премиерлигашот Челзи го има најлошиот трансфер биланс во светот во последните пет години. „Сините“ од Лондон се во минус од 782 милиони евра.

Ова го покажува студијата спроведена од Фудбалската опсерваторија „CIES“.

Во топ 5 екипи со најлоши трансфер-салда се вклучени уште четири клуба од Премиер лигата - Манчестер Јунајтед (минус 773 милиони), Арсенал (минус 622 милиони), Тотенхем (минус 608 милиони) и Њукасл (минус 574 милиони).

Бенфика има најдобар биланс кога се во прашање профитабилни трансфери. За овој период португалскиот клуб е во плус 354 милиони евра.

Во првите пет на оваа листа се и: Ајакс (плус 349 милиони), Лил (плус 282 милиони), Салцбург (плус 262 милиони) и Спортинг (плус 220 милиони). зс/

Фото: ЕПА

Навивачите на ПСЖ нема да го исвиркуваат Мбапе за заминувањето на барање на придружбата на Килијан - барем до официјалното соопштение. Можеби ќе направат промоција за играчот на крајот од сезоната. /МИА

Баерн понуди 20 милиони евра за Та

 Баерн Минхен испрати втора понуда до Баер Леверкузен за дефанзивецот Џонатан Та, пренесува „Кикер“.

Според германскиот весник, клубот од Минхен е подготвен да плати 20 милиони евра за 28-годишниот Германец. Може да се платат и дополнителни пет милиони евра во форма на бонуси.

Актуелниот договор на играчот со Леверкузен е на уште една година, а тој не планира да го продолжи договорот со надеж дека ќе замине во Баерн.

Во сезоната 2023/24, Та настапи на 48 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест голови и една асистенција.

Илон Маск за церемонијата на отворање на Олимпијадата:Беше крајно непочитување кон христијаните

Милијардерот Илон Маск реагираше за свеченото отворање на Олимпијадата во Париз.

- Ова беше крајно непочитување кон христијаните, напиша Маск на социјалните мрежи.

Тој одговори на твитот со снимка од церемонијата на отворање и натпис: „Отфрлање на дегенерацијата“.

И пратеничката во Европскиот парламент Марион Марешал изрази бес поради случувањата на отворањето на Олимписките игри во 2024 година.

- До сите христијани во светот кои ја гледаа церемонијата на отворање и беа навредени од оваа пародија на Тајната вечера. Знајте дека ова не зборува Франција, туку левичарско малцинство кое е подготвено на секаква провокација, напиша Марешал на социјалната мрежа.

Таа реагира на како што вели, сцените на обезглавената Марија Антоанета, понижувањето на Републиканската гарда принудена да танцува со Аја Накамура и општата грдотија на костимите и кореографијата.

Летните олимписки игри 2024 беа отворени синоќа во Париз.

Трамп најави уште еден митинг во Батлер, градот каде што беше извршен обид за атентат врз него

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, најави дека наскоро ќе одржи уште еден митинг во Батлер, Пенсилванија, каде што беше извршен обид за атентат врз него на 13 јули.

„Ќе се вратам во Батлер, во Пенсилванија, на голем и убав митинг“, напиша тој на социјалните мрежи.

Трамп не го прецизираше датумот, а деталите ќе ги соопшти подоцна.

притисни ентер