„Ванчо Михајлов“ го смени името во „Една роза“: Македонска крвава свадба била бугарска

Бугарскиот културен центар Ванчо Михајлов функционира во истиот простор во Битола, но под ново име. 

Во Централен регистар сега е заведен под името Една Роза како Здружение Културен центар, откако пред 2 години министерството за правда не им даде согласност за користење на името на Михајлов, поради неговото поврзување со фашизмот..

И под новото име, здружението продолжи со активности кои предизвикуваат реакции во јавноста... Тие на социјалните мрежи споделија видео од промоција на издание на „Македонска крвава свадба“ претставена како бугарското културно наследство.

-Решивме да објавуваме оригинални документи, оригинални текстови, без корекции, Бугарка да се чита Македонка, Бугарија да се чита како Македонија,- изјави – Калин Крумов – промотор на книгата.

За овој настан, пратеничката и потпретседателка на Собрнаието, Весна Бендевска од ЗНАМ, го инаформирала ЈО во Битола.Смета дека се прави провокација на националните чувства на македонскиот народ.

-Се обратив до Основното јавно обвинителство во Битола за да прашам дали државните институции можат да најдат начин на кој ќе го забранат дејствувањето на здружението на граѓани со фашистичко име. Доколку има индиции, веднаш ќе поднесам кривична пријава против Љупчо Ѓоргиевски, поранешен претседател на поранешното здружение што е избришано од регистарот. – вели Бендевска во телефонски разговор.

Претседателот на здружението Љупчо Горгиевски, пак, за Канал 5 вели дека воопшто немале намера да провоцираат, а во поднесокот од Бендевска гледаат обид за притисок.

-За најточни информации, таа може да се обрати до Централниот регистар, каде што ќе го најде новото име на нашето здружение. Што се однесува до нашите активности, тие продолжуваат да се одвиваат во согласност со законите и регистрираните промени. Нема никаква намера за провокација кон никого, туку напротив, сите активности се насочени кон меѓусебно разбирање и почит. - вели Љупчо Ѓорѓиевски – КЦ Една Роза – Битола, и додава дека за „Македонска крвава свадба“ сакале да го промовираат фототипното издание на книгата.

Тој утре повтроно ќе седне на обвинитилна клупа во битолскиот суд, откако обвинителството поради пораките на социјалните мрежи и на ѕидовите на клубот лани му поднесе обвинение за ширење национална омраза кон македонскиот народ и придобивките од НОБ како и ксенофобија преку компјутерски систем.

Сослушани се 48 лица за несреќата во Нови Сад, денеска уште петмина

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека го искористило својот максимален капацитет за спроведување истражни дејствија со ангажирање на пет јавни обвинители и двајца помошници на јавни обвинители.

По повод трагичниот настан што се случи на 1 ноември во Нови Сад, кога се урна настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека го искористило својот максимален капацитет за спроведување истражни дејствија со ангажирање на пет јавни обвинители и двајца помошници на јавни обвинители, објави Телеграф.

Како што е соопштено, во претходните три дена биле сослушани вкупно 48 лица, додека наредено е денеска да бидат сослушани уште 5 лица. Во истиот период од повеќе различни институции, правни и физички лица, одземена е релевантна документација, чии детални анализи се во тек, а наредени се потребни вештачења за утврдување на причината за уривањето на настрешницата, пропустите кои довеле до него, како и одговорноста на лицата.

„Посочуваме дека, по спроведената истрага, местото е расчистено со оглед на тоа што се работи за јавна површина и дека заради обезбедување докази, градежните остатоци од урнатата настрешница, по барање на јавен обвинител се преместени на безбедна локација, каде што се под постојан надзор на полициските службеници во Нови Сад. Пристапот до таа локација е забранет, освен со претходно одобрение на обвинителството, и само на ангажирани вештаци, заради увид , земање мостри и анализа на градежни остатоци и материјали, заради извршување на потребните вештачења“, се вели во соопштението на ВЈТ во Нови Сад.

Како што се наведува во соопштението, трагичниот настан од 1 ноември има апсолутен приоритет во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, кое продолжува со интензивна работа со цел да се утврдат сите суштински елементи на кривичните дела и кривичната одговорност на лицата, за кои јавноста ќе биде навремено и редовно известена.

Кризата се влошува: Познатиот производител на автоделови затвора две фабрики

​Долго време беше синоним за германски квалитет.

Германскиот производител на автоделови „ZF“ е основан во 1915 година во Сарбрикен на езерото Констанца.

Долго време беше синоним за германскиот квалитет и првата инсталација, на пример, на менувач во автомобили како „BMW“.

„ZF“ е тешко погодена од кратењата на еден од своите најважни партнери, „Volkswagen“. Со намалената книга на нарачки, сега мора да отпушти меѓу 11.000 и 14.000 вработени, додека фабриката во Гелзенкирхен ќе се затвори на крајот на годината.

На други локации, каде што работат речиси 169.000 вработени во компанијата, постои голема грижа за иднината.

„ZF“, како и многу други компании од германската автомобилска индустрија, не ја следеше електрификацијата на автомобилската индустрија и сега има проблем поради тоа.

„Сè уште мислам дека имаме цврста основа врз која ќе ја градиме иднината“, вели Холгер Клајн, директорот на компанијата, но очигледно веќе никој не му верува.

Компанијата најави дека ќе затвори уште една фабрика во 2027 година. Се наоѓа во Еиторф во провинцијата Северна Рајна Вестфалија, пишува „Merkur.de“.

Извор: Б92

Шпанскиот премиер Санчез најави 10,6 милијарди евра помош за регионот погоден од поплавите

 Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска најави итен план за помош во вредност од 10,6 милијарди евра за граѓаните и компаниите погодени од смртоносните поплави што го опустошија југоисточниот дел на земјата.

„Вкупните инвестиции од сите овие први мерки ќе надминат 10,6 милијарди евра“, рече социјалистичкиот премиер и презентираше низа мерки за помош, усвоени на владината седница.

Според последните податоци, во разорните поплави што пред една недела ја зафатија југоисточна Шпанија животот го загубија 218 луѓе, а уништен е огромен имот.

Премиерот рече дека во последните 72 часа, откако последен пат зборуваше со јавноста, бројот на војници и полицајци распоредени во подрачјата опустошени од поплавите се зголеми на речиси 15.000.

„Бројот на лица испратени од шпанската Влада, војници, припадници на националната полиција, цивилна гарда, се зголеми од 7.300 на 14.898, а им се придружија 287 шумски чувари, околу 100 цариници, како и 600 возила и специјализирани машини за испумпување, расчистување и снабдување на погодените подрачја“, рече премиерот.

Говорејќи за пакетот помош, премиерот рече дека тоа е само првиот чекор.

„Пакетот вклучува директна помош, како и фискални олеснувања за компаниите и поединците. Помош ќе добијат 65.000 работници и околу 30.000 компании“, рече Санчез.

Премиерот најави и кредитна линија од пет милијарди евра за мали и средни претпријатија, независни работници и семејства, според модел многу сличен на оној што се применуваше за време на пандемијата.

Владата денеска и официјално прогласи состојба на природна катастрофа во погодените подрачја и се обврза дека ќе покрие 100 отсто од трошоците што општините ги направија за расчистување на улиците и помагање на луѓето.

Покрај тие итни мерки, Санчез увери дека Владата работи на долгорочен план за реконструкција на погодените области, неопходен за прилагодување на областа кон климатските промени./МИА

притисни ентер