Борел бара Израел да го спречи гладувањето на цивилното население во северна Газа

Европската Унија е сериозно загрижена за ситуацијата во северна Газа и ја повикува израелската Влада да преземе брза акција за да го спречи гладувањето на цивилното население 

Европската Унија е сериозно загрижена за ситуацијата во северна Газа и ја повикува израелската Влада да преземе брза акција за да го спречи гладувањето на цивилното население и да ги почитува своите обврски според меѓународното право, порача високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

- Агенциите на ОН, вклучувајќи ги УНДП, УНРВА, СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА, известуваат за ужасна хуманитарна ситуација, при што децата умираат со алармантна брзина и им се ускратени основните права на заштита, храна, вода и основна здравствена заштита. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека болниците снемуваат гориво и залихи, а јас се придружувам на неговиот повик за заштита на здравствената заштита, наведува Борел во писмената изјава во врска со најновите случување на Блискиот Исток.

Тој додава дека повеќе од две недели критичните линии за снабдување во северна Газа се прекинати, при што во областа пристигнала само мала или никаква помош во храна.

- Во саботата во северна Газа беа исклучени и мобилните комуникации. Му се придружувам на специјалниот координатор на ОН, Тор Венесланд, во повикот за прекин на нападите врз цивилите и за заштита на раселените лица, вели високиот претставник на ЕУ.

Борел посочува дека според податоците на Светската здравствена организација, во „големата израелска воздушна и копнена операција“ против Хамас од почетокот на октомври, наводно, се убиени стотици цивили, вклучувајќи и жени и деца, уништени се објекти на ОН и сериозно се оштетени болници.

- На преостанатите 400.000 жители на северна Газа им е наредено повторно да се евакуираат. Многумина од нив немаат каде да одат по постојаното раселување, не се во можност да заминат или стравуваат дека нема безбедно место во Газа, додава Борел.

Тој потенцира дека ЕУ ја нагласува итноста за целосен, брз, безбеден и непречен пристап до хуманитарна помош во Газа.

- Веднаш е потребен итен прекин на огнот, а ЕУ го повторува и својот повик за безусловно ослободување на сите преостанати заложници, наведува Борел.

Високиот претставник на ЕУ нагласува и дека тврдењата за наводни прекршувања на меѓународното хуманитарно право мора да бидат темелно и независно истражени и да се обезбеди одговорност за нивните евентуални сторители.

- Во овој контекст, повторно ја нагласуваме важноста од спроведување на наредбите на Меѓународниот суд на правдата, кои се правно обврзувачки, вели Борел.

Дополнително тој потенцира и дека воената конфронтација меѓу Хезболах и Израел е причина за неприфатлив број цивилни жртви и неподносливо ниво на уништување низ Либан, што ја прави уште покревка ситуацијата во земјата, која веќе е погодена од мноштво кризи.

- Меѓународната конференција за поддршка на Либан, свикана од Франција во Париз за 24 октомври, е важен повод да се мобилизира итната политичка и економска поддршка за либанскиот народ и суверенитетот на земјата. Како висок претставник на ЕУ за надворешна политика и потпретседател на Европската комисија, ќе носам порака во која ќе ги дефинирам главните чекори за постигнување на таа цел и придонесот на Европската Унија кон неа, додава Борел.

Франција ќе обезбеди 100 милиони евра помош за Либан

 Франција ќе обезбеди пакет помош од 100 милиони евра за поддршка на Либан, изјави денеска претседателот Емануел Макрон на меѓународна конференција во Париз.

Макрон рече дека „што поскоро е потребна огромна помош за либанското население и за стотиците илјади луѓе раселени за време на војната, како и за заедниците што ги прифаќаат бегалците“.

Во Франција денеска се одржува меѓународна конференција за Либан за да се собере воена и хуманитарна помош за земјата во која во војната меѓу Хезболах и Израел се раселија милион луѓе и загинаа над 2.500.

Организаторите се надеваат дека ќе соберат 426 милиони долари хуманитарна помош за која Обединетите нации велат дека е итно потребна.

Париз, исто така, се обидува да помогне во обновувањето на суверенитетот на Либан и да ги зајакне неговите институции./МИА

Фон Дер Лајен: Проширувањето ќе остане врвен пориоритет на ЕK во следните пет години

Проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години

Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум исто како и вас дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен на заедничката прес-конфернција со премиерот Христијан Мицкоски.

- Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години. Сега ги имаме сите потребни алатки и инструменти за да го овозможиме тоа, рече таа.

Претседателката на ЕК посочи дека Македонија постигна многу и дека покажа одлучност во преземањето на секој чекор.

- И навистина сакам да ја пофалам Македонија и да одадам почит на луѓето. Сега работата навистина мора да продолжи, рече Фон Дер Лајен.

Премиерот Мицкоски истакна дека Владата високо ја цени заложбата на претседателката на ЕК за нашиот евроинтеграциски пат и дека очекува ЕУ заедно со нас да помогне како да го продолжиме тој пат мпочитувајќи го ставот на граѓаните. Мицкоски изрази убеденост дека заедно може да се надминат овие пречки.

Опожарено возилото на сопственикот на регионалната Телевизија МНЕТ во Штип

 Рано утринава во дворот на семејната куќа на директорот на регионалната Телевизија М НЕТ, Благој Серсемов запален е неговиот автомобил. Во тек е истрагата од страна на истражните органи.

Од регионалниот актив на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) информираа дека во 15 часот е закажана прес-конференција за случајот со опожареното возило на директорот на Телевизија М НЕТ од Штип.

притисни ентер