Борба на живот и смрт меѓу украински и руски војник (Вознемирувачко видео)

На интернет кружи осумминутна снимка од брутална пресметка меѓу Украинец и руски војник, која заврши со победата на рускиот војник врз украинскиот војник.

Како што може да се прочита од странските медиуми, видеото го снимила камера на кацигата на украинскиот војник. На веб-страницата Редит е објавена наводна фотографија од рускиот војник по интензивната битка.

На осумминутната снимка од камерата на еден украински борец се гледаат двајца мажи како пукаат еден во друг во близина на урнатините на бомбардирана зграда. Украинецот потоа успева да му пријде на Русинот и да му ја зграпчи автоматската пушка, што доведува до борба која завршува со тоа што рускиот војник извадил нож и му го заби на противникот во бутот.

На видеото, според странските медиуми, се слуша како разменуваат навреди, а украинскиот војник бесно му кажува на рускиот војник дека дошол да ја нападне неговата татковина. Меѓутоа, украинскиот борец паѓа на земја откако рускиот војник го расекол со нож.

Неидентификуваниот ранет борец, кој губи крв, ѝ праќа пораки на мајка си додека го зема последниот здив. „Тоа е тоа, мамо. Збогум“.

Рускиот војник потоа му приоѓа на ранетиот борец и клекнува до него. „Ми го пресече целото тело“, заплака во тој момент украинскиот борец.

Додека лежи ранет, Украинецот го моли Русинот да го пушти да умре сам. "Ти благодарам. Ти беше најдобриот борец на светот. Збогум, ти беше подобар".

Во тој момент рускиот војник се повлекол и му рекол „збогум“ на Украинецот. Поразениот Украинец потоа го извлекува затворачот на својата граната во обид да стави крај на сопствениот живот, но безуспешно.

Според странските медиуми, се претпоставува дека снимката е направена во Трудово, во областа Запорожје во Украина, а била снимена есента, но дури сега е објавена. Видеото од тепачката, со крајно вознемирувачка содржина, можете да го погледнете на следниот линк од британски Сан.

Привремениот лидер на АНП Штокер отворен за коалициски преговори со екстремната десница

Новoизбраниот привремен лидер на Австриската народна партија (АНП), Кристијан Штокер, одржа кратка прес-конференција, изразувајќи благодарност до Карл Нехамер за неговата работа како претседател на АНП и федерален канцелар.

Штокер ја поздрави утрешната средба меѓу австрискиот претседател Александер ван дер Белен и лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Херберт Кикл. Тој изјави дека ќе ја прифати евентуалната покана од АПС за започнување коалициски преговори.

Тој потсети дека во минатото жестоко ја критикувал АПС и нејзиниот лидер Кикл, но додаде дека приоритет на Републиката е брзо формирање стабилна влада. Штокер истакна дека очекува претседателот Ван дер Белен да му го довери мандатот за формирање влада на Кикл.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер вчера изјави дека ќе поднесе оставка во наредните денови, откако преговорите за формирање нова влада пропаднаа, што се случи откако Австриска народна партија (ОВП) на Нехамер и централно левата Социјалдемократската партија (СПО) ги продолжија коалициските разговори еден ден откако либералната партија Неос неочекувано се повлече од преговорите.

Нехамер најави дека преговарале долго и фер, но дека не е можен договор за клучните точки. Тој додаде дека ги прекинуваат преговорите и нема да ги продолжат.

ОВП, СПО и Неос се обидоа да формираат трипартиска коалиција откако екстремно десничарската ФПО победи на националните избори во септември минатата година. /МИА

Српскиот претседател очекува документи за американските санкции кон НИС на 10 или 13 јануари

Вучиќ посочи дека има две непознати, кои се однесуваат на условите и дали проблемот е што Русија го има мнозинскиот пакет акции или што воопшто учествува во сопственоста на НИС.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека на 10 или 13 јануари очекува да пристигнат документите од САД за воведување санкции против српската нафтена компанија НИС (Нафтена индустрија Србије), во која руски компании имаат мнозински удел,пренесува Радио Слободна Европа.

Во емисија на српската национална ТВ РТС, Вучиќ посочи дека има две непознати, кои се однесуваат на условите и дали проблемот е што Русија го има мнозинскиот пакет акции или што воопшто учествува во сопственоста на НИС.

- Ќе останат ли санкциите против НИС ако Русите останат со 40 отсто сопственост, дали е доволно да немаат мнозински или контролен пакет акции или пак се инсистира тие целосно да излезат од сопственоста, рече Вучиќ.

Од 2008 година руската државна компанија „Газпром нефт“ и нејзината матична компанија „Газпром“ имаат мнозински удел во НИС од 56,15 отсто, додека 29,87 отсто се во сопственост на Србија.

Вучиќ додаде дека Србија има доволно средства за да го откупи НИС, но останува прашањето што ќе направи Русија со парите добиени од евентуалната продажба./МИА

Оланд: Макрон треба да го заврши својот мандат за да избегне институционална криза во Франција

Оланд, кој сега е пратеник во францускиот парламент, нагласи дека, без оглед на критиките упатени кон Макрон, тој беше реизбран на изборите пред три години и треба да го доврши мандатот. 

И покрај зголемените повици до францускиот претседател Емануел Макрон да поднесе оставка, тој треба да го заврши својот втор претседателски мандат за да избегне голема институционална криза, изјави поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд во интервју за „Вест Франс“.

Оланд, кој сега е пратеник во францускиот парламент, нагласи дека, без оглед на критиките упатени кон Макрон, тој беше реизбран на изборите пред три години и треба да го доврши мандатот. Во спротивно, Франција би се соочила со сериозна институционална криза.

Во однос на можните предвремени парламентарни избори, Оланд вели дека не гледа како распуштањето на парламентот по шест месеци би довело до значителни промени во составот на Долниот дом, кој сега е поделен на три блока без апсолутно мнозинство.

Оланд исто така повика на „смирена парламентарна демократија“ и изрази став дека владата на центристот Франсоа Бајру може да опстане до 2027 година, под услов да направи значителни компромиси, особено во однос на пензиите и фискалната правда, за да избегне гласање за недоверба.

Тој изрази желба за обновување на Социјалистичката партија како независен политички субјект, кој ќе биде отворен за социјалдемократи. Оланд повика на одржување партиски конгрес пред летото за утврдување на стратегијата за претседателските избори во 2027 година. /МИА

притисни ентер