Берген - најврнежливиот град во Европа

Интернет-пребарувачот за изнајмување сместувачки капацитети, „Холид“, користејќи ги податоците од апликацијата „Ворлд ведер онлајн“, ги анализираше најврнежливите градови во Европа.

Така, вториот по големина град во Норвешка - Берген, со просек од 12,7 врнежливи денови месечно и 8,8 милиметри врнежи дневно, е најврнежливиот град во Европа. Но, Норвежаните не се плашат од дожд... Тие, всушност, не го гледаат тоа како лошо време, туку велат дека има само „лошо облечени луѓе“, пренесува хрватскиот портал „Пункуфер“. Напротив, тамошните власти ги охрабруваат сите заинтересирани да го посетат Берген, без разлика на временската прогноза - поради прекрасните паркови, музеи, галерии, но и фјордовите во близина.

Зошто толку многу дожд во Берген? Градот има специфична географска местоположба. Се наоѓа на југозападниот дел на Норвешка, на брегот на Северното Море и е опкружен со седум планини. Сѐ тоа го прави местото подложно на долги и обилни врнежи.

Најдолгото континуирано дождливо време во Берген е забележано на крајот на 2006. и почетокот на 2007 година. Тогаш врнело дожд 85 дена по ред - од 29 октомври до 21 јануари.

Најдолга сезона на дождови во Берген во летните месеци е забележана во 1952 година, кога дождот паѓал непрекинато од 1 до 24 јуни. Инаку, во овој скандинавски град, најмалку дожд има обично во јуни, а најмногу во октомври. Просечната температура налето се движи од 9,9 до 20,7 Целзиусови степени - со тоа што јули е најтоплиот месец.

Во текот на зимата вообичаено има силен ветер, некаде снег и просечни температури од -4,9 до -0,1 Целзиусов степен. Ако имате можност да го посетите Берген, советот вели: искористете ја. Но, не заборавајте да понесете чадор.

Отишла во Турција да ги оперира очните капаци, но раните не зараснувале

Поради она што ѝ се случило не можела да излезе на улица...

Иркинката Анита Бордерс решила да се почести за својот 50-ти роденден со интервенција која на крајот ја чинела 10-пати повеќе и речиси ѝ го загрозила животот.

Таканаречениот „медицински туризам“ во Турција бележи голем раст, но не е секогаш без ризици. На ова предупредува и Анита Бродерс (51) од Ирска, која поминала низ трауматично искуство откако отпатувала во Истанбул на операција за подигнување на очните капаци. За да ги избегне високите цени за оваа услуга во Британија, оваа жена се одлучила за значително поевтина естетска процедура во Турција. Тоа требало да биде мал роденденски подарок за нејзиниот 50-ти роденден.

-Почнав да истражувам шест месеци однапред и наидов на една клиника во Турција. Сè чинеше дека клиниката е во ред. За операцијата потрошив 1.000 евра, надевајќи се на брза и успешна процедура. Меѓутоа, набргу по операцијата на очните капаци, сфатив дека нешто не е во ред. Раните не зараснуваа. Ги извадив завоите и ништо не изгледаше како што треба. Иако контактирав со клиниката, ми беше кажано дека тоа е „дел од процесот на закрепнување“, изјавила таа за „Кенеди Њуз ен Медиа“, а „People“ пишуваше за тоа.

Нејзиниот проблем се влошувал, и долните очни капаци почнале да паѓаат, откривајќи ја внатрешната слузокожа од окото и правејќи ја да изгледа морничаво. Анита се вратила во Турција каде ѝ била направена уште една операција, но проблемите се повториле.

- Ова ми го уништи 50-тиот роденден. Ја немав планираната прослава како што требаше. Тоа беше поразително. Живеев со тоа цела година. Пропуштив многу работи поради тоа. Моето семејство беше шокирано. Се чувствував нагрдено и изгледав деформирано. Не одев никаде освен на работа во мојот бар. Се чувствував како да не можам да излезам – додала таа.

Откако нејзините проблеми со очите продолжиле и по втората операција, Алиса изгубила надеж дека ќе добие помош од клиниката во Истанбул.

- Хирургот никогаш не презеде одговорност за своите постапки. Ми рекоа дека секоја постапка е ризик и дека јас сум ги потпишала документите. На крајот ми понудија отштета од 2.000 фунти (2.390 евра), што јас го нарекувам навреда. Оттогаш се немам слушнато со нив. Се чувствувам толку изневерено. Се каам што отидов во Турција на операција. Во Турција потпишувате документи, а немате поим што потпишувате. Тоа е опасно. Не сакам ова да му се случи на некој друг – истакнала таа.

По ваквото разочарување, после една година, Алиса отпатува во Канада на трета операција за да ги поправи нејзините очни капаци. Она што првично требало да биде евтина процедура, на крајот ја чинело речиси 11.000 долари.

Бизарен тренд меѓу тинејџерите: Се маскираат во животни и касаат луѓе на улица (ВИДЕО)

Невообичаениот тренд меѓу тинејџерите, наречен „квадробајк“, ги вознемири властите во Украина, Русија и некои нејзини поранешни републики.

Се претпоставува дека тинејџерите имитираат животни - носат маски, одат на сите четири, ржат или мјаукаат. Сепак, се тврди дека имало и случаи да напаѓаат случајни минувачи.

Наводно, полицијата во Узбекистан трага по најмалку еден тинејџер кој каснал лице на улица со кучешка маска, пренесува британски Телеграф.

На мрежите кружат видеа и фотографии од љубители на овој тренд, додека локалното МВР предупредува дека во случај на недолично однесување, нивните родители ќе бидат казнети.

„Експертите веруваат дека „квадробајк“ може да доведе до тоа децата да преземат агресивно однесување на животните, да се повредуваат себеси и другите. Тоа може да доведе и до промена на свеста на децата и нивна изолација од општеството“, се наведува.

Се верува дека „ квадробајк “ е инспириран од јапонски спринтер, односно неговиот рекорд во трчање на сите четири.

Се чини дека трендот се пресели од Јапонија и Северна Америка во Русија, Казахстан, Узбекистан и Украина.

Руската сенаторка Наталија Косихина предложи забрана за квадробајк.

„Мораме да се погрижиме децата да бидат повеќе заинтересирани за спортски и едукативни активности, кои нема да им наштетат на психата и здравјето на другите“, рече таа.

Од друга страна, некои психолози сметаат дека тоа е безопасна забава и детска игра.

Маж на сопственичка на градинка е осуден на 45 години затвор, откако бебе умрело од фентанил

Сопругот на сопственичка на градинка во Бронкс, Њујорк, Феликс Херера Гарсија, каде бебето починало од фентанил минатата година, е осуден пред федералниот суд на 45 години затвор за складирање на повеќе од 11 килограми фентанил и хероин во градинката.

Херера Гарсија е осуден вчера и се изјаснил за виновен за федералните обвиненија за трговија со дрога, објави ABC News.

Обвинителите изјавија дека Херера Гарсија побегнал од градинката, носејќи две големи торби за пазарење додека децата биле под дејство на дрога, во септември минатата година.

Едногодишниот Николас Доминичи починал, а уште три мали деца на возраст од осум месеци до две години биле хоспитализирани поради дејството на фентанил, соопшти полицијата.

Херера Гарсија по смртта на бебето побегнал во Мексико и бил уапсена по еднонеделна потера.

Заедно со криминалната група, тој чувал повеќе од 11 килограми фентанил и хероин во тајни прегради сместени под подните плочки во игротеката каде децата играле, јаделе и спиеле секој ден, соопштија обвинителите, укажувајќи дека на тој начин несовесно го ставал бебиња изложени на ризик од изложеност на фентанил.

притисни ентер