Автоспорт: Верстапен ќе изгуби 10 позиции на стартот на белгиското Гран при

Макс Верстапен ќе изгуби 10 позиции на стартот на белгиското Гран при поради промена на моторот.

Актуелниот светски првак и лидер во Формула 1 шампионатот, Макс Верстапен ќе добие казна за Големата награда на Белгија.

Според „Autosport“, Ред Бул одлучил да го замени моторот со внатрешно согорување во болидот на Макс Верстапен пред етапата во Спа. Имајќи предвид дека станува збор за надминување на дозволениот број на променети елементи за сезоната, Верстапен ќе се соочи со губење на најмалку 10 позиции на стартот.

Ред Бул ја препознаа неизбежната потреба за замена на моторот со внатрешно согорување во одреден момент и на крајот решија да се одлучат тоа да го сторат на патеката Спа, каде претекнувањето е многу полесно од многу други патеки кои ќе бидат домаќини до крајот на сезоната.

Забележано е дека во иднина болидот на Верстапен ќе мора да ја смени и турбината, батеријата ERS, електричниот мотор и контролната единица за електроника.

Сондата на НАСА која помина покрај Сонцето, сè уште работи

НАСА соопшти дека нејзината соларна сонда Паркер е „безбедна“ и работи нормално откако успешно го завршила најблиското приближување до Сонцето од вештачки објект во историјата.

Леталото помина на само 6,1 милиони километри од површината на Сонцето на 24 декември, летајќи низ надворешната атмосфера на Сонцето, наречена корона, во мисија што треба да им помогне на научниците да дознаат повеќе за ѕвездата најблиску до Земјата.

НАСА соопшти дека оперативниот тим во лабораторијата за применета физика Џон Хопкинс во Мериленд добил сигнал од сондата непосредно пред полноќ во четвртокот.

Се очекува леталото да испрати детални телеметриски податоци за неговиот статус на 1 јануари, додаде НАСА.

Патувајќи со брзина до 692.000 км/ч, леталото издржа температури до 982 степени Целзиусови, се наведува на веб-страницата на НАСА.

„Оваа студија на Сонцето „одблиску“и овозможува на Соларната сонда Паркер да направи мерења кои им помагаат на научниците подобро да разберат како материјалот во овој регион се загрева до милиони степени, од кое потекло е сончевиот ветер и како енергетските честички се забрзуваат до брзини блиску до брзината на светлината“, додава агенцијата.

Соларната сонда Паркер беше лансирана во 2018 година и постепено влегува во сè потесни орбити околу Сонцето, користејќи ја гравитацијата на Венера додека лета покрај планетата.

Џенифер Лопез и Кевин Костнер снимени во ист бар, се шпекулира дека се во врска

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез(55) и големиот холивудски заводник, 69 годишниот актер Кевин Костнер се фотографирани заедно во популарниот бар Кемо Сабе во Аспен, Колорадо, каде што ја поминаа вечерта во опуштено друштво.

Ова е нивна прва јавна средба по разводот со партнерите. Нивното доаѓање на истото место предизвика многу шпекулации, особено што и двајцата моментално се сингл.

Лопез беше добро расположена, се смееше и уживаше во пијачка. Носеше топол џемпер, а косата и беше крената во висока пунџа. Таа во еден момент се пошегува со фотографите и им го испружи јазикот, пишува Page Six.

Костнер исто така изгледаше опуштено додека разговараше со гостите. Носеше црна зимска јакна, фармерки и очила за сонце.

Не е познато дали Лопез и Костнер разговарале, иако е познато дека таа е голем обожавател на неговата серија Yellowstone. После овие фотографии многумина претпоставуваат дека пејачката и актерот се во врска, пишува Page Six.

Лопез и Костнер делат слична лична животна ситуација. Имено, и двајцата неодамна поминаа низ разводи. Разводот на Костнер од Кристин Баумгартнер беше финализиран по 18 години брак и сложени финансиски преговори, додека Лопез се раздели од Афлек по две години брак.

Во Хрватска излезноста на претседателските избори околу 36 отсто, помала и од пред пет години

Во Хрватска и попладнево излезноста на претседателските избори во земјата е помала од пред пет години, покажуваат најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК).

До 16 часот и 30 минути излегле 1.195.377 гласачи или 36,09 отсто. Пред пет години во исто време гласале 38,82 отсто од гласачите или 1.343.000.

На претседателските избори во 2010 година до 16 часот на гласање излегле 36,36 отсто од запишаните избирачи.

ДИК наведе дека највисокиот одѕив во окрузите Вараждин и Меѓумурје бил над 40 проценти, а најмал во Вуковарско-сремската жупанија со околу 28 проценти.

Ова се трети избори во Хрватска годинава, претходно беа одржани парламентарни и избори за пратеници во Европскиот парламент.

Избирачките места се отворени од 7 до 19 часот, кога завршува изборниот молк. Потоа ќе бидат објавени првите резултати од излезните анкети, а ДИК ќе почне со објавување на првите резултати од 20 часот.

притисни ентер