Распродаден стадионот на Севиља за збогувањето на Хесус Навас

Натпреварот против Селта беше последен за легендарниот фудбалер на Севиља, Хесус Навас кој настапи на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“, а на истиот во понеделник на 30 декември славниот шпански клуб ќе му организира и официјално простување.

Клубот од Андалузија, каде поранешниот шпански репрезентативец ја помина целата своја кариера, освен периодот од 2013 до 2017 година кога беше член на Манчестер Сити, приреди спектакуларно збогување од фудбалот за својата најголема легенда.

Севиља на својот официјален профил на социјалната мрежа Х објави дека целиот стадион е преполн и се очекува незаборавна вечер за сите оние кои сакаат на Навас да му посакаат среќна пензија.

Искусниот Навас четири пати го освојуваше пехарот на Лига Европа во дресот на клубот од родниот град, двапати триумфираше во Купот на Шпанија и еднаш во Суперкупот на Европа.

Последниот меч за Севиља го одигра против Реал Мадрид, што беше негов 705. настап за овој клуб и тој е играчот со најмногу настапи во дресот на тимот од Андалузија, но и кој освоил најмногу трофеи со овој тим.

Во штипската Клиничка болница женско бебе во новата година

 Андреја е првото новороденче кое се роди во штипската Клиничка болница. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов и директорот на болницата, Владко Захариев, денеска ги посетија Андреја и нејзината мајка.

Раководителката на Одделението на гиникологија и акушерство при Клиничка болница -Штип, Станка Јаневска - Велкова истакна дека бебето има три килограми и 550 грама и 49 сантиметри.

- Се роди неколку сеукнди само по полноќ и сме многу среќни сите заедно со Андреја. Да е жива и здрава, голема да расте, рече Јаневска - Велкова.

Таа истакна дека минатата година ја имаат завршено со 418 раѓања, а бројката е намалена како во сите други родилишта. Желба ѝ е на родилките да им се врати довербата во државните родилишта.

Штипскиот градоначалник посака оваа година да има многу новороденчиња, кои ќе означуваат нова надеж, нов живот и напредок во општина Штип.

- На нашите сограѓани им посакувам успешна, среќна и бериќетна нова година. Во оваа година да имаме многу развој во нашиот град. Нека малата Андреја биде поттик за напредок и бериќетна 2025 година, изјави Јорданов.

Директорот на Клиничка болница - Штип, Захариев порача оваа година да биде со повеќе рожби, а граѓаните да имаат помалку нервози.

За лекарите и медицинскиот персонал, новогодишната ноќ поминала вообичаено, без случаи со алкохолизирани граѓани, а имале интервенции на повредени лица во сообраќајни несреќи со полесни повреди.

Инаку, подобрени и посовремени услови има за родилките и нивните новороденчиња на Одделението за гинекологија и акушерство каде има и два нови апартмана, а по Божиќ ќе се реновира и тоалетот. Годинава, се очекува доекипирање и на лекарскиот кадар, со враќање на две лекарки од породилно боледување и со нови лекари - специјализанти, за кои постои најава за вработување од Министерството за здравство.

„Скопска Новогодишна приказна“ во Општина Кисела Вода

​Кисела Вода испиша прекрасна „Скопска Новогодишна приказна“.

Под насловот „Скопска Новогодишна приказна,“ синоќа пред салата Расадник, Општина Кисела Вода организираше незаборавна новогодишна прослава, која собра илјадници жители од Кисела Вода и Скопје. Настанот започна со настапот на „Куку Леле“ и под водство на харизматичниот Игор Џамбазов, кој настапи заедно со „Гуру Харе Бенд.“

Програмата продолжи со енергичните „ДНК,“ на кои им се придружи Врчак, кој по 15 години пауза повторно се појави на музичката сцена. Вечерта кулминираше со настапот на популарниот Лозано, кој заедно со публиката ја дочека Новата година.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, се обрати кон присутните граѓани непосредно пред полноќ, упатувајќи искрени новогодишни желби:

„Драги жители на Кисела Вода и Скопје, оваа вечер ви ја посветуваме вам и на радоста, љубовта и сплотеноста што ја носи Новата година. Ви посакувам добро здравје, лична и семејна среќа и уште многу успеси. 2025-та година да биде година на поубави можности и остварени соништа! Од срце ви благодарам што сте тука со нас, споделувајќи ја оваа магична Новогодишна ноќ. Заедно да броиме до нови успеси и светли моменти. Среќна Нова година!“-честиташе градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Со заедничко одбројување, огномет го осветли небото над Кисела Вода, додека публиката со воодушевување пееше, играше и се забавуваше со изведувачите.

Настанот имаше и богат дневен дел, посветен на најмладите посетители. Програмата започна со настап на балетското студио „Лебед“, продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“. Малите посетители уживаа во веселите настапи на „Поточиња“, аниматорите и Дедо Мраз, кој овој пат беше во друштво на ликот Гринч. Сите присутни деца добија празнични пакетчиња, кои дополнително му додадоа магија на Новогодишниот ден.

ФБИ: Смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс е „терористички чин“

Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс го смета за „терористички чин“.

Човекот кој го предизвика инцидентот на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, беше убиен од полициските службеници, наведува ФБИ.

Инцидентот се случи на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Најмалку 10 лица загинаа откако човекот удри во толпа луѓе, а повеќе од 35 се хоспитализирани.

притисни ентер