Андреј Темов од Кисела Вода стана државен шампион во тенис до 12 години

Кисела Вода доби државен шампион во тенис! На Државно првенство на Македонија за јуниори до 12 години, кое се одигра денес, титулата најдобар ја понесе Андреј Темов, ученик од ООУ Круме Кепески. 

Градоначалникот Ѓорѓиевски кој го бодреше, му ја честиташе победата и му посака понатамошни успеси. Му укажа дека и понатаму може да смета на поддршката која ја добива од Општина Кисела Вода и дека покрај финансиска поддршка, тој и сите други талентирани спортисти, можат да сметаат и на одлични услови за развивање на своите спортски потенцијали.

- Голема е мојата радост што денес нашата општина, Кисела Вода доби државен шампион во тенис до 12 години. Андреј Темов, кој честопати бил гостин во мојот кабинет, покажа како се креираат резултати кога некој е силно посветен на она што го сака. Овој извонреден успех е доказ за неговата посветеност, труд и талент, и ни покажува дека иднината на спортот во нашата општина е светла. Имав чест и привилегија лично да го бодрам Андреј на овој важен настан и од срце му ја честитам победата. Неговата истрајност и желба за успех се инспирација за сите нас. Како градоначалник на Општина Кисела Вода, сакам да му посакам понатамошни успеси и да го охрабрам да продолжи да го следи својот сон.

Општина Кисела Вода ќе продолжи да го поддржува Андреј и сите други талентирани спортисти. Како и досега, ќе обезбедуваме финансиска поддршка, но и одлични услови за развивање на спортските потенцијали. Силно верувам дека со правилна поддршка и инвестиции во изградба на спортската инфраструктура, нашите млади спортисти ќе можат да постигнуваат уште поголеми успеси и да ја претставуваат нашата општина и држава на највисоко ниво. Честитки уште еднаш на Андреј Темов! Нека оваа победа биде само една од големата низа на успеси-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Поделени реакции во јавноста по конгресот на СДСМ

Поделени се реакциите во јавноста околу отчетниот но и коннгресот на СДСМ за избор на новиот Централен одбор.

Според Петар Арсовски крајниот збор ќе го имаат испорачаните резултати, но добро е што СДСМ ќе се реформира, и со изборот на заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска прави обид СДСМ да ја поврати загубената демократска јавност.

За Александар Ристовски со новоизбраните кадри нема простор за оптимизам, ниту резултати на долг рок..

Главчев: Уставните измени со одложено дејство не се тема на разговор

-Јас мислам дека тоа прашање е решено.

За Бугарија прашањето со Македонија е решено, изјави бугарскиот технички премиер Димитар Главчев во телевизиско гостување прашан за предлогот на македонската влада и на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Бугарите да бидат вклучени во Уставот по влезот на земјата во Европската Унија. Главчев додава дека постојат рамки во кои мора да работат сите земји, вклучително и оние од Западен Балкан, а Бугарија направила доволно компромиси со својата национална самодоверба и достоинство.

-Јас мислам дека тоа прашање е решено.

-Вие можеби да, но тие не мислат.

Јас нема како да одговарам на властите во Македонија, за Бугарија прашањето е решено. Има рамки во кои треба да се движат сите држави-членки на ЕУ, вклучително и оние од Западен Балкан, така што нема тема за разговор мислам дека доволно компромиси направи Бугарија со своето национално чувство и достоинство за да прави уште,- Димитар Главчев – В.д. Претседател на Владата на Р. Бугарија.

Во меѓувреме, речиси еден месец по изборите во Бугарија се уште траат преговорите за формирање на влада. Од победничката ГЕРБ- СДС се децидни дека нема да се откажат Борисов да биде премиер, а како копромисно решение предлагаат претседателот на Собранието да биде од партијата на Кирил Петков.

„ Од премиер не можеме да отстапиме не за друго, бидејќи она што го правиме за Шенген и еврозоната со нашите колеги, за радост Унгарија претседава со ЕУ, колегата Орбан стои зад ветувањата поставени на дневниот ред за Шенгенот, имаме големи шанси. “-Бојко Борисов – ГЕРБ-СДС.

Доколку повторно нема коалициски договор, Бугарија ќе оди на избори по осми пат во четири години.

Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати истакна дека се надева дека во соседната државата ќе се формира стабилна влада, со која ќе може да седнат и да најдат решение за одблокирање на патот на Македонија во ЕУ.

Скопје се врати на листата на 10 најзагадени градови во светот

Главниот град Скопје повторно се најде во топ 10 најзагадени градови во светот, според анализата што ја прави сајтот за квалитет на амибиенталниот воздух „Ај кју Ер“.

Ветрот си замина, загадувањето се врати. Главниот град Скопје повторно се најде во топ 10 најзагадени градови во светот, според анализата што ја прави сајтот за квалитет на амибиенталниот воздух „Ај кју Ер“.

За намалување на загаденоста, од пред неколку дена стапија на сила и краткорочните мерки на Министерството за животна средина. Дел од нив подразбираат; контроли на возилата, намалување на употреба на службените автомобили и ослободување од работни обврски за бремени жени, лица над 60 години и лица со здравствени проблеми.

Со цел заштита на животната средина и да се спречи потенцијално загадување, поништена е одлуката за изградба на асфалтна база кај Визбегово, против која дел од жителите протестираа летоска. Ова го соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој додаде дека утре во Скопје ќе пристигнат првите електрични автобуси.

Единствен начин да се реши проблемот со аерозагадувањето според еко-активистите е секоја година да се инвестира во тоа, а не да се замачкуваат очите на граѓаните во предизборието.

Една од долгорочните мерки за решавање на загадувањето е изградба на когенеративни централни. Премиерот Мицкоски неодамна објави дека Владата е во потрага по партнери за изградба на вакви централни, кои ќе произведуваат електрична енеергија и гас.

притисни ентер