Американската морнарица прогласи за мртви двајца пилоти чиј борбен авион се урна

Американската морнарица прогласи за мртви двајца пилоти чиј борбен авион се урна за време на тренажен лет.

Двајца воздухопловци кои исчезнаа откако борбен авион се урна на планински терен во државата Вашингтон за време на рутински тренинг лет се прогласени за мртви, соопшти денеска американската морнарица.

Авион EA-18G Growler се урна источно од планината Рение во вторникот попладне. Тимовите за пребарување, вклучително и хеликоптер на американската морнарица, беа лансирани во обид да го пронајдат екипажот и местото на несреќата.

Спасувачите ги лоцираа остатоците во средата во оддалечена, стрмна и пошумена област источно од планината Рение, соопштија официјални лица.

-Имињата на воздухопловците нема да бидат објавени дури еден ден откако ќе бидат известени нивните најблиски, се вели во денешното соопштение на морнарицата, додавајќи дека причината за несреќата сè уште е под истрага.

ИДФ им се извини на либанските власти за нападот на воен камион во кој загинаа тројца војници

 Израелската армија (ИДФ) им се извини на властите во Либан за нападот во неделата во кој загинаа тројца либански војници во јужен Либан.

Во извинувањето се вели дека ИДФ „не се бори против либанската армија“ и дека војниците на ИДФ верувале дека гаѓале на возило на терористичката група Хезболах, пишува Тајмс оф Израел.

Извинувајќи се за овој инцидент, ИДФ наведува дека бил извршен напад врз камион кој влегол во зоната во која претходно влегол камион на Хезболах со ракети и фрлачи, а војниците не биле свесни дека камионот е на либанската армија.

Во камионот загинале либански војници кои биле на пат кон селото Аин Ебел во пограничната област кај градот Ханин.

Од почетокот на отворениот конфликт меѓу Израел и либанскиот Хезболах загинаа вкупно осум припадници на либанската армија.

Нема да се одржат рочиштата против Рамиз Мерко за незаконско поставување директори

 Во Основниот суд во Струга денеска нема да се одржат двете закажани рочишта против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско поставување директори во основни училишта поради немање уредна достава до сведоците.

Од судот за МИА информираат дека имале проблеми со достава до сведоците.

- Двајцата сведоци кои требаше денеска да бидат сослушани, по двата предмети, не се во можност да присуствуваат на рочиштето, изјави адвокатот на Мерко Игор Петкоски.

Во својство на сведоци денеска требаше да се појават поранешниот министер з аобразование Јетон Шаќири и раководителот на секторот за финансии при Општина Струга Абедин Нуроски.

СДСМ предлага покачување на минималната плата на 27.700 денари

Во услови на голема економска несигурност, како одговорна опозиција предлагаме измени и дополнување на Законот за минимална плата. Со измените предвидуваме минималната плата да се покачи на 27.700 денари, што претставува пораст од 12,3 проценти..

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предлага измени и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предвидува покачување на минималната плата на 27.700 денари, информираше денеска во законодавниот дом пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче.

Посочи дека со ваквото покачување не само што ќе се обезбеди финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијае на порастот на просечната плата.

– Во услови на голема економска несигурност, како одговорна опозиција предлагаме измени и дополнување на Законот за минимална плата. Со измените предвидуваме минималната плата да се покачи на 27.700 денари, што претставува пораст од 12,3 проценти. Со ова не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците, туку ќе влијаеме на порастот на просечната палта, што ќе има позитивен ефект врз секое семејство во државата. Методологијата за усогласување на минималната плата со порастот на трошоците за живот и просечната плата останува и понатаму како дел од овој закон, со тоа ќе обезбедиме сигурен и постојан раст на приходите на граѓаните, посочи Филипче.

Лидерот на опозициската СДСМ ги повика сите пратеници да отстапат од партиските интереси и да дадат поддршка на иницијативата за покачување на минималната плата.

– Ја повикувам Владата и сите пратеници дека ова не е време за застапување на партиски интереси, туку за заштита на интересите на граѓаните. Мандатот на пратениците им го дале тие и тие одговараат пред нив, а не пред партискиот лидер, затоа сите пратеници и од владејачкото мнозинство и од опозицијата треба да дадат поддршка на оваа иницијатива и да се издигнат на политичките разлики и да гласаат за подобар животен стандард на работниците. Ова решение е во интерес на сите граѓани и сите ние носиме одговорност да се погрижиме за економскиот просперитет на нашата држава, рече Филипче.

Просечната плата во земјава, додаде, е намалена за 1000 денари, а цените на основните прехранбени производи постојано растат. Тој нагласи дека потрошувачката кошничка во септември 2024 година има достигнато 61.306 денари.

– Потрошувачката кошничка во септември 2024 година достигна 61.306 денари, цените на основните прехранбени производи растат, а куповната моќ на граѓаните значително е намалена. Само за потсетување, Владата предводена од СДСМ во период од седум години, креираше политики за постојан раст на платите и работеше за значително да се подобри животниот стандард на работниците. Во 2016 година, просечната месечна нето-плата изнесуваше 22.460 денари, додека во мај 2024 година достигна 41.252 денари. Ова е резултат на посветените политики кои имаа за цел да го подобрат животот на секој граѓанин, особено на работниците, рече Филипче.

Вели повратот на ДДВ е сериозен проблем на македонската економија, односно долгот на УЈП кон компаниите, за кој рече дека не е исплатен повеќе од три месеци, има надминато 100 милиони евра.

– Владата не презема конкретни мерки за покачување на платите и со тоа ги става работниците и нивните семејства во многу тешка економска и социјална положба. Сериозен проблем на македонската економија е и повратот на ДДВ, долгот на УЈП кон компаниите кој не е исплатен повеќе од три месеци надминува повеќе од 100 милиони евра. Такво нешто не се случило во последните седум години, нагласи Филипче.

притисни ентер