ИДФ им се извини на либанските власти за нападот на воен камион во кој загинаа тројца војници

 Израелската армија (ИДФ) им се извини на властите во Либан за нападот во неделата во кој загинаа тројца либански војници во јужен Либан.

Во извинувањето се вели дека ИДФ „не се бори против либанската армија“ и дека војниците на ИДФ верувале дека гаѓале на возило на терористичката група Хезболах, пишува Тајмс оф Израел.

Извинувајќи се за овој инцидент, ИДФ наведува дека бил извршен напад врз камион кој влегол во зоната во која претходно влегол камион на Хезболах со ракети и фрлачи, а војниците не биле свесни дека камионот е на либанската армија.

Во камионот загинале либански војници кои биле на пат кон селото Аин Ебел во пограничната област кај градот Ханин.

Од почетокот на отворениот конфликт меѓу Израел и либанскиот Хезболах загинаа вкупно осум припадници на либанската армија.

Ријана го купува еден од најстарите англиски фудбалски клубови

Фудбалскиот клуб Транмер Роверс, еден од најстарите фудбалски клубови во Англија, наскоро би можел да доживее неверојатен пресврт во својата историја.

Имено, познатата светска музичка ѕвезда Ријана, заедно со нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки, планира да стане мнозински сопственик на овој клуб од четвртата лига на англискиот фудбал.

Понуда вредна 15 милиони фунти веќе е доставена до сегашниот сопственик, а од тимот на Ријана потврдија дека преговорите се во напредна фаза.

Аквизицијата би можела да донесе значителен финансиски поттик за клубот, кој моментално се наоѓа на 16-тото место во Втората лига, со амбиции да се натпреварува на највисокото ниво на англискиот фудбал во иднина.

Иако идејата за борба за титулата во Англија во моментов изгледа како сон, популарноста и ресурсите на Ријана би можеле да го променат текот на историјата на овој клуб.

Либанскиот премиер со недели нема никаков контакт со Хезболах

Привремениот либански премиер, Наџиб Микати, вели дека нема контакт со претставници на Хезболах со недели, иако милицијата постави двајца министри во кабинетот и има 13 претставници во либанскиот парламент.

- Нема комуникација со Хезболах од средината на минатиот месец, изјави Микати за Ал Арабија. Тој не откри како комуницирал со шиитската организација поддржана од Иран во минатото.

Изјавата на Микати покажува дека лидерите на Хезболах се внимателни и го ограничуваат контактот со другите откако Израел почна да ги проширува воените операции во Либан пред неколку недели, пренесе ДПА.

Се смета дека лидерите на Хезболах често ја менуваат својата локација по убиството на лидерот Хасан Насралах и другите високи команданти.

Хезболах игра голема улога во либанскиот јавен живот, освен воените активности. Обезбедува социјални услуги, вклучувајќи училишта и болници. Милитантната организација влезе и во коалиции со други партии. /МИА

Стано: Потпирањето на земји како Северна Кореја ја разоткрива слабоста на Русија

Тој иронично забележа дека Русија изгледа навистина „спроведува специјална операција во Украина“, доколку и треба помош во војници од „изолиран режим кој е под санкции на Обединетите нации“. 

Европската Унија е свесна за извештаите кои укажуваат дека Северна Кореја и Русија ја зајакнуваат нивната веќе постоечка воена соработка со испраќање севернокорејски војници на руска територија, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Тоа сигнализира дека Русија е навистина очајна во обезбедувањето на сета помош што може да ја добие, затоа што е толку изолирана и е под толку многу санкции, што не може да го стори тоа со други начини и средства. Само уште еднаш да потсетам, Северна Кореја е режим под повеќекратни санкции од страна на Советот за безбедност на ОН и е актер кој сериозно ги нарушува стабилноста, мирот и безбедноста не само во регионот, туку и на глобално ниво. Потпирањето на земји како што е Северна Кореја само ја разоткрива слабоста на Русија, рече Стано.

Тој иронично забележа дека Русија изгледа навистина „спроведува специјална операција во Украина“, доколку и треба помош во војници од „изолиран режим кој е под санкции на Обединетите нации“.

- Секако дека сме многу загрижени за растечката воена соработка помеѓу Северна Кореја и Русија. Подеднакво сме загрижени од трансферите на оружје меѓу овие две земји и со што во моментов се прекршуваат повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН. Ако се потврдат извештаите за трансфер на војници од Северна Кореја во Русија, тоа би означило уште едно ниво на ескалација и значително зголемување на нивната соработка, рече Стано.

Според него, на овој начин Русија уште повеќе би ги прекршила меѓународните правила и меѓународното право и само би илустрирала дека е решена „да ги ескалира“ своите незаконски активности против Украина.

- Русија апсолутно не е заинтересирана за изнаоѓање мировно решение и пораката што ја испраќа со ова е дека не само што бара воена помош од каде било, главно од изолирани режими, туку и размислува и за користење на нивните војници, додаде Стано. /МИА

притисни ентер