Песков: Санду мора да ги докаже своите тврдења за мешањето на Русија во изборите

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека претседателката на Молдавија, Маја Санду, мора да презентира докази за нејзините тврдења дека Русија се мешала во изборите во таа земја, „бидејќи тоа е сериозно обвинување“.

„Таа треба да презентира докази“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето за реакцијата на Кремљ на обвинувањата на Маја Санду во врска со наводното мешање на Русија во изборите во недела и нејзината изјава дека „криминални групи во таа земја работат со странски сили“.

Прво, не кажува за што точно зборуваме. Второ, тоа е прилично сериозно обвинение против истите тие криминални групи и некакви докази мора да се презентираат во јавноста. Односно, ако каже дека не добила гласови поради одредени криминални групи, мора да обезбеди докази за тоа“, рече песков.

Тој додаде дека би било добро Санду да го објасни бројот на гласовите на оние кои не гласале за неа. „Дали и тие се криминални групи или таа мисли дека граѓаните на Молдавија кои не ја поддржуваат се поврзани со криминални групи“, праша Песков.

На референдумот за пристапување на Молдавија во Европската унија, што се одржа во неделата, според прелиминарните податоци на Централната изборна комисија, по обработката на 98,38 отсто од гласачките материјали, 50,07 отсто од гласачите се изјасниле за евроинтеграции.

На претседателските избори одржани истиот ден, според прелиминарните податоци по обработката на 98,51 отсто од гласачките материјали, најмногу гласови добила актуелната шефица на државата Маја Санду со 42,07 отсто од гласовите. Кандидатот на Социјалистичката партија, Александар Стојаногло, кој беше разрешен од функцијата јавен обвинител на Молдавија, е на второ место со 26,27 отсто од гласовите и се пласираше во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 3 ноември.

Првиот круг од претседателските избори во Молдавија се одржа на 20 октомври, со излезност од 51,67 отсто од запишаните избирачи.

Санду се залага за интеграција во ЕУ, а опозицијата ја обвинува за раскинување на врските со Русија и за предавство на националните интереси. Поранешниот јавен обвинител Александар Стојаногло, кој е поддржан од опозициската Социјалистичка партија, смета дека односите на Молдавија со ЕУ не треба да му наштетат на традиционалното партнерство со Русија и ЗНД во целина.

Лојд Остин во Киев најави нов пакет на американска помош за Украина од 400 милиони долари

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави денеска за време на неговата посета на Киев дека САД ќе испратат нов пакет воена помош за Украина во износ од 400 милиони долари (368 милиони евра).

Остин во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека пакетот вклучува дополнителна муниција, оклопни возила и противтенковско оружје, пренесе Ројтерс.

Американскиот секретар за одбрана пристигна во работна посета на Украина по серијата средби што американскиот претседател Џо Бајден ги имаше во Берлин со клучните европски партнери, изјави денеска началникот на кабинетот на украинскиот претседател Серхи Лешченко.

„Претходно, од безбедносни причини никој не најавуваше однапред кој доаѓа во Киев додека гостинот не ја напушти Украина, но сега има нова практика бидејќи ситуацијата се менува на подобро“, изјави Лешченко, пренесе агенцијата „Униан“.

Лешченко истакна дека посетата на Остин е веројатно последна посета на член на американската влада на Украина пред претседателските избори во САД.

Според него, по берлинските средби на американскиот претседател Бајден со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, има потреба од „усогласување на позициите“.

Ријана го купува еден од најстарите англиски фудбалски клубови

Фудбалскиот клуб Транмер Роверс, еден од најстарите фудбалски клубови во Англија, наскоро би можел да доживее неверојатен пресврт во својата историја.

Имено, познатата светска музичка ѕвезда Ријана, заедно со нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки, планира да стане мнозински сопственик на овој клуб од четвртата лига на англискиот фудбал.

Понуда вредна 15 милиони фунти веќе е доставена до сегашниот сопственик, а од тимот на Ријана потврдија дека преговорите се во напредна фаза.

Аквизицијата би можела да донесе значителен финансиски поттик за клубот, кој моментално се наоѓа на 16-тото место во Втората лига, со амбиции да се натпреварува на највисокото ниво на англискиот фудбал во иднина.

Иако идејата за борба за титулата во Англија во моментов изгледа како сон, популарноста и ресурсите на Ријана би можеле да го променат текот на историјата на овој клуб.

Либанскиот премиер со недели нема никаков контакт со Хезболах

Привремениот либански премиер, Наџиб Микати, вели дека нема контакт со претставници на Хезболах со недели, иако милицијата постави двајца министри во кабинетот и има 13 претставници во либанскиот парламент.

- Нема комуникација со Хезболах од средината на минатиот месец, изјави Микати за Ал Арабија. Тој не откри како комуницирал со шиитската организација поддржана од Иран во минатото.

Изјавата на Микати покажува дека лидерите на Хезболах се внимателни и го ограничуваат контактот со другите откако Израел почна да ги проширува воените операции во Либан пред неколку недели, пренесе ДПА.

Се смета дека лидерите на Хезболах често ја менуваат својата локација по убиството на лидерот Хасан Насралах и другите високи команданти.

Хезболах игра голема улога во либанскиот јавен живот, освен воените активности. Обезбедува социјални услуги, вклучувајќи училишта и болници. Милитантната организација влезе и во коалиции со други партии. /МИА

притисни ентер