Браќата од „Оејзис“ сепак ќе имаат одделни соблекувалници и одвоен превоз

Браќата од поп-дуото „Оејзис“ (Oasis) - Ноел и Лијам Галагер наводно ќе бидат „одделени“ вон сцената при нивната долгоочекувана турнеја во 2025 година.

Тоа значи дека ќе имаат посебни, одделни гардероби и ќе патуваат одвоено, што според познавачите, не е невообичаено со оглед на нивните долгогодишни несогласувања и расправии, пишува „Дејли мејл“.

Лошиот однос меѓу раскараните браќа го достигна својот врв во 2009 година, откако Ноел (57) го напушти култниот бритпоп-состав по кавга зад сцената на концертот во Париз. Со Лијам (52) оттогаш се скарани. Сепак, двајцата браќа успеаја да ги тргнат своите несогласувања настрана за да се вратат на сцената.

Според нивните агенти, тие ќе имаат посебни соблекувални и одвоен превоз „за да се избегне потенцијален конфликт и ПР и финансиски кошмари“.

„Ќе работат заедно за промотивниот дел од турнејата и за настапите. Освен тоа, поголемиот дел од времето ќе бидат одделени. Секако, ќе одржуваат заеднички проби, но атмосферата ќе биде наелектризирана“, изјави неименуван извор за „Мирор“.

Лијам претходно изјави дека сега веќе поранешната сопруга на Ноел, Сара Мекдоналд е виновна што составот престанал да постои. Но, откако лани разводот на Ноел, „тежок“ 20 милиони фунти, беше привршен, постариот Галагер бил поуверен „во финансискиот успех на повторното обединување“ на дуото.

Ноел и Сара ѝ открија на јавноста дека се разделуваат во јануари 2023 година, по речиси 12 години брак.

Билетите за 14-те датуми во јули и август, за настапи во Велика Британија и Ирска се пуштени во продажба на 31 август. Поп-составот ќе одржи концерти во Кардиф, Велс; Манчестер, Англија; Лондон; Единбург, Шкотска; и во Даблин, Република Ирска.

Израел потврди дека вчера во Појасот Газа влегле 114 камиони со хуманитарна помош

 Израелското владино тело кое ја надгледува хуманитарната помош (COGAT) денеска соопшти дека 114 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа во неделата преку граничните премини Керем Шалом и Ерез.

COGAT објави на платформата X дека хуманитарната помош, транспортирана со 21 камион, била собрана од меѓународни организации во Газа, објави Ал Џезира.

Во Газа влегоа и осум цистерни со гориво и шест цистерни со гас за готвење, додека два танкера со гориво беа наменети за „хуманитарни цели во северна Газа“.

Хуманитарните експерти и групи веќе подолго време предупредуваат дека ограничената количина на помош што доаѓа во Газа не е доволно.

Пред почетокот на војната, во Појасот Газа секој ден влегуваа во просек по 500 камиони со помош и друга стока.

Минатата недела највисоките американски функционери го предупредија Израел дека американската влада може да биде принудена да ја прекине помошта за земјата доколку Израел не преземе „итна и постојана акција“ за да дозволи повеќе хуманитарна помош да стигне до Газа.

Активистите за човекови права и правни експерти во исто време ги повикаа САД да го почитуваат законот и веднаш да ја прекинат помошта за Израел.

„Тик-ток“: Отпуштениот приправник-саботер не предизвикал поголема штета

Компанијата „Бајтденс“ (ByteDance), фирма-сопственичка на социјалната мрежа „Тик-ток“ (TikTok), ги отфрли тврдењата дека отпуштениот приправник-саботер предизвикал штета од повеќе од 10 милиони долари со саботирање .

Компанијата „Бајтденс“ (ByteDance), фирма-сопственичка на социјалната мрежа „Тик-ток“ (TikTok), ги отфрли тврдењата дека отпуштениот приправник-саботер предизвикал штета од повеќе од 10 милиони долари со саботирање систем за учење со вештачка интелигенција составен од илјадници моќни графички процесори.

Кинеската компанија ги опиша како „неточни и со одредени претерувања“ гласините за степенот на штетата предизвикана од неименуваното лице. Имено, „Бајтденс“ поседува ВИ-модел наречен „Доубао“ (Doubao) сличен на „Чет-ГПТ“. Практикантот бил дел од тимот за реклами, но неговите активности не влијаеле негативно на комерцијалните интернет-операции, како ни на големите ВИ-модели.

„Бајтденс“ го отпушти приправникот во август, поради „злонамерно мешање“ во учењето на еден од нејзините ВИ-модели.

Потоа, компанијата ги информирала и универзитетските и индустриски тела, поврзани со таа личност, за инцидентот.

„Бајтденс“ контролира некои од најпопуларните апликации во светот, вклучително и „Тик-ток“ и неговиот еквивалент „Доујин“ (Douyin). Се смета за лидер во областа за развој на алгоритам, поради што неговите апликации се привлечни за корисниците. „Тик-ток“ вложува многу во технологијата за ВИ, којашто, меѓу другото, се користи за напојување на чет-ботот „Доубао“, како и за алатката за текст во видео наречена „Чименг“ (Jimeng) и други програми.

„Самсунг“ го претстави специјалниот модел на „Галакси Зед фолд-6“

„Самсунг“ (Samsung) официјално го претстави моделот од специјалната серија на својот паметен телефон „Галакси Зед фолд-6“ (Galaxy Z Fold6).

Дебелината на новиот уред е 10,6 мм, а тежи 236 грама. Тоа значи дека е 1,5 мм потенок и три грама полесен од стандардниот модел. Покрај сѐ тоа, новиот модел има и малку поголем надворешен и внатрешен екран, како и нов изглед на задната страна.

Стандардно има 16 ГБ РАМ-меморија, но и повеќе меморија за „Галакси АИ“ (Galaxy AI), а има и надградена камера од 200 мегапиксели.

За жал, моделот засега е достапен само за купувачите во матичната држава Јужна Кореја, каде што чини околу од 1.850 евра. Продажбата ќе почне в петок, на 25 октомври. Се чини дека следниот пазар ќе биде Кина.

притисни ентер